Лига на шампиони 2015/16

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Мочај ги Каталонците :aplauz:

Каква одбрана изиграа џерманциве, страшно нешто :cuc::cuc::cuc:
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Ова не му одговара на Вардар... Јес да е прво коло ама македонци сме мора математики уште од старт да правиме :D
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Rnl ke ima 3,4 potencijalni kiksovi,Pik seged,Vardar,Barsa,Monpelje,i plus nekoja doma so kje ja poserat
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.078
Ова не му одговара на Вардар... Јес да е прво коло ама македонци сме мора математики уште од старт да правиме :D
Зошто не му одговара на Вардар? Ако Барса и Киелце се реално појаки од Вардар тогаш добро е да губат бодови каде ќе стигнат. Ако сакаме чекор понапред од лани тогаш мора со нив да се бориме за врвот во групата иако со РНЛ и Сегед нема да биде помалку лесно.
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Нас ни одговара новава шема, колку и да е за никаде, :D ќе изиграат машки 14 утакмици со прејаки екипи и така се создава шампионски менталитет а не да не ни падне овој, да ни падне оној во група, плус ние како што сме баксузи и со старата шема истиве екипи ќе ги добиевме, само што ќе избегневме 2 екипи и 4 утакмици помалку. :icon_mrgr:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.219
Поени од реакции
35.822
Веспрем го избркале Ортега. Мислам дека ова им е голема грешка.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Очекувани резултатите во првото коло,со мали изненадувања како поразите на Кил,Киелце,Колдинг,па и на фаворизираните ПСЖ И БарсаБарса(мали затоа што Кил веќе стана редовен пациент на Вујо),Пик Сегед е многу силен состав кој на домашен терен може да го тепа било кој тим,Колдинг не е како на времето и се очекува дека ќе играат слабо на гостувањата,Фленсбург го искористи домашниот терен,премногу ќе беа 3 порази со ред на една таква екипа,а во дербито на колото РНЛ сосема заслужено тепа со Барса)...
Во лузерските групи,освен поразот на Кадетен сите други резултати се во рамките на очекувањата..
Ќе се задржам на поважните мечеви+мечевите на нашите екипи...
Загреб-Кил
Какво шлакање доби Гисласон во Загреб,Вујо кога мава-МАВА...:pos:
Ги уништи Загреб во поим и во одбрана,а посебно во напад..

Лекција по ракомет за скапите звезди на Кил...
Дувњак,освен тие два гола од полуконтра кога сам повлече не се ни виде,Кањелас бетер,очаен,Дисинџер,кој беше тој?:pos:...
Десните бекови,посебно Виун нешто подобри,но сепак премалку за да се добие Загреб,кој втора сезона по ред на класичен гермаски начин ги гази,кога најмалку очекуваат,во последната третина од мечот,ги сомлеа едноставно...за 20 ина минути од -2 до +7...:cuc:
И тоа со комплетно домашен кадар,уште поголема тежина добива победата..
Да не беше Руне Дамке поразот ќе беше сигурно над 10 разлика...
Браво за Загреб,само нека продолжат вака..
Фленсбург-ПСЖ
Лекција по ракомет за светците,едноставно ги пореметија,скоро 40 гола да примиш е понижување,чистење на паркетот....
Фалат уште нијанси за ПСЖ да ги опрадва милионите кои се вложени во тимот,сигурно уиграностане е проблем,зошто речиси 70% и кусур се знаат како дишат,и години газат во репрезентативниот ракомет.....
Едноставно со слаба одбрана,не се победува во ЛП.не е ова Француско првенство па да си тепаш лесно,или пак да губиш во прво па лесно да ја свртиш во второ..
Речиси сите гостувања во групата ќе бидат екстремно тешки,освен можеби Истанбул..
Нока треба сериозно да поработи на одбраната,зошто тешко ќе поминат на гостувањата,а и дома немаат некоја којзнае каква публика па да имаат предност,барем психичка пред останатите фаворити,пред се Веспрем,ако игра Кил како во четвртокот лесно ќе го решат..
Ќе видиме,има време,сепак прв меч беше,но Фленсбург покажа уште на старт дека има сила да се бори за самиот врв на табелата,само да ја зачуваат свежината од тие мечеви во лигата,тоа ги кочи Германските тимови,зошти речиси секој меч е тежок,пред се оние на гости,а посебно за Фленсбург,па ќе мора добро да ги распоредат силите...
Висла-Веспрем
Веспрем испушти веќе добиена победа во Плок,како на тацна им поклонија на Пољаците да лапнат бод..
Не памтам кога последен пат онака заебале во напад,на таков аматерски начин да ги изгубиш топките...
Висла цел меч бркаше,во подредена ситуација,секогаш беа блиску,ама никако не можеа да фатат приклучок..
Малку и Кадењас ги поремети со тие ротации,пред се зошто менуваше компплетно цели постави бекови,а некако не одеше најдобро на терен..
Посебно чкрипеше таа прва постава бекови,со Житников на среден и бавните и склони на технички грешки Куниц и Монторо..
Втората бековска линија,со Ракотеа и Зеленовиќ и пред се средниот бек Тарабокиа беше далеку поопасна...
Тие го вратија Плок во игра,посебно Тарабокиа со своите шутеви од трк,а одличен беше и Зеленоиќ,посебно откако влегоа во криза при крај на прво полувреме..
Одлични беа и пикерите Роча и Онето...
Виде доста мака одбраната на Веспрем со пикерите,имаше еден куп пенали и голови по блок на пикер....
Во напад,некако се мачеа Веспрем,Илиќ отсечен,без оној препознатлив ефект...
Доста технички грешки имаа,иако ја користеа секоја грешка на Висла и го одржуваа тоа водство нон-стоп,од 1-4 гола...
Но на крај подлегнаа,и можеби незаслужено Висла лапна бодче.иако за борбеноста заслужија,плус публиката многу им помогна во клучни моменти,тоа ти е тој домашен терен...
Веспрем влезе во криза,пораз и реми,од релативно далек послаби противнци,ете го избркале Ортега,според мене голема грешка,зошто човекот си ја бркаше доста сериозно работата,ама изгледа имаше некои проблеми,не ми се верува уште на старт на сезона да се решат да го бркаат,изгледа се чекаше само погоден момент...
Ќе видиме како ќе функционираат понатаму,за на домашен терен не би требало да имаат мака со никого,едноставно таму се непобедливи,за во гости ќе видиме,долга е сезоната...
:чда:
http://sportmedia.mk/rakomet/domashna-liga/chervar-prv-se-ponudi-i-vednash-dobi-korpa-od-vesprem
Се јави неплаќачот на данок,сакал да е тренер на Веспрем...:giggle::zver:
Каде бе момче таму?
Па таму онака да се однесуваш на терен,или да мавтач со рачето кон играчите има да ти ги скршат тие прстињата....

Која ситуација би била,ја грешат Шук,Терзиќ,Нилсон,Сулиќ и иди Черварчето и им се заканува со рачето,да се најди причината каде згрешиле...:pos:
Ќе го фрлат на најгорниот ред од трибините..
Не е ни чудо шо не успеал во ниту една силна екипа да е тренер,никој не трпи такво однесување....освен газда Минчо секако...
РНЛ-Барселона
Каков меч,одбраните камен,малку ме изненади РНЛ со одбраната,очекував дека е можно да го забават темпото,ама според меѓусебните дуели мислев дека повторно ќе одат со run@gun тактика,како на времето...:duel:
Ама овој пат Барса не прифати такво нешто, и тие салам стегнаа во одбрана,плус голманите беа во елемент и се виде како ќе одат работите..
Јасно беше од самиот старт дека мечот ќе е неизвесен до самиот крај,се виде одма,а некоја екипа заводеше,другата одма се враќаше...
На крај победи поспретната екипа,баш кога требаше најмногу Шариќ не успеа да ги фати тие удари на шмит,посебно онај од земја,тој удар мораше да го фати...
Сепак не е крив тој,15 одбрани имаше,одлично се поставуваше при ударите,се гледа дека е голман со тетратче :kafence:,и сериозно ги студира сите противници каде шутираат...
РНЛ уште од старт на Бундес Лига,еве и во ЛШ покажаа дека ќе бидат сосема друга екипа оваа сезона,далеку покомпкатно делуваат од лани,ама и лани беа вакви,го тепаа Веспрем,и после изгубија во Цеље,непредвидливи се многу,барем лани беа такви....
Околу Барса...
За нападот на Барса,од авион се гледа дека со заминувате на Карабатиќ ја изгубија убоитоста во нападот,ептен килави се,насила играат...
Не само на овој меч,и со Грањолерс во супер купот се изнамачија,со Фуше изгубија добиен меч,еве и сега...
Ќе имаат мака со екипи кои играат погруба одбрана,кои нема да дозволат лесни шутеви и кои ќе ги исфрлат бековите некаде на 10 метри...
Премногу се тромави-посебно Јиха и Копљар за игра еден на еден,нив им треба некој на тацна да им сервира топки..
Се остана на Кире и на двата средни бекови да решаваат,а тоа е премалку,посебно против таква зона на РНЛ и расположен голман...
Се мислам дека направија грешка со Јиха,настрана дека е одличен играч,ама можеби требаше да побараат некоја друга опција,помлад играч.и пред се побрзо,кој би ја задржал динамиката која ја имаа со Нико,вака на лев бек освен со Жалуз останаа со двајца слични играчи како Јиха и Рутенка,играчи кои се доста тромави и спори...
Ќе видиме,има време,ќе треба да се пробаат на уште неколку жешки терени,посебно во Скопје,па во Сегедин,Киелце нормално,во Скандинавија би требало да поминат полесно...
Пик Сегед-Киелце
Можеби за многумина е изненадување поразот на Пољаците,но не е..
Пик е една одлична екипа,која е уште повеќе засилена за разлика од лани..
Тиагуш Петруш даде уште еден позитивен белег во играта на Унгарците...
Бомбач изигра страшен меч,11 парчиња за играч кој повеќе асистира отколку шо егзекутира,ама вчера едноставо распали,пред се со своите влезови,немаа никаково решение за него...
Заслужена победа,речиси во цел меч водеа...
Сегедин ќе биде еден од најжешките терени во Европа,но не се само дома силни,знаат да играат и во гости,лани имаа само еден пораз во гости,токму од Киелце...
Киелце е истиот тим од лани,па знаеме шо да очекуваме од нив...
Можеби малку самоуверено влегоа,не очекуваа дека Пик Има таква пуцачка машинерија,31 гол примија,шо е доказ дека одбраната чкрипеле и тоа салам..
Но и во одбраната има доста измени,затоа што си заминаа двајцата најдорби дефанивци од минатата сезона,па сега ќе треба време да се ухода новата машина...
Како и да е,мислам дека Киелце ќе се бори за самиот врв на табелата......
И на крај за нашите Мохиканци...
Монпеље-Вардар


Раул се коцкаше на големо,одеше all-in со претурената постава во првиот дел,и чиста среќа за него што Штербик скина 10 ина топки во прво полувреме,грото чисти зицери,доколку не беше Штербик на голот со онаква игра и толку промашени и изгубени топки немаше да им бега голема негатива од најмалку 7,8 гола...
Ептен безидејно во напад,плашливо,без јасна цел шо со топката,посебно од бековите Деревен и Алекс,откко влезе Македа,и ги растресе Французите со своите камиказа соло пробиви малку живна играта..
Дибиров беше невиден камен во прво,очаен,дозволи да се испровоцира,шо и беше намерата на Жерар,сигурно и Канаје добро го простудирал табиетот на Дибиров....
Мораше тогаш Раул да го седни на клупа и да влези МанаскоФ,ама преголем кредит има Дибиров(шо би рекол Зоранче Видевски):pos:
И покрај толку грешки,и одбрани на Жерар,само 3 разлика во прво...
Кратката клупа,заморот и Штербик си го сторија своето и Монпеље немаше повеќе оружја во второ...
Друга игра на Вардар,одма се виде разликата помеѓу Карачиќ и Циндриќ,играта доби на темпо,на убоитост,на конкретност...
И одма се стопи предноста,за само 10 ина минути Вардар го реши Монпеље,со серија од 11-3,одамна една екипа не му чукнала 21 гол за едно полувреме на Монпеље...:bravobe:
Иако на крај ќе заебеа работа,сепак Деревен покажа зошто е талент,ако се окуражи и да добие простор за скок шут тешко дека има одбрана против него,дечкото има хаубица во раката....
И Канаје згреши шо го извади Жерар во клучните моменти,Сифер е класи под него...
Сепак спроед мене најдобар вчера,покрај Штербик секако,е Тоскиќ,по,по.значи стариот е класа над класите,пикер над пикерите..
Со 30 и кусур години,со онаа смешна висина шо ја има,да играш онака,да ги врѕиш централните дефанзивци од типот на Габер и Фабрегас околу себе како партали и со се топка да одиш во гол,ова малкумина пикери во светот го можат...
Плус во одбрана е можеби најдобриот и најборбен играч...
Стариот е машина невидена,пикериште,и навистина е штета шо таков пикер не напрај поголема кариера,играше години во Цеље,кога почнаа да паѓаат Словенците..
Исто така голема заслуга и за Македа,нинџата покажа како се игра на гости,без страв и респект,во ова се гледа разликата помеѓу "европски"играч и Балканец,да беа Балканци ќе се изгубеа,овие Западноевропјаните играат до крај,не се замараат за резултат,нема кај нив одмор,доказ е последната топка која ја закова во мрежата,да беше некој наш Балканец немаше ни да шутира на една секунда до крај,ама Македа ја акна со цел инает и дури им се смееше во фаца на Французите(изгледа има некои нерасчистени сметки од минатите сезони)....:pos:
Важна победа на Вардар,за самодоверба,иако Монпеље не е мерило за квалитетот на екипата,гостувањата во Сегед,Киелце,Манхајм,и Барселона ќе покажат која е вистинската сила на Вардар,со скандинавските екипи би требало полесно од Монпеље да поминат....
И за крај,античките...:facepalm:
Шо да се искоментира за овие?
Можеби поразот од "само"6 разлика е мала шминка,демек се држеле...
Мотор ако сакаше имаше ги размонтира со +10...
Иако и тие не се на ланското ниво,и според мене ќе бидат на дното на табелата,Елверум,Кадетен,посебно Скјерн ќе го видат орото во групата и токму со овие противници Металург ќе види до каде е вистински во моментот...
Но со ваква игра,без некои изградени акции,со грото индивидуални шутеви на бековите,без однапред припремен напад нема да се прослават...
Повеќето голови шо ги даде Металург,посебно во второ се одраз на лежерноста на одбраната на Мотор,и неколкуте брзи голови на крајот...
Со само еден вистински шутер во тимот,на кого му е дадена апсолутна слобода во играта тешко се игра во ЛШ...
Изостанаа вистинските акции,за пикер,кон крилата,тотално отсечени,речиси бескорисни.....
Одбраната,што беше најсилен адут на Металург сите овие сезони беше на ниво само во првите 15ина минути,потоа дозволи да се примат премногу лесни голови..
Да не беа одбраните на Дупјачанец и Вуовиќ кои скинаа доста зицери,сигурно бројката на примени голови ќе беше блиску до 40..
Од екипа како Мотор е навистина премногу да се примат и 30 парчиња....
Околу нашуте таленти,Талески и Кузмановски,многу слабо..
Посебно Талески,не знам шо е со дечкото,ама ептен очајно игра,посебно кога се закуца во голманот по контрата..
Кузмановски доби шанса на почеток на второ,згреши една топка и одма рикверц на клупа..:tapp:
Како можи со ваков третман да се создадат играчи?:tapp:
Кредитите на Мраковчиќ и Матиќ се сигурно поголеми...
Е па играчи не се прават така,јас навистина не знам како со ваква"работа"ќе се изделкаат децата?
Сите грешат,ете Псж имаше милион грешки во саботата,и тоа од играчи кои земаат огромни плати,а Лино сака млад играч со ниеден цел меч во било какво ЕХФ натпреварување зад себе да игра како Балиќ,каде бе така?
Или нека им даде подобра минутужа на децата,да добијат малку самодоверба,или нека не ги лажи сите,дека "создавал играчи"...:tapp:
Срамота е играчи како Мраковчиќ и Матиќ,кои се гледа дека освен шо знаат да ја бапнат без врска топката немаат некои други квалитети...
Сега ако не ја искористи Металург шансата за да ги искали децата не знам кога,јасно е дека немаат шанса за пласман понатаму,барем нека види ќар Македонија и да извадиме некое дете...
Ете Костески,Маџоски почнаа полека да фаќаат ритам,шо е добро и за поздравување,ама треба и бековите повеќе да се туркаат...крила за репката имаме,бекови немаме ни за лек...
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Svarno Kuzmanovski odkoga go napravi probivanjeto ne vleze u igra, a mene mi se svigja kako izgledase vo tie momenti, za razlika od Talevski iako bez iskustvo barem proba da napravi neso. A toa prackata samo podava, a veke treta sezona kako dobiva sansa vo ls, i mesto da im bide glaven vo igrata so bozovic on dozvoluva mesto da mu fakaat tie dvajcata srbi ili hrvati so se, koi ni prosek ne se vo evropski ramki, tretorazredni igraci.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Веспрем, Киелце и ПСЖ беа неочекувано поразените, другото така и се очекуваше. Што кажува дека сезонава очигледно нема изразити фаворити ко лани Веспрем и Барса. Многу поизрамнет квалитет што е всушност одлично и значи дека ќе следиме јака сезона.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Веспрем, Киелце и ПСЖ беа неочекувано поразените, другото така и се очекуваше. Што кажува дека сезонава очигледно нема изразити фаворити ко лани Веспрем и Барса. Многу поизрамнет квалитет што е всушност одлично и значи дека ќе следиме јака сезона.
Веспрем ремизираше, али како и да е имаа добијана утакмица, самити си се криви. Меѓутоа јас сепак мислам Веспрем лесно ќе го обезбеди првото место во групата.

ПСЖ и не е некоe изненадување, имаат слаба одбрана, а Фленсбург е премногу добра екипа, посебно дома. Изненадување е можеби толку убедливиот пораз.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
УВЕ ГЕНСХАЈМЕР НЕ ГО ПРОДОЛЖУВА ДОГОВОРОТ СО РНЛ!

Германското лево крило, Уве Генсхајмер, пред малку јавно соопшти дека нема да го продолжи договорот со Рајн Некар Ловен, екипата за која настапува и е капитен.

„Одлуката да не продолжам со РНЛ не беше лесна. Сите што ме познаваат знаат колку ми значи клубов, но по долг временски период исполнет со размислување, одлучив дека стигна моето време да ја променам средината.“, изјави Генсхајмер.

„Секако дека ова е тажен ден за нас, бидејќи Уве заминува како еден од најдобрите во светот на неговата позиција. Ние ја почитуваме неговата одлука да се проба во нова средина и да направи прогрес во својата кариера.“, изјави Јакобсен.

Шпекулациите во Германија велат дека Генсхајмер својата кариера ќе ја продолжи во ПСЖ.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Na koe mesto online idat utakmicive godinava? Ima na laola1 ?
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.761
Поени од реакции
20.472
Na koe mesto online idat utakmicive godinava? Ima na laola1 ?
Сите утакмици ги даваат на Лаола(и меч наколото :D), ако не ти ја пушта инсталирај Hola и намести држава Британија да не се замараш за друг пат
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom