Овие фаворити? Металург им прај проблеми без некој јак шутер бек. Не викам дека не можат до фајнл фор, ама ако не им се погоди ждрепката пак ќе го сиснат. Кил и Вешпрем ФТВ.
Металург не е наивна екипа, изгледа плачот на Лино нешто ве збунил
Како прво Металург ги задржа СИТЕ БИТНИ играчи од лани,со истиот тим игра подолго време и под истиот тренер и донесе 10 пати поквалитетни играчи од тие кои ги избрка, а кои имаа иста улога колку и јас што сум имал во тимот (никаква
). Барем за класа се подобри од лани.
Металург на домашен терен ретко кој може да го победи, а и општо во Македонија ретко кој би се радувал и против Вардар и против Металург иако и двата тима не се во најаките во Европа.
Да играше Вугринец сигурно ќе играа уште подобро, 50% од екипата им е
Металург лани немаше ниту крила (немаа сила по цел меч да играат пошто немаа резерви), а немаа ни пикер, позиција на која сега се каде-каде појаки. На секоја позиција имаат по двајца квалитетни играчи.
Не само ПСЖ, било кој би се мачел со Металург во Скопје, така да ако тепа ПСЖ денес, за мене тоа би значело дека многу напреднале од лани и ги ставам како кандидати за Ф4.