Лига на шампиони 2015/16

Статус
Затворена за нови мислења.

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Хаха,Вујо царе...:pos:
Пациенти му станаа Швабите,како си ги работи...:pusigo:
Не ја гледав утакмицата,ама сега кога го гледам резултатот,:shook: сигурно добиле солидни spank-арање...:sekcza:
Очекував добар меч на Загреб,ама вакво силување не...:vozbud:
Така ами како,пак нека не земаат бекови...:kuracc:
Кога Загреб имаше 5 и кусур милиони евра буџет не беше ни блиску до бод,камоли до победа против Кил,сега си ги шлака како сака и кога сака,и тоа со исклучиво домашен кадар:cuc:...:bravobe:
Што да гледаш бе,овој Кил е светлосни години од Ф4,нема ширина на бековска линија и тоа е.Ландин ко паднат од марс беше,после тоа грееше клупа,едино Данке изгази,мада на крај и он падна,каков зглоб има,кој потези ги вади:vozbud::cuc:.За разлика од нив децава на Вујо искинаа :vozbud:,Ивич дефинитивно може да биде новиот Шола(y).Ама миленикот твој Хорват ама му влезе на Тофт Хансен,па кај крив излага и прави со рацете демек дига атмосфера,се гледа дека Јурецки му е идол:pos::pos:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Ај некој збор темната,античка група...
Група Д
1)Елверум


По успешно поминатиот бараж против Алпла Хард пред една недела,успеаа да победат во премиерниот меч во групата..
И тоа на гости,против Швајцарскиот првак Шафхаузен..
Доказ дека имаат добар квалитет Норвежаните..
Главен играч е средниот бек Стефен Стегавик,кој беше најзаслужен за пласманот на тимот во ЛШ,постигнаа дури 11 гола против Алпла,а и на мечот со Шафхаузен беше доста ефикасен,даде 6 гола..
Исто така и левото крило Андре Линдбое е една од ударните игли во нападот,опасен стрелец,постигна 9 гола со Алпла и 6 гола со Шафхаузен...
Левиот бек Србинот,Лука Митровиќ прераснува во еден од носителите на играта,брилијантен со Шафхаузен,9 погодоци..
Се на се,опасна екипа,доста подвижна,со брза транзиција,и сериозни шутери од далечина..
Како тргнале во групата нема да ме зачуди да го освојат првото место во групата...

http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/001922/Elverum Handball Herrer
2)Металург

Шо да се искоментира за античките,навистина,неам коментар..
До минатата сезона ми беа пример за организиран клуб,за сериозна работа ,иако имаа негативни страни,но сепак личеа на една добро скоцкана ракометна средина,маркетиншки клубот беше на врвно ниво,успеаа да анимираат огромна маса на луѓе да навива за нив,полна сала на сите мечеви,пример за другите клубови.....
Екипа достојна за секоја почит,два пати со ред во ТОП 8,со спремен тим минатата сезона да оди чекор понатаму...
Но Мично не мислеше така...(одлучи да штеди)...:pos:
После хаваријата минатата сезона,се си еба матер...
20 и кусур играчи си заминаа од клубот,играчи кои и во други екии правеа иу сеуште прават ршум,Манасков и Липовина во Вецлар,Жути во Хановер,Борозан во Либек,Џомба во Тулуз итн..
И наместо да ја научат лекцијата,и да го искористат џокерот од ЕХФ и гратисот за уште една нова сезона во ЛШ и да се обидат да поправат нешто,Левче и Лино се тераат по старо,по ремонтот во зимата,повторно иста песна,грото се избркаа,дури и Ојлески и Митревски си заминаа..
Пак бркање на играчи,пак нова тура странци...
Шо понатаму?Со играчи како Мраковчиќ,Матиќ,Вуковиќ?Тотоално непотребен товар...
Единствено Јанко Божовиќ делува како вистинско засилување,се останато е со ист квалитет(дури и послаб)како оние на староседелците...
Единствено за поздравување е шо шанса ќе(или треба)да добијат Костески,Бојан Маџоски,Талески,доколку не ги седне Лино на клупа (и заборави таму) и да им држи лекции како згрешиле..
Кое лицемерие со пешевски,го држеше дечкото 5 години на клупа,изигра една полусезона лани,и одма капитен...:vozbud:
Кога сум кај изборникот...
На времето ми беше еден од омилените тренери,кога успеа од Хрватска да направи ракометно чудо,но по последните потези ланската и оваа сезона конечно си ги покажа вистинското лице..
Класичн лицемер,плачко,кукавица,самобендисан итн,секогаш некој друг е виновен,само тој не....
Посебно по смешните и детски изјави за неплатениот данок:facepalm:
Па уште и не признава дека грешел,и се надева на подобри времиња..
Ќе ја увиди за брзо реалноста,и до каде е со "неговата работа"...
Навистина штета за Македонски ракомет,да се растури една добра екипа на еден ваков начин,која цели 10 години вложи голема пара и успеа да уништи се шо градеше за само една сезона...
Ќе ја увидат за брзо грешката,посебно зошто му дадоа одврзани раце на стариот,да си прави бизниси со екипата....
3)Скјерн


Добра екипа,доста солидна,како тргнала работата со Колдинг ништо чудно да лапнат титула во Данска..
Го лапнаа Бјарте Мирхол на линијата...
Според мене ќе водат главен збор во групата и се кандидати за првите две места и пласман во 1/8 финале..
4)Мотор

За нијанса послаби од лани,но доволни силни за оваа група...
Заминаа Онафриенко,Скопинцев,Афлитулин,Острушко...
Дојде Шелменко од Медведи како големо засилување на десната бековска позиција...
Би требало да имаат солидна сезона и да се тука некаде,во комбинација за пласман во 1/8 финале,посебно ако ги повторат игрите од вториот дел од сезоната лани..
5)Баја Маре

Ново романско чудо..:kruna:
Како никнуваат овие проектите во Романија,секоја чест,секоја сезона нов дрим тим...
Иако Констанца беше шампион,овие од нигде никаде успеаа да да играат ЛШ,по банкротот на Констанца...
Имале доста кеш,и женската екипа има големи амбиции..
Ако е се во ред со изворот на пари би требало да имаат добра сезона,ако не банкрот...:pos:
Цела сурија странци во тимот.
Иван Карачич,братот на Игор од Вардар,Афлитулин и Острушко од Мотор,трио Унгарци,братот на Герге Иванчик од Веспрем,Татаи и Виловски,екс играчи на Веспрем..
Неколку екс играчи на Констанца...
Би требало да бидат опасна екипа...
6)Кадетен

Веќе на стартот заебаа работа,изгубија од солидниот Елеврум дома..
Можеби неочекувано,сепак се работи за доста силна екипа на Швајцарците и е големо изненадување поразот...
Имаат добри играчи,пред се Габор Часар и левото крило Линигер како лидери на тимот..
Од Гепинген дојде,добро познатиот голман Никола Мариновиќ(онај со наочарите за гнурење):icon_mrgr:...
Тука е уште еден добро познат играч на нашата јавност.десниот бек Александар Стојановиќ кој играше во Вардар и Металург на времето,доста долго е во Кадетен...
Добар состав имаат,доста швајцарски репрезентативци,можеби не се некој голем квалитет,со оглед на силината на селекцијата на Швајцарија,но сепак не се лоши,би требало да се вмешаат во борбата за првите две места во групата,иако Скандинавците според игрите би требало да се во преден план...
 
Член од
29 мај 2015
Мислења
3
Поени од реакции
1
dali ke se prenesuvaat natprevarite na makedonskite pretstavnici na nekoja od nasite nacionalni tv-ii?[DOUBLEPOST=1442668507][/DOUBLEPOST]blagodaram
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.495
Поени од реакции
4.058
Некој линк за ВИсла - Веспрем има? Лаола не даваат да гледаме :(
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Шема Родригез, шта си учинио? :pos:

Константна предност имаше Веспрем низ цел меч за да влезат у ненормална серија грешки и да им го начука Висла на крај. Повторно ќе бидат тврд орев дома, имаат одлична атмосфера. Класика пољачки хулигани. :D

Тотално непрепознатлива одбраната на маѓариве во поголемиот тек на мечот, дури и кога Миклер бранеше не беа претпазливи и допуштаа голови од втора шанса. И во нападот бековите не баш расположени, Нилсон доминираше единствено на линијата. Ортега како да станат на лева нога беше денес, тотално збунет и на тајмаутите. :вонзем:[DOUBLEPOST=1442678902][/DOUBLEPOST]Посмешна утакмица од Бешикташ - Целје неам глеано одамна. :pos:

Ај Турциве што се изгубени па и Целје со речиси целосниот словенски состав не знаат кај тераат сезонава.

На Бешикташ све им иде преку Прибак, али и он вклопен во индијанската игра, се изнаправи технички грешки и промаши зицери.
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Јес да е шпагета конструкција, Гаргамел фаца и многу одвратна појава, ама Гландорф си е алфа и омега во Фленс. Умот им го поремети преги на ПСЖ, влезови со лопата да ги ринеш низ Хансен, лудница партија. Страшно им фалеше лани и затоа беа толку коматозни овие. Во суштина си се останати исти, но со Лауге Шмит како нов среден бек и здрав Гландорф, би требало Фленс да има многу посериозни настапи сезонава ..


ПС - Ќе му чукне ли саатот некогаш на Егерт пуффффф !?!? :cuc:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Добро бе,овие мизериите МРТ немаат ниеден друг коментатор освен онај Видевски,аман више од него...:kuracc:
СЕХА тој коментира,Македонска лига тој,ЛШ тој,па пичка му матер...
Дали спикерот во салата рече нешто?-па научи француски ќе знајш дали рече нешто копук еден..:tapp:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Која фушерија штампа за бројки и имиња на дресовиве на Барса
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom