Лига на шампиони 2014/2015

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Тежок тежок натпревар го очекува Металург. После двата неуспеси во Скопје минатата сезона, ПСЖ сигурно ќе биде супер мотивиран за успех. Реално не знам што да очекувам вечер. Вугринец нема да игра и тоа е голем удар за Металург (под претпоставка дека староста не го стигнала). Станиќ којзнае во каква форма е. Младите сезонава се на моменти фантастични, на моменти изгубени (што е и нормално за млади играчи). Од друга страна ПСЖ е појак од минатата сезона (пред се на голманската позиција која им беше слабост), но и оваа сезона не се стабилни каков што би требало да е тим од врвна класа за што се стреми ПСЖ (веќе изгубија меч во домашното првенство). И тие којзнае како ќе одиграат, може да газат, може да делуваат неорганизирано и да му ја отворат вратата на Металург за добар резултат.

Мојата прогноза е дека голманите ќе го решат натпреварот, а тука во моментов му давам предност на Омејер во однос на Станиќ (Омејер не е оној истиот од на времето, ама сеуште е класа, а Станиќ нема ни минута играно сезонава досега).

Се на се шанси за позитивен резултат има, ама јас искрено не сум оптимист.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Небо и земја ќе е ланскиот натпревар со овој денешниот, мислам дека ПСЖ не би требало да има посериозни проблеми да го совлада овој моментален состав на Металург, без Вугринец, со Мојсо Ван Форма, истото е и кај Миркуловски, со Станиќ без ниту еден меч во оваа сезона, тешко дека нешто повеќе може да направат децата на овој меч..
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.242
Поени од реакции
8.312
Ги гледам Колдинг со Фленсбург и правам споредба, ми се чини Ким Андерсон дури и подолго отсуствуваше од Наумче а состојбата во која што се враќаат не се ни споредува.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ги гледам Колдинг со Фленсбург и правам споредба, ми се чини Ким Андерсон дури и подолго отсуствуваше од Наумче а состојбата во која што се враќаат не се ни споредува.
само што рехабилитацијата како поим поинаку се сфаќа кај македонски и било кој небалкански спортист :D
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Не само тоа, и ракометот што го играат другите екипи делува многу моќен на спрема нашиот т.е на нашите екипи, ја не знам колку треба време да помине за да научиме брз центар да одиграме..а камо ли нешто по модерно.
Брз динамичен ракомет, милина да ти е да гледаш.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Отсуството на Номче ќе се осети само при ротација пошто Циндриќ игра у дупло појака форма од таа на Мојсоски лани. Многу специфичен играч, набиен ко тенк а брз ко да има упола килажа, што го прави ем цврст у дуел ем тежок за предвидување.

Станиќ и пет години да не бранел, ако се збудали пак ќе има близу 20 одбрани.

Не се мали шансите на Металург. Финтата е ако му тргне на ПСЖ џабе им се и Мојсо и Станиќ и Вугринец на Металург, ама кај ПСЖ тоа е големо АКО особено што останаа со тренерот со кој играа(т) никаква игра. Значајната разлика е Омејер и од него најмногу ќе зависи.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Ги гледам Колдинг со Фленсбург и правам споредба, ми се чини Ким Андерсон дури и подолго отсуствуваше од Наумче а состојбата во која што се враќаат не се ни споредува.
Што се случува бе на утакмицава, 12 разлика за Колдинг :вонзем:?
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.242
Поени од реакции
8.312
Што се случува бе на утакмицава, 12 разлика за Колдинг :вонзем:?
Наметнаа скандинавска игра Колдинг, и слабо одговорија на тоа Фленс и покрај толкуте скандинавци во екипа. Башка што Андерсен скоро ништо не фати :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.943
Што се случува бе на утакмицава, 12 разлика за Колдинг :вонзем:?
Бековската линија на Колдинг умот им го сврте на швабите, а и судиите им даваа малце ветар во грб. Спелерберг нерешива енигма, страшен меч одигра :cuc:, и едно младо дете Ласе Андерсен ги плескаше и напред и назад. Плус и Хвит беше добар, фати доста топки.
Кај Фленс тотален контраст - бековите изгубени, само Могесен пробуваше нешто. Крилата стандард, Егерт и Сван дадоа 10ина гола комбајнд, ама премалку беше тоа за таков Колдинг. Кога ќе им влезе и Ким во полна на форма, ќе бидат заебани овие. Еден меч не е мерило, ама играта им делува помоќна и постабилна од лани.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Која е причината што Станиќ досега не бранеше ?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.992
Која е причината што Станиќ досега не бранеше ?
Мислам пошто Металург не се премногу сериозни за СЕХА лигата и решаваат да им дадат шанса на младите играчи за да се спремаат за иднината, па ваљда затоа не бранеше до сега Станиќ.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Де бе овие од ЕХФ све утнаа со стартните состави да им ебам племето.

Лино како Кастратовиќ, со 3 деснораки бекови.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom