Лига на шампиони 2015/16

Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Утре почнува вистинското,ракомет,:vozbud:нова сезона..:zloo:
Честа да ја кренат завесата ја имаат Скандинавците,шведскиот версус данскиот шампион,битката за Скандинавија..:icon_mrgr:
Ќе одам по групи,со мал коментар за екипите....
Почнуваме со првата група...
ГРУПА А(или групата на смртта)..:popce:
1.Кил-
Зебрите сезонава започнуваат една нова ера,без долгогодишната прва виолина во нападот,Чехот Филип Јиха,кој за рекордни 1 милион евра премина во европскиот шмапион Барселона...
Си замина уште еден топчија,Исланецот Арон Палмарсон,во супер тимот на Веспрем...
Си замина и Данскиот плеј Лауге Шмит...
Тројка бекови кои сериозно ја ослабеа ротацијата на надворешната линија на тимот
За многумина зачудувачки с еимињата кои треба да ги заменат Јиха и Палмарсон,посебно со оглед на буџетот на Кил,кој надминува 10 милиони евра...
Кристиан Дисинџер,некогашниот младински репрезентативец на Германија,голем талент на времето,играчот кој едно време се спомнуваше како можна опција за Вардар потпиша за Кил,но дали е вистински избор Кил?
Долго време отсуствуваше од повреди,комплетни две сезони,па голема е дилемата,што може да направи овај играч за тим како Кил?
Норвежанецот Мамелунд,е резервната опција на Кил,екс играчот на Фленсбург,Нордхорн,Монпеље и Хаслум...
Исто така интересна е одлуката на зебрите да ја сменат целата голманска постава,на местото на Стјорстранд и Паличка,дојде можеби најценетето голманско име од бундеслигата Никлас Ландин...
Интересна замена ќе има во долгокосиот Грк со Германски пасош Николас Катсиганис:vozbud:,кој имаше одлична сезона во Ерланген...
Останатите позиции се горе долу истите,посебно оние на линијата и крилата...
Што може овај Кил сезонава?,добро прашање..
Јасно е дека главниот товар ќе остане на Дувњак,Кањелас,и десните бекови Вујин и Вајнхолд,+ речиси се ќе зависи од формата на Ландин,можеби премалку за една екипа како Кил,посебно кога ќе треба да се соочат со супер моќните Барселона,Веспрем,Псж,еве веќе и во Бундел Лигата наидуваат на отпор,во тимовите на Фленсбург и РНЛ,кои конечно ја гледаат својата шанса да го приграбат тронот......
Комплетниот ростер на тимот за сезоната 2015/16..
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/002003/THW Kiel
2.Веспрем
Еден од најголемите фаворити за освојување на титулата сезонава..
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/001832/MKB-MVM Veszprém
Арон Палмарсон на среден бек,супер талентот Иван Слишковиќ како бек ап за Илиќ,можеби она шо недостасуваше минатата сезона..
Каква само екипа создаде Веспрем,ауууу....:shook:
Ол стар тим...:pos:
Супер моќен состав на Веспрем,останаа речиси сите важни играчи од минатата сезона кои дотуркаа до финалето на ЛШ,освен Руезга за кого веќе намеше место во тимот по доаѓањето на Палмарсон...
Се освен пласман на Ф4 завршницата е голем неуспех за тимот на Карлос Ортега...
3.ПСЖ
Дали конечно "играчката на пребогатите шеици":icon_lol:ќе го врати вложеното?
После неколку години разочарување и испаѓање во нокаут фазата,шеиците решија конечно наместо квантитет,да вложат во квалитет..
Започнаа од најважното,тренерот...
После одисејата(предолга)со под-просечниот Филип Гарден,увидоа(најпосле)дека им е потребен стар волк на клупата..
А Нока Сердарушич,творецот на супер моќната германска машина Кил би требало да е вистинскиот човек за таа улога...
Веднаш по неговото назначување,Нока побара од управата по секоја цена да се донесат браќата Карабатиќ,за помладиот Лука не беше никаков проблем,но за можеби најдобриот играч во последните 15 години се кршеа копјата,буквално половина лето...
Барса,не сакаше да се раздели од играчот кој беше најзаслужен за европската титула освоена минатата сезона,и сакаше по секоја цена да го задржи..
Но дури ни екипа како Барса не може да одолее на пребогатите шеици...
Кај шо буши парата ни бургија не буши..:pos:
Ненормална оштета од 2 милиони евра:shook: беше платена за предвремен раскин на договорот:eek:,против парата не се може..:icon_mrgr:
Псж конечно ја донесе речиси цела селекција на ЕКСПЕРТИТЕ,освен Гигу целата прва постава на Франција е во главниот град+Хансен на лев бек,која екипа ќе ја има ПСЖ сезонава..:vozbud:..
Па останува да видиме дали репрезентативниот ракомет е мерило за успехот и во клубскиот...
Од играчите кои се заминаа,да се спомене Копљар кој замина во Барса,а на негово место инендувачки дојде Украинецот Онафриенко од Мотор...
Ростерот на светците...
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/006499/Paris Saint-Germain Handball
4.Цеље Пивоварна Лашко
Доста убедливо ја освоија титулата во домашниот шампионат...
Остануваат редовен учесник во ЛШ,но за разлика од пред 10 години нивните улоги се епизодни,со повремени блесоци,кога знаеја да се изненадат дури и самите себеси победувајќи ги Кил,РНЛ итн..
Им заминаа Слишковиќ во Веспрем,првиот топчија од надворешните линии,десниот бек Миклавчич,но тука е сеуште младиот Миха Зарабец,кој минатата сезона беше вистинско откритие и вистиски лидер на тимот...
Костурот на тимот е речиси оној ланскиот-со Лука Жвијеѓ,Блаж Јанц на крилните позиции,високите Потеко и Благотиншек на линијата,Лесјак на голман,Ивиќ на десен бек...
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/001853/RK Celje Pivovarna Lasko
Би требало да имаат некоја победа во групата,посебно против Бешикташ,Висла,Загреб...
5.Висла Плок..
Вицешампионот на Полска е доста незгоден состав,тоа го покажаа и мината сезона кога го победија европскиот шампион Барселона,водеа со огромна разлика против Вардар,и не се снајдоа баш најдобро на реваншот во Скопје...:icon_mrgr:
На прв поглед тимот делува ослабено,без левиот бек Мариуж Јуркевиќ кој замина во Киелце,без Камил Ширпшак,горостастасниот пивот кој е во Барса...
Без овие двајца прашање е како ќе функционира тимот на харизматичниот и темпераментниот Маноло Кадењас:kruna:...:pos:
Костурот на тимот е речиси истиот,надополнет со високиот пивот, Онето,екс Барса,Веспрем, кој треба да биде замена за Шипршак..
Сепак Португалец Роча би требало да е прв избор на линијата,со оглед дека и минатата сезона беше еден од главните играчи,заедно со староседелците Монторо,Зеленовиќ,Ѓонеа,Никчевиќ,голманот Родриго Коралес,кои го понесоа главниот товар и мината сезона....
На бековските позиции освежување е Русинот Житников,од Чеховски Медведи,искучително корисен играч,кој може добро да покрие и на лев и на среден бек,добар техничар,добар шутер,добар потег на Пољаците...
Се на се,исклучително солидна екипа на Висла,надополнета со одличната публика која ја имаат би требало да е тврд орев за сите фаворити,посебно во Плок...
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/001847/Orlen Wisla Plock
6.Загреб или ППД Загреб:kuracc:..
Четата на Вујо,речиси непроменета од минатата сезона...
Освен заминувањето на првиот пикер Илија Брозовиќ,и Марио Вуглач,доста надежен десен бек кој замина кај Арапите,да се збогати..:pos:останатите се тука..
Интересна работа е шо играат исклучиво со Хрватски ракометари,што до пред некоја година беше незамисливо за големиот Загреб,кој беше страв и трепет во Европа,сигурно единствениот состав во цела ЛШ кој сезоната ќе ја турка само со домашен кадар:bravobe:,ракометниот Атлетик Билбао:pos:...
Составот е тој добро познат на сите,со капитенот Хорват во главна улога со брача Валчи-ќи:pijani::pos:,со новата гарда хрватски звезди како Степанчиќ,Мандалиниќ,со надежните Павловиќ и Шебетиќ како нивна замена,си замина Марио Вуглач,доста надежен играч..
На лев бек тука се Шандрк,209 см високиот суртук:icon_mrgr:,и се подобриот Сандро Обрановиќ....
Леви крила се Ловро Шпрем и Антонио Ковачевиќ..
Голманската постава остана непроменета,новата надеж на Хрватите Ивиќ,и вечната резерва Стевановиќ..:icon_mrgr:
Се на се ист состав од минатата сезона,кога Загреб беше големо изненадување,на домашен терен ги исплеска големите Кил,Псж,и за малку ќе ја скинеше и Барса....
На домашен терен имаат едно лице,на гости сосема друго,но би требало да пружат добри партии,барем со оние тимови со кои можат да се носат,како Цеље,Бешикташ,зошто да не и со Висла,а со останатите останува скапо да ја шитнат својата кожа..
Како и да е,Вујо би требало да извади максимум од својата екипа,како и секогаш....
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/match/2/001811/HC Prvo plinarsko drustvo Zagreb
7.Бешикташ
Османлиите,втора сезона по ред се во елитата,шо е добар успех за една неракометна земја,но сепак доста се вложува во тимот,и не се случајно тука...
Засилени со Немања Прибак,екс голманот на Металург и Војводина,Српскиот прв голман Коциќ,Дарко Ѓукиќ,екс десното крило на Металург,плус староседелците Иван Нинчевич,Предраг Дачевиќ,Давид Рашиќ би требало ако ништо друго да ископаат барем некој бод на домашен терен против ППД и Цеље...
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/001981/Besiktas Jimnastik Kulubu
8.Фленсбург
И за крај,големиот Фленсбург,кој стартува од последната позиција...:icon_mrgr:
За разлика од ППД,овде за лек не можиш Германец да најдиш...:pos:
Дури 17 странци се пријавени за ЛШ...:P
Составот претрпе мали измени од мината сезона,си заминаа двата леви бека,Ненадиќ и Кауфман,си замина Еѓипјанецот Ал Ахмар,за кого по враќањето од повредата на Гландорф веќе немаше место во тимот.....
На нивно место дојдоа Петар Ѓорѓиќ,од тимот на ХСВ,и Лауге Шмит од тимот на Фленсбург..
Млади играчи,со голем потенцијал..
Исто така бековската линија ја засили Французинот Кентин Мае,кој игра на позиција среден бек,но може да игра и на лево крило...
Од засилувањата вреди да се спомене името на помладиот од Тофт Хансен-ите:pos:,Хенрик ,со него Фленбург добива многу во двата правци,партнер за Тобиас Карлсон во одбраната и солиден играч на линијата,заедно со Захариесен и Јакоб Хајнл би требало да ја покријат дупката која остана по заминувањето на еден од најдобрите пивоти во историјата на Фленбург,Михаил Кнудсен...
И сезонава ударни игли во тимот ќе бидат крилата Ласе Сван,и Егерт,на голот незаменливиот Матиас Андерсен,на бековските позиции орото ќе го водат првиот топчија Холгер Гландорф,и диригентот на нападот Томас Могесен....
Со овај ростер Фленсбург е можеби број 1 фаворит за освојување на БундесЛигата,а во ЛШ ќе бидат сериозен противник за големата тројка,посебно во својата арена....
На клупата до крајот на деценија(неодамна го продолжи договорот) останува малиот генијалец,Љубомир Врањеш,тренер кој направи чуда со оваа екипа...
И за крај,ЛЕГИЈАТА НА СКАНДИНАВЦИ НА ФЛЕНСБУРГ,СО ПО НЕКОЈ БАЛКАНЕЦ КАКО ЗАЧИН...:pos:
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2013-14/clubs/001903/SG Flensburg-Handewitt
Ај доста е засега:eek:,малце одмор па одиме со група Б...:kafence:
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
ИДЕМЕ,ДАЉЕ,ЧУВЕЧЕ...:kafence:
Група Б(Група на Титаните):icon_mrgr:
Можеби оваа група е посилна од А групата,која само заради Кил,Псж и Веспрем е во преден план..
Но овде има далеку повеќе баланс помеѓу екиоите,нема "залутани индијанци"како Бешикташ,па и Загреб и Цеље..
Освен Кристианстад,сите други екипи навистина силни...
Одиме прво со шампионите...
1)Барселона

Се е исто САМО ЊЕГА НЕМА..:pos:
Најдобриот ракометар на Барса си го спакува куферчињата и за пуна торба долара(односно евра)замина во Париз...
Барса доби рекордни 2 милиони евра оштета,за ракомет ненормална сума која досега никој не ја платил...
Иначе Барса и пред тоа беше рекордер по трансферите,му платија на Сиудад Реал речиси 1 милион евра за Икер Ромеро,исто и за Штербик...
Го шитнаа Ласло Наџ во Веспрем за сериозна сума,продолжуваат со исто темпо и сега...
Шо после Карабатиќ?Дали има замена за таква машина?
Погледите се свртеа кон Кил,кон "пропаднатиот инвеститор"Филип Јиха(се мисли на финансиската ситуација на Чехот,кој се пожали дека направил неколку несериозни финансиски зделки и изгубил речиси се шо стекнал)...Којзнае дали е вистина?Можеби ги искоцкал парите,или ги искурвал...:цицки::pijani:
Самиот Јиха ги молеше челниците на Кил да го ослободат и да го спасат од банкрот,и по речиси месец и кусур :duel:конечно Јха потпиша 3 годишен договор со Барса за рекордна сума од 1 милион евра...
Којзнае дали е вистински потег?33 годишен играч.со неколу повреди зад себе,ќе видиме...
Како и да е,со Јиха се пополни ростерот..
Речиси се исто како ланската сезона,надополнето со двата џинови,210 см високиите-пикерот на Висла Камил Шипршак,и десниот бек на Псж марко Копљар,кои на своите позиции ќе имаат по двајца врвни ракомети како конкуренција...
Играчи кои уште повеќе ја зголемија ротацијата на Чави Пасквал...
Составот е добро познат,не треба многу да се филозофира,максимално покриен на сите позиции....
Сезонава се очекува поголема минутажа да добие Тунижанецот Ваел Џалуз,посебно пред "дедото"Рутенка...
Интересно е шо и другиот син на Талант Душебаев е пријавен за настап во ЛШ,и тој е бек,во случајот лев,си личат со Алекс а?:pos:
...
Барса останува прв фаворит за трофејот и оваа сезона,но ќе имаат поголема конкуренција,пред се зошто и противниците се сериозно засилени,а ќе имаат и тешка група во која ќе мора сериозно да се испотат доколку сакаат да немаат проблеми....
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/001816/FC Barcelona Lassa
2)Виве Киелце

Пољаците сезонава не купуваа нешто спекталурно...
Освен Мариуж Јуркевиќ кој ќе ја дополни колонијата репрезентивци во Киелце,нема некое ново позначајно име,беа доведени неколку помалку познати играчи од домашното првенство,изненадување е анганжманот на Црногорецот Бранко Вујовиќ на десен бек(овие Црногорците сите Вујовиќ се бе):pos:гарант Вујо ги има праено сите...:drk:...
Костурот на тимот е добро познат,речиси комплетната селекција на 3тата селекција на светот+Хрватите Шего,Бунтиќ и крилата Штрлек и Чупиќ...
Останатите исто така добро познати,пивотот Агинагалде,и стариот лисец,Словенецот Зорман...
Исклучително сериозна екипа,со уште посериозен стратег на клупата,лани стигнаа до Ф4 каде налетаа на непремостлива пречка,сезонава ќе се обидат да стигнат малку подалеку..
Имаат квалитет,посебно зошто се наближува ЕП во Полска,а костурот на Пољаците се очекува да го има максимумот на својата форма баш оваа полусезона....
Би требало да имаат добра сезона...
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/002055/KS Vive Tauron Kielce
3)Вардар:kuracc:

Никогаш посилен,никогаш поорганизиран,составот на Раул Гонзалес оди по трета среќа...
Пазареа доста паметно,без многу помпа и залетување во некои трансфер-стапици како Сергеј Рутенка и компанија..
Си донесоа млади перспективни играчи,кои веќе се докажани играчи...
Русинот Деревен,по блескавата сезона во Медведи има шанса да го демонстрира својот талент,разорен удар,добар скок,единствено да поработи на конституцијата и би требало да е полн погодок...
Заедно со Горбок,и по потреба Лацковиќ и Вилипче треба да се доволно за левата бековска позиција...
Замената за првата виолина на Вардар,дојде од кај комшиите,од античката(пардон темната страна)на градот,:icon_mrgr:Циндриќ,кој иако немаше играно официјален меч речиси цела сезона навистина на припремните мечеви покажа зошто е донесен,дечкото е голем потенцијал...
Малку подесно во бековската линија ќе игра,нинџата:pos:,Хорхе Македа,играч кој недостасуваше минатите сезони,посебно да ја зајакне најслабата позиција во одбраната...
Заедно со Алекс Душебеав треба да бидат добитна комбинација....
Н апивот дојде уште еден Антички пулен,Марсениќ,миленикот на Лино,и играч околу кого се кршеа копјата мината сезона,Металург плати 50К за да го донесе од Партизан,и не згреши,се чинеше дека пронајдоа пикер за наредните 10 години,но Минчо не мислеше така..:tapp:
И Вардар излезе добитник во целата оваа ситуација,на своите двајца пониски и поискусни пикери,безвременскиот Тоскиќ,и балерината-мече,гурманот и боемчина Столе:X3:го придодаде суртукот Мијајло:pipi:,одлично трио пикери,балансирано в крај-стариот,дебелиот и високиот..:masa:
И на крај,шлагерот на тортата...:pos:

Дејанчо МанаскоФ,убав тој на тато Пепи...:pos:(ист во сурато на Пепи):vozbud:
После блескавата полусезона во Германија,кога замина арабајтен и едноставно растури,реши да се врати во татковината,кај неговите "пријатели"Комитите....
После секој негов допир со топката се слуша УУУУУУУУУУУУУУ,добро сеа не од сите,ама од оние хард-кор Вардарци....:pos:
И шо му требаше на Дејанчо да се враќа?Си беше цар во Вецлар,си газеше,овде ќе му свират некои лоши деца и ќе биди замена за Дибиров..:pos:
Ама барем ќе си е дома...:icon_mrgr:
Настрана дека дечкото е одличен играч,за ова нема збор...
Сума сумарум,овој состав на Вардар би требало далеку да дотурка.зошто да не и до Ф4,доколку ги избегнат Барса,Псж,Веспрем па и Килеце,со сите други можат и тоа како да играат и да доминираат....
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/001918/HC Vardar
4)Колдинг


Тимот на старците:D
За разлика од минатите сезони се доста ослабени,но горе долу го држат истиот состав..
Старите кучиња голманите Хвит и Клеверли,Бо Спелеберг,дечкото шо не старее
(сигурно пие некој еликсир на младоста) :pos:.,фајтерот Јоргенсен,Торстен Лаен,Ласе Боесен+странците Констатин Игропуло на десен кој треба да го замени Ким Андерсон,средниот бек на шведската селекција Карлсон,пикерот Сирил од Франција..
Горе долу екипа староседелци,од која с еочекува дома да е сериозен тим за сите противници,но екипа која има доста падови,пред се затоа шо се сите геријатрија...:pos:
Тоа им се случува години наназад.ќе изиграат неколку добри мечеви и ќе тепаа со некои јаки екипи,потоа ќе изгубат од некои анонимуси...:pos:
Но сепак се многу сериозна екипа,сепак Скандинавците се доктори по ракомет,кај нив нема милост,ја играат истата игра без разлика дали водат 10 или губат со 10...
Секоја екипа што ќе ги потцени,или прецени ќе се покае...
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/001884/KIF Kolding Kobenhavn
5)Пик Сегед


Лани стигнаа до 1/4 финалето,го победија Кил на првиот меч,но во реваншот потклекнаа...
Интересна екипа,микс на Балканци(Унгарци,Срби,Босанец,Словенец,Хрват):masa:,Шпанци,Бразилец:icon_mrgr:,Тиагуш Петруш од Ла Риоха кој летово дојде како засилување за одбраната,староседелецот Јонас Калман,вториот голман Вишнемерски од Полска...
Од секаде ги има...:cool:
Добра екипа,навистина,го задржаа костурот на тимот,домашните играчи,десниот бек Габор Анчин,левиот Иљеш,пикерот Зубај,најдобриот стрелец од минатата сезона Балог,+странците Бомбаш на среден,лидерот на тимот,шпанската армада,голманот Сиера,десното крило Гарсија Парондо,средниот бек Миндегиа...
На десно крило тука е Србинот Рајко Продановиќ,екс Вардар,лево крило уште еден добро познат играч,Марко Чурувија,екс Металург....
За одбрана тука се Блажевиќ и Врањеш.касапите:icon_mrgr: во екипата...
Доста избалансирана екипа,многу опасна,од година во година одат само нагоре,пред 2 сезони го освоија ЕХФ купот,мината стигнаа до 1/4 финале на ЛШ,доста сериозно се вложува...
Би требало да имаат успех во групата...
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/001954/MOL-Pick Szeged
6)Рајн Некар Ловен

По ланската лузерска сезона,кога речиси беа на дофат на Бундес Лигата,и испаѓањето уште во 1/8 финалето од Пик Сегед,сезонава РНЛ очекува за нијанса подобри резултати....
Екипата е гое-долу истата од лани,со измени на голманската линија,замина првата звезда Никлас Ландин во најголемиот конкурент Кил,но сепак по првите неколку кола од Бундес Лигата како да не се чувствува воопшто отсуството на Данецот...
Швеѓанецот Михаел Апелгрин и уште еден екс антички херој,Дарко Станиќ се повеќе од достојна замена за Ландин..
По првите неколку кола одбраната на РНЛ едноставно беше непробојна,и тоа против еден Магдебруг во гости,на домашен терен со доста солидната екипа на Гепинген кога примија само 14 гола,и на гостувањето во Либек,моментално РНЛ елидер во Бундеслигата..
Вреди да се спомене дека на местото на еден од најдобрите последните неколку сезони во РНЛ,пикерот Бјарте Мирхол кој замина во Скјерн, дојде замената за Агинагагалде во Шпанската селекција,пикерот Рафаел Баена,130 кила,бабачко
,пу,пу машала...:X3:
Од досега прикажаното,се покажа како големо засилување,можеби она шо им требаше е токму Баена..
Остатокот од тимот е оној стариот,добро познат..
На крилните позиции орото ќе го водат звездите на Швабите-Уве Геншајмер и Патрик Грецки..
На бековските позиции,повтороно оние истите,Ким Егдал Ду Риц на лев енк,како негова алтернатива Данецот со Ѓупски корени:pipi:Менсах Ларсен,организитор на играта е добро познатиот Швајцарец Енди Шмит,на десен бек Александар Петерсен,и големиот норвешки талент Харалд Реинкинд..
Во одбраната честа да биди најголем фајтер ќе ја има Шпанецот, Гедеон Гвардиола,а по потреба ќе го менува Баена на линијата..
Се на се,добро скоцкана екипа на тренерот Николај Јакобсен...
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/011148/Rhein-Neckar Löwen
Веќе на отворањето ќе ги видиме од шо се напраени,и колку вредат,играат со Барса,а ќе им судат нашите судии синот на Драганче Начевски,.Ѓорги:pos:,и Славе Николов....
7)Кристианстад...

Оние што го следеа турнирот на Вардар можеа да видат за шо екипа се работи...
Класична скандинавска екипа,со мала разлика во споредба со Данците играат побавен ракомет...
Доста висока екипа,играат добра одбрана,екипата е составена од претежно млади ракометари,90+годиште..
Најпознат играч,секако Иранецот Џамали кој од Веспрем премина во таборот на шведскиот шампион...
Одличен шутер,и скокач,да не беа повредите можеби сеуште ќе играше во Веспрем...
Тренер легендата на шведскиот ракомет,Ола Линдгрен...
Најверојатно нема да се прослават,со оглед на тежината на групата,но би требало на домашен терен да бидат тврд орев....
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/017614/IFK Kristianstad
8)Монпеље

И на крај,можеби најголемите лузери мината сезона..
Речиси цела сезона беа на првото место во француската лига,и на крај се сопнаа,кога најмалку требаше...
Сезонава останаа без една од легендите на клубот,пивотот Исам Теж,кој замина во Катар..
Засилувањата по малку анонимини,од егозтични земји како Тунис,Португалија,Иран....:icon_mrgr:
Португалецот Коста кој дојде од Бенфика, ќе се обиде да го замени големиот Теж..
Тунижанецот Тоуми од Нант ќе ја засили десно крилната позиција..
Иранецот Естеки,кој не нополни со голови на СП во Катар.:D
Како најголемо засилување се смета можеби најдобриот голман во Француското првенство изминатите неколку сезони,голманот на Данкерк Винсент Жерар,како негова замена староседелецот Сифер.....
Си замина Хрватскиот ветеран,Венио Лосерт кој не се прослави многу,му помина и него времето...
Останатиот дел од тимот стандарден веќе подолго време..
Лидер на тимот е големиот Мишел Гигу,тука е левиот бек Гребил,кој доживеа повреда и ќе пропушти дел од сезоната...
Еден од најважните играчи е Диего Симоне,Аргентинецот со шпански пасош.од него многу работи ќе зависат...
Словенската петорка е важен дел од тимот,посебно ова важи за првиот стрелец Драган Гајиќ,десните бекови Јуре Доленец и Вид Кавтичник,левиот бек Борут Мачковшек,и пивотот Матеј Габер...
Не се како порано,тоа е очигледно,но се исклучитено опасна екипа која може да одигра на високо ниво со секој противник..
Би требало да бидат во некоја комбинација за пролаз понатаму,се ќе зависи од настапите на домашен терен,доколку супеат да изненадат некој од фаворите....
Истото и за нив како и за РНЛ,ќе ги видиме веќе во недела,колку се добри,против Вардар....
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/clubs/001824/Montpellier HB

Можеби најинтересната група,речиси секој меч(освен оние на Швеѓаните)е доста интересен и ќе понуди возбуда...

АЈ доста е засега...:icon_mrgr:леле,абе шупраам ја бе чувече,сто сааати еден пост пишуем бе,шу ми е на мене ма?...:facepalm:
Дефинитивно време е да посетам психијатар...:eek:

Следуваат уште лузерските групи,за нив не треба големи воведи...:pos:
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Ах Томас тој стано шо го лапна шо прај, професија ти стана сеа дупло подолги анализи ќе ни овозможиш :LOL:
Нема лабаво,од ко се обезбедив станбено почнав и слики да вметнувам во постојте...
П.С.
Кристианстад ја сефтоса новата сезона со победа над дедовците на Колидинг,аирлија да е...
Салам ги ишлапале....
http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/match/2/059/IFK+Kristianstad+-+KIF+Kolding+Kobenhavn
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
И Житников си отишол гледам од Медведи така да катастрофа тешка ќе бидат сезонава.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Остануваат уште групата на лузерите,отпишаните,или лигата на "ОТЕПАНИТЕ"(се мисли финансиски)....:гик:и групата на античките(за нив и нивната група подетално утре)...:)
Група Ц...
1)Ла Риоха...


Речиси истиот состав како минатата сезона,можеби за нијанса послаби,со оглед дека си заминаа левото крило Хуанин Гарсија,и столбот во одбраната Тиагуш Петруш,и секако нашиот Ацо Јоноски...:ROFLMAO:
Главните играчи остануваат истите,крилата Фернадез и далеку попознатиот Рокас Гомас,доста сериозна замена Рокас ќе има Педро Родригез кој минатата сезона имаше 43 постигнати гола во ЛШ...
Братот на пивотот Агинагалде е на голот,исто така и пикерот Рубио Гарсија е играч кој вреди да се спомени,играч кој минатата сезона имаше серија добри партии,како негова замена беше доведен 208 см високиот Санчо Вал кој дојде од тимот на Арагон.....
Во надворешната линија главната улога на егзекутор ја Швеѓанецот Филип Стенмалм,висок играч со разорен шут..
На десната бековска позиција новитет е Кристиан Малмагро,кој на времето важеше за голема звезда на Шпанскиот ракомет,играч кој по неколку годишна апстиненција повторно се враќа на евро-сцената......
Оваа позиција е можеби најдефицитарна кај шпанците и веќе почнаа да кружат шпекулации дека се интересираат за Јанко Божовиќ,играчот на Металург...
На плеј исто како минатата сезона ќе се менуваат Виго Герпе и Качеда Гонзалес...
Во одбраната главната улога ќе ја има ветеранот Рубен Гарабаја,долгогодишен воин на ракометните терени...
Се на се,би требало да имаат добар пласман во групата,со оглед на силината на екипите,за повеќе ќе видиме...
2)Мешков Брест

Добро позната екипа на нашата јавност,од настапите во СЕХА лигата,пред само неполна недела имавме можност да ги видиме во живо,во Струмица каде го размонтираа домашниот тим со 20 и кусур разлика...
Сериозно засилени сезонава,со нов тренер на клупата,во името на Сергеј Бебешко,селекторот на Белорусија,со ол-раунд бекот Павел Атман,и високот Латвиец Даинис Кристопанс,кој по речиси цела декада конечно го напушти Прешов и замина во подобра средина...
Овие двајца играчи би требало да го неутрализираат заминувањето на двајца првотимци од минатата сезона,Словенецот Давиш Шпилер кој беше буквално избркан од клубот(по повредата заради која мораше долго да паузира)и десниот бек Божовиќ кој замина во Металург...
Исто така ново име е десното крило Александар Барабаш Тиумненвец од Шпанија:pos:(абе да си ебите векот со овие натурализациите,не можи чоек да ве прочита како се викате):eek:..
Останатиот дел од составот е добро познат од минатата сезона..
На голот Хрватот Пешиќ,и Виталиј Чарапенка...
На крилните позиции-Хрватот Љубо Вукиќ(со најјаката фризура на светот)и Словенецот Разгор ќе ја покриваат левата страна,десно ќе бидат помалиот од Рутенките:icon_mrgr:,Џианис,или по наше ЏЕНГИС...:Dи погоре спомнатиот Барабаш...
На линијата Максим Бабичев,и секако првата опција Србинот Растко Стојковиќ,за кого едно време се шпекулираше дека ќе оди во Металург,но и тој виде дека Минчо не дава повеќе пари и си реши да не се заебава и да си остани на сигурно...
На линијата е уште Вјачеслав Шумак,сериозен тепач кој повеќе ќе игра во одбраната...
На бековските позиции,покрај Атман и Кристопанс,тука се десниот бек Сергеј Шиловиќ,Србинот Никола Манојловиќ на лев,кој минатата сезона буквално растури,откако имаше исклучиво дефанзивни задачи сезона претходно во РНЛ..
Замена за Манојловиќ е Камишик,не е лош играч,ама со мал капацитет на мозокот..:icon_mrgr:со еден збор одлична замена..:D
Димитри Николенкау,уште еден репрезентативец на Белорусија е сериозен играч во надворешната линија,одличен шутер,со голем репертоар на удари,заедно со Атман ќе бидат ударна сила во средината..
Се на се,добра екипа,со супер моќен спонзор, ништо чудно да завршат на првата позиција на крајот,имаат квалитет сигурно за ова...
3)Медведите


Од година во година се послаби и послаби,едноставно парите си го прават своето,и не можат да ги зачуваат своите најдобри играчи..
Останаа без ударните игли во нападот од минатата сезона,без комплетната постава бекови од репрезентативен калибар,,носителите на играта,левиот бек Деревен,и средниот бек Житников,и десниот бек Шелменко...
Од попознатите засилува вреди да се спомене враќањето на левото крило Олег Скопонцев,кој лани играше во Мотор...
Од видните играчи кои останаа од мината сезона,тука се средниот бек Кирил Котов,голманот Олег Грамс,можеби најдобриот играч на тимот,десното крило Димитри Ковалев,и пивотот Александар Черноиванов...
Можеби премалку за да направат нешто посериозно во групата,но сепак не смее да се потценат,на турнирот на Вардар не беа воопшто лоши,и секоја екипа која ќе ги потецни скапо ќе помини...
А со оглед на "силината"на групата нема да е изненадување Русите да имаат солидна бодовна залиха..
Сепак.тренерот Владимир Максимов не е од вчера во ракометот,години наназад создава играчи,играчи кои денес играат во далеку посилни екипи,но сепак Руска школа си е руска школа,тие го измислија ракометот според многумина,иако последните години доста заостанаа,сепак има доста млади деца кои можат да изненадат...
4)Порто

Овие се ИНДИЈАНЦИ...:duel:

Можат секого да победат,и можат да изгубат од далеку послаби екипи...
Класична домашна екипа,но сепак доста се напреднати од времето кога играа во бараж групи со Металург...
Прв играч е Дуарте,на ремето со десниот бек Спинола беа опасен тандем,вистински легенди на клубот,Спинола сега игра во Спортинг..
Алтернатива на лев бек,и Михал Касал,207 см високиот Чех,кој по неуспешната сезона во Цеље ќе бара поголема минутажа во португалија...
Исклучително подвижна екипа,брзи играчи,со нетипични ракометни потези,повеќе одбојкарски,не треба да чуди,повеќето се Црнци...:ROFLMAO:
Би требало да бидат сериозна екипа на домашен терен,и многу тешко ќе се освојуваат бодови во салата Драгао(исто како стадионот се вика):icon_mrgr:,не треба да чуди,зошто исто како во Шпанија(случајот со Барса)и во Португалија ракометните екипи зависат од фудбалот,ако има пари за фудбалот ќе има некоја банка и за ракометот...
5)Војводина

По долгодишната доминација на Партизан,тронот го превзеде Војводина..
И за многу брзо време дочекаа да играат во ЛШ..(додуша ако не беше реформатирањето на системот на натпреварување ни ќе играа ни ништо):icon_mrgr:
Просечна екипа,нешто на рангот на Струмица,Металург од нашиот шампионат..
Не ми се верува да се прослават многу..
Останаа без првиот голман Коциќ,си замина и Урош Елезовиќ,првиот шутер во екипата...
Исто така си замина и стандардниот пивот Вук Лазовиќ,екс Вардар(иначе кој шо гледа Породично Благо на Алфа,Вук Лазовиќ е син на познатиот актер Данило Лазовиќ кој го играше Черчил во серијата):pos:
Од засилувањата најпознато делува екс играчот на Вардар Алексеј Растворчев...
Собраа доста квалитетни млади играчи од цела Србија,но колку се квалитетни за европски мечеви ќе видиме,барем на домашен терен би требало да пружат отпор..
6)Татран Прешов

Уште едно познато име од СЕХА лигата..
И овие ги видовме неодамна на МРТ,со коментар на Зоки Видевски...:pos:
Словаците години вложуваат во ракометот,долго време доминираат во Словачкото првенство...
Микс на источно европски играчи,претежно Чеси и Словаци,по некој Украинец,Русин,и два Хрвати и Словенец..
По заминувањето на Кристопанс во Мешков,негова замена треба да биде уште еден суртук,207 см високиот Хрват Иван Ивкович,за кого немаше место во ППД...
На голот засилување е Владимир Божиќ,од Мешков...
Нова аквизиции се и голманот Игор Чиприна од Украинам,и Русинот Алексеј Пешков,кој игра на позиција на лев бек ..
Како лидери на тимот се истакнуваат,долгодишните првотимци,левото крило Јакуб Хрстка,пивотот Михал Копчо,неговата замена е Андреј Петро,двометраш и речиси 130 кила,:X3:средниот бек Словенецот Васја Фурлан..
Импознантно делува податокот што грото од екипата долги сезони игра заедно,речиси во непроменет состав,и тоа е нивната најголема сила,уиграноста во тимот на главните играчи...
Би требало да имаат добра сезона,групата им е по мерка....
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Еве на кратко прогнози од мене за оваа сезона:

група А:
1. Веспрем
2. ПСЖ
3. Кил
4. Фленсбург
5. Загреб
6. Целје
--------------------
7. Висла Плок
8. Бешикташ

коментар: Фаворитите би требало без проблеми да бидат на првите позиции но може да има голема и изедначена борба за првото место кое води директно во четвртфинале. Висла сезонава е ослабена и мислам дека ќе го дружи Бешикташ на дното.

група Б:
1. Барселона
2. Вардар
3. Киелце
4. РНЛ
5. Пик Сегед
6. Колдинг
--------------------
7. Монпелје
8. Кристијанштад

коментар: Според мене Б е доста подлабока група од А. Голема битка ќе се бие за тие топ 6 места. Се е можно иако Кристијанштад е главен фаворит за фенерот. Од друга страна Барселона полесно од очекувањата ќе биде прва. Вардар мислам дека може да излезе подобар од Киелце и РНЛ, но тоа е далеку од сигурно.

група Ц:

1. Мешков Брест
2. Порто
--------------------
3. Натурхаус Ла Риоха
4. Татран Прешов
5. Чеховски Медведи
6. Војводина

коментар: Изедначена група во која според мене Мешков Брест е апсолутен фаворит за првото место, а Војводина за дното. Од 2ро до 5то се е можно. 2 ќе биде оној кој ќе го добие Мешков дома и Војводина во гости.

група Д:
1. Скјерн
2. Кадетен Шафхаузен
--------------------
3. Баја Маре
4. Мотор Запорожје
5. Металург
6. Елверум

коментар: Слично како и Ц и овде има еден изразит фаворит (Скјерн) а надолу многу варијанти се можни. Мислам дека Металург и Елверум ќе се издвојат на дното, а меѓу Кадетен, Баја Маре и Мотор ќе одлучуваат нијанси. Веројатно оној кој ќе победи во Скопје и Норвешка ќе биде во пол позиција за второто место.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Каква одбрана игра Загреб против Кил. :aplauz:

Дувњак и Канељас по 1 гол само.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Многу послаб е Кил за разлика од лани. Си замина Палмарсон, Јиха и Лауге, сите тројца централни бекови, a не беше донесена ниту една соодветна замена. Нема кој да разигра, Дувњак не е баш таков тип на играл, Канељас премногу спор.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Хаха,Вујо царе...:pos:
Пациенти му станаа Швабите,како си ги работи...:pusigo:
Не ја гледав утакмицата,ама сега кога го гледам резултатот,:shook: сигурно добиле солидни spank-арање...:sekcza:
Очекував добар меч на Загреб,ама вакво силување не...:vozbud:
Така ами како,пак нека не земаат бекови...:kuracc:
Кога Загреб имаше 5 и кусур милиони евра буџет не беше ни блиску до бод,камоли до победа против Кил,сега си ги шлака како сака и кога сака,и тоа со исклучиво домашен кадар:cuc:...:bravobe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom