Лига на шампиони 2014/2015

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819



На неполна недела до почетокот на новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите, убаво е да се отвори нова тема, каде ќе се коментира за истата.​



По успешната сезона на Македонските ракометни клубови минатата сезона, оваа година во Лигата на шампионите имаме два директно пласирани тимови, Металург како шампион директно се пласираше во групната фаза, која по автоматизам ја добива како шампион на Македонија, а потоа Вардар доби исто така директно место во фазата по групи, земајќи го во предвид и ланскиот пласман во 1/4 финалето, каде неколку секунди го делеа од Фајнл 4 во Келн, но поуспешна од него беше Фленсбург кој потоа стана и шампион, на огромно изненадување на сите фанови на ракометот.

Во ждребувањето нашите претставници беа во различни барабани, но оваа година ЕХФ одлучи да нема две екипи од иста држава во иста група, па така од старт беше исклучена можноста овие две наши екипи да играат меѓусебно во групната фаза и со тоа да ги повтореа одличните натпревари од минатата сезона.

Па така, шампионот на Македонија, екипата на Металург се најде во групата А, заедно со екипите на Кил, ПСЖ, ППД Загреб, Ла Риоха, и последна екипа во оваа група е квалификантот екипата на Мешков Брест.


Уште во прво коло, Металург на домашен терен ја пречекува силната екипа на ПСЖ, на 28ми септември во Борис Трајковски, екипата на Автокоманда ќе ја започне сезоната, оваа година со подмладен состав и со првични амбиции за поминување на групната фаза.
За напомена, натпреварот на Металург и ПСЖ ќе е и воедно натпревар на колото, одбран од страна на ЕХФ, и истите ќе имаат своја екипа/коментатор во Борис Трајковски.

Распоред на натпревари на екипата на Металург

2 коло
04.10 - Мешков Брест - Металург
3 коло
11.10 - ППД Загреб - Металург
4 коло
18.10 - Металург Кил
5 коло
12-16.11 - Ла Риоха - Металург
6 коло
19-23.11 - Металург - Ла Риоха
7 коло
26-30.11 - ПСЖ - Металург
8 коло
03-06.12 - Металург - Брест Мешков
9 коло
11-15.2 - Кил - Металург
10 коло
18-22.2 - Металург - ППД Загреб

Другиот наш претставник и немаше некоја среќа во ждребувањето, па така екипата од Скопје се најде во групата Ц, заедно со уште екипите на Веспрем, Рајн Некар Ловен, Целје Пивоварна Лашко, Чеховски Медведи и францускиот тим Монтпеље.
Оваа година амбициите на тимот се во најмала рака да се повтори успехот од ланската сезона, да се најдат во 1/4 финале, а крајната цел им е пласман на Фајнл 4 во Келн.
Натпреварите Вардар на домашен терен ќе ги игра во новоотворената Арена „Јане Сандански“.


За разлика од Металург, оваа година засилениот тим на Вардар, на чело со Арпад Штербик на голот натпреварите од групната фаза ќе ги започне на гостински терен во Златорог Арената против екипата на Целје, тој натпревар е на програмата 27ми септември.

Распоред на натпревари на екипата на Вардар

2 коло
04.10 - Вардар -Чеховски Медведи
3 коло
12.10 - Вардар - РНЛ
4 коло
19.10 - Монтпеље - Вардар
5 коло
12-16.11 - Вардар - Веспрем
6 коло
19-23.11 - Веспрем - Вардар
7 коло
26-30.11 - Вардар - Целје
8 коло
03-06.12 - Чеховски Медведи - Вардар
9 коло
11-15.02 - Вардар - Монтпеље
10 коло
18-22.02 - РНЛ - Вардар


Еве ги и останатите две групи, Б и Д.

Група Б
Барселона
КИФ Колдинг
Алингсас
Висла Плок
Фленсбург
Бешикташ

Група Д
Виве Киелце
Данкерк
Кадетен Шафхаузен
Пик Сегед
Алборг
Мотор Запорожје


И оваа година Фајнл 4 ќе се одржи во Келн..

АЛФА ТВ ќе ги пренесува и оваа година натпреварите на Вардар и Металург, како и тие на ЖРК Вардар (тема за женската ЛШ ќе се отвори посебно).

Како за крај, ќе ве замолам да се води нормална дискусија, и поретко да се повторуваат некои дискусии од ланската сезона.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Мислам дека ќе биде потешко Металург да ја повтори ланската сезона а додека за Вардар, мислам дека повторно ќе стигне до 1/4 финале.

Се надевам дека грешам. Многу среќа и за двата наши претставника.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ај со среќа нека им е и сезонава :)

Инаку незгодни групи се и двете, Б и особено Д се послаби. Металург генерално има полесен пат до пласман во топ16, ама потежок за пласман на првите 2 позиции. Вардар нема да има ниту еден лесен натпревар во групата (сите екипи се опасни), ама мислам дека има поглеми шанси за топ 2 пласман што е од клучно значење ако сакаат пласман во четвртфинале (Кил+ПСЖ > Веспрем+РНЛ).

И Вардар и Металург според мене ќе бидат појаки од минатата сезона (Металург ќе биде послаб ако си замини Станиќ ама засега е засилен), но искрено моите очекувања и за Вардар и Металург не се претерано оптимистички. Очекувам да завршат како трети и едните и другите во групите. Е потоа зависи од ждрепката. Ако некој го добие вториот од Д ќе има реални шанси (веројатно Пик Сегед или Данкерк), ако го добие вториот од другите групи ќе биде тешко. Фленсбург и Колдинг (оние кои впрочем ги добија лани) од Б се победливи, ама се опасни екипи и со нив не е сигурно.

Зошто прогнозирам послаби успеси иако екипите се појаки? Едноставно е. Целата ЛШ е посилна оваа сезона и прашање е дали ќе имаат среќа и Вардар и Металург во ждрепката во елиминациските фази како во одредени ситуации во минатото (Колдинг во 1/8 финале и Фленсбург во 1/4 финале на пример лани беа одлични ждрепки или Динамо Минск на Металург пред 2 години). Тоа што е позитивно е што 4тото место би требало да го избегнат а со тоа и евентуално да се избегнат најјаките во осминафиналето.

Се повеќе и повеќе се креваат амбициите на клубовите и се зборува за фајнл 4, ама мислам дека е уште рано. Вардар е поблизу од Металург ама и тие сеуште не се од тој ранг. Можеби за година-две.

Инаку општо земено, не очекува одлична сезона во која не е така лесно да се прогнозира кој ќе победи. Главни кандидати за Фајнл 4 се Барселона, Кил, Веспрем, ПСЖ и Киелце. Но не смеат да се потценат ниту РНЛ, Фленсбург, па ни Вардар ако трегнат работите како што треба. Мој тип за Ф4: Кил, Веспрем, Барселона и Киелце. Не знам кога последно 2 екипи кои не се од Германија и од Шпанија се пласирале во Ф4, ама мислам дека дојде времето и за тоа. РНЛ е непознаницата која може тоа да го поремети, но тие ми се сезонава можеби и најтежок тим за прогнозирање (и можеби и најинтересен за следење). Основата на тимот целосно ја задржаа што гарантира дека ќе бидат во најмала мера во комбинација за четвртфинале, ама голем дел од втората постава ја заменија со некои од најголемите млади таленти од северна Европа (во стилот на Металург со балканците) кои прашање е колку се спремни за тоа ниво уште сега. Згора на тоа а и целосно го сменија стручниот штаб.

На крај прогноза за "нашите". Вардар во четвртфинале, Металург во осминафинале. Малку послабо од минатата година но се на се повторно доста успешна сезона која ќе го продолжи нагорниот тренд на македонскиот ракомет.[DOUBLEPOST=1411653363][/DOUBLEPOST]Еве и кратка анализа на групите генерално:

група А:

Кил и ПСЖ ќе се борат за првата позиција. Покажуваат слабости на почетокот на сезоната, но играчки се премногу доминантни за да дозволат изненадување. Ќе видиме како и кај едните и кај другите ќе се покажат и прилагодат новите засилувања (а доста се засилени). Металург би требало без поголеми проблеми да се избори за 3тото место (иако е можно да губат бодови во гости против послабите). За 4тото место грчевите борба меѓу останатите 3 екипи. Тешко е да се прогнозира моментално, тука некаде се сите по квалитет, но ми се чини дека на крајот шпанците Натурхаус Ла Риоха ќе бидат за нијанса пред Загреб и Мешков Брест (Ла риоха донесоа некои интересни играчи летово).

група Б:

Барселона би требало без проблеми да го освои првото место иако според мене се ослабени од лани (со Штербик и без Штербик не е исто без разлика што ги донесоа Сигурдсон и Жалуз). Фленсбург и Колдинг би требало да се борат за 2ро место, при што Фленсбург очекувам и да го освои. За 4то место на хартија би требало да е сигурна Висла Плок, но ако не грешам тие се доста ослабени сезонава, па можно е да ја подотворат вратата за Алингсас и Бешикташ иако и тие не се ништо посебно, напротив се меѓу 3-4 најслаби екипи во ЛШ сезонава. Во оваа група најголема ќе биде разликата меѓу "јаките" и "слабите".

група Ц:

Целосно гледано најјака група сезонава т.е. "група на смртта". Тешко може да се прогнозира со сигурност што ќе се случува можни се пошаренолики резултати овде, но мое мислење е дека Веспрем ќе го освои првото место - сезонава ми делуваат доста сериозно и опасно. За второто место очекувам борба меѓу РНЛ и Вардар. Мала предност му давам на РНЛ. 4ти очекувам дека ќе биде Монпелје иако и другите не се за потценување. Сите екипи генерално ќе бидат опасни дома и изненадувања секако ќе има. Во некои други групи место во топ 16 ќе имаше и за Целје и за Чеховски Медведи ама во оваа мислам не.

група Д:

Оваа е убедливо најслаба група. Киелце без никакви проблеми сигурно ќе биде прв. Пик Сегед и Данкерк веројатно ќе се борат за второ место (мислам дека Пик Сегед ќе бидат подобри). Данкерк искрено иако е француски шампион можно е и да разочара во ЛШ ќе видиме. Тие се меѓу поголемите непознаници сезонава. Не би бил изненаден ниту ако се 2ри ниту ако не ја поминат групата. За 4то место веројатно битка меѓу Алборг и Запорожје макар што не е тотален аутсајдер ниту Кадетен Шафхаузен (тие се каде каде појака екипа од ланскиот швајцарски тим Вакер Тун).
 
Последно уредено:

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Втора година по ред имаме три преставници во ЛШ... Одлично е чувството што повторно четири-пет месеци ќе гледаме врвен ракомет. Посебно оние вистинските вљубеници во ракометот ќе можат да уживаат на овие првите неколку мечеви, со оглед што "верните" навивачи/навивачки сеуште не се загреани :) Малце чудно, но за Металург-ПСЖ уште има (многу) останати карти.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Втора година по ред имаме три преставници во ЛШ... Одлично е чувството што повторно четири-пет месеци ќе гледаме врвен ракомет. Посебно оние вистинските вљубеници во ракометот ќе можат да уживаат на овие првите неколку мечеви, со оглед што "верните" навивачи/навивачки сеуште не се загреани :) Малце чудно, но за Металург-ПСЖ уште има (многу) останати карти.
Мислам дека сите 3 екипи малку ја претераа со цените годинава. Нема да оди така глатко продажбата на картите како порано. Не е само до "незагреаност" според мене.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Металург - ПСЖ - 2
Ла Риоја - Мешков Брест - 1
Загреб - Кил - 2

Висла Плок - Бешикташ - 1
Колдинг - Фленсбург - 1
Алингсас - Барселона - 2

Медведи - Веспрем - 2
Рајн Некар - Монпеље - 1
Целје - Вардар - 2

Данкерк - Алборг - 1
Пик Сегед - Запорожје - 1
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
ЕХФ непријатно ја изненади управата на хрватскиот шампион, потсетувајки ја дека новиот тренер на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ, уште не ја одработи казната добиена по натпреварот против екипата на Магдебург, во 2012 година. Имено, тогашниот тренер на Вардар Про, Веселин Вујовиќ, беше казнет од дисциплинската комисија на ЕХФ со парична казна од 4.000 евра и суспензија од два натпревари за црвениот картон што го доби на дуелот од ЕХФ-купот против Магдебург. Вујовиќ беше исклучен од страна на шпанските судии по критиките за нивната арбитража на мечот против Магдебург, во Германија. Вардар ПРО го загуби тој натпревар, со резултат 30:27. По разгледувањето на изјавите на судиите и на делегатот на натпреварот, било утврдено дека исклучувањето е оправдано, а Вујовиќ за своето однесување добил казна согласно правилникот. Веселин Вујовиќ и Вардар се разделија, но казната си остана.

Поради ова, Вујовиќ не ќе може да го води Загреб во првите две кола од Велукс ЕХФ Лигата на шампионите, против екипите на Кил и на Пари Сен Жермен. Тоа значи дека популарниот Вујо првпат ќе го води својот тим дури во третото коло, против екипата на… Металург.

:icon_lol:[DOUBLEPOST=1411775390][/DOUBLEPOST]
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Очекувам доста тесен натпревар вечер. Блага предност му давам на Вардар ама Целје не се никако за потценување. Имаат доста квалитетни млади играчи на кои допрва им доаѓа времето, а против такви екипи е секогаш опасно бидејќи не знаеш кога ќе блеснат и потенцијалот ќе им излезе на виделина макар и само на еден натпревар. Слишковиќ, Ивиќ, Касал - доста интересни млади играчи + словенечката основа која ја има тимот и е сосема солидна (меѓу кои и некои од најголемите словенечки таленти). Плус и домашниот терен им вреди имаат добра атмосфера и публика (сепак се екипа со голема фан база и реноме).
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Премногу лоши 20 минути, во напад немаат никаква идеа, Тоскиќ најмалку 5 напади им заеба. Башка за пенали уште го форсираат Дибиров, а и тој е очаен за тоа.
Лошо им се пишува ако не сменат нешто, отидоа на +5 словенците.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Реално Вардар треба да биде сосема задоволен со 4то место во групава.

Ова и кога ги извлекоа групите ги реков, ама едноставно Вардар е за 4то место во групава.[DOUBLEPOST=1411849004][/DOUBLEPOST]Уште стојам на ова :D

Браво за Штербик, дефинитивно еден од најдобрите голмани во светот во моментов.

Заслужено ќе го замени Станиќ на фејсбук објавиве некое време :D
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Многу слабо Вардар денес,многу...
Ако не беа техничките грешки,неискуството на Цеље во ситуации кога имаа играч плус(а богами се изнаиграа со играч повеќе) и секако Штербик тешко дека ќе извлечевте победа...
Во најтешките моменти ве извади Штербик,на два пати,во прво полувреме кога речиси потона бродот,и кон крајот на второ кога Цеље речиси 5 минути не даде гол,скина еден куп зицери,пенали.....секоја чест за Арпад,сеуште е на самиот врв,ако не и на врвот...
Голманот уште еднаш се покажа дека е повеќе од пола екипа во ракометот...
Освен добрата игра на линија и протокот кон крила ништо не изигравте..
Карачиќ тотално во аут,Лацковиќ исто,не знам шо му се случува на Лацковиќ,ама изгледа дечкото си има некои тешки проблеми со психата,не е ни оддалеку играчот од пред 10 ина години....
Головите од бек грото беа ситуации еден на еден,индивидуални акции,пред се на Душебаев....
Горбок тотално аут,додуша го удвојуваа цело време,
Како и да е,на победата не смее да и се гледа во заби....
Иако со оваа игра тешко на останатите гостувања,можеби Цеље се млади и неискусни,но против Медведи и пред се Монпеље тешко,да не прајме муабет со РНЛ и Веспрем....
Како и да е,Вардар својата шанса ќе си ја бара во Скопје,затоа оваа победа е злато вредна...(y)
Од другите мечеви,успеав малце да ги ѕирнам Медведи со Веспрем...
Мечките успеаја да скоцкаат повторно една интересна екипа...иако се далеку од некогашното ниво,исто како Цеље...
Се држеа првото полувреме сосема солидно...
Шелменко,Житников,имаат еден страшен лев бек Деревен,запамтете го дечково,машина е...
Старите добри искусни играчи како Грамс,Черноиванов,Ковалев...
Кој ќе ги потцени лошо ќе помини во Русија...
Ловен го демолира Монпеље,сосема неочекувано според мене....
Многу силна група е оваа,уствари најсилна...
Во другите мечеви,очекувано лесна победа на Висла над Бешикташ....
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Премногу е рано да се суди за останатите гостувања на Вардар.Мене искорено не ми се верува дека на некоја од наредните утакмици Вардар ќе има пак само 4 играчи расположени за надигрување.Точно е тоа дека денес Вардар иако победи одигра доста под своите вистински можности,но со добро разиграна цела постава мислам дека со победа може да се вратиме и од Франција и од Русија.Гостувањата кај Веспрем и РНЛ сигурно ќе бидат тешки и бод од овие две гостувања би бил одлично достигнување затоа што победа со овие две екипи ќе треба да се бара во Скопје.

Не ме плаши ниту еден противник како што ме плашат педерчињата од судии кои денес на Вардар му дадоа 14 исклучувања т.е без 2 минути Вардар играше цело полувреме со играч помалку и за сликата да биде комплетна судиите судеа некои безвеза пробивања кои само они ги гледаа.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Квалитетно се намачи Вардар. Додуша и не сум воопшто изненаден, Целје е типична балканска екипа, дома многу опасна, на гости се мачи. Особено ќе бидат опасни ако продолжат вака да ги потценуваат, не ми е јасно зошто се гледа на нив како на аутсајдери, не се воопшто слаба екипа.

За Вардар што да се каже, некои играчи блескаа други беа тотално индиспонирани. Карачиќ тотално во аут. Општо не е во форма на стартот на оваа сезона, ама ова беше за во втора македонска лига. Само некакви глумења и доста несериозен пристап. Мора многу многу подобро ако сака Вардар да постигне нешто повеќе. Бившите играчи на Целје (Брумен, Тоскиќ, Горбок) исто катастрофа. Практично 4 играчи цел натпревар го извадија. Тоа е тоа ѕвезди што го зборуваа од Целје, и покрај лошата игра се извади победа на мускули со само 4 играчи кои одиграа на ниво. Голема е предноста кога можеш на таков начин да се извадиш и да победиш.

Штербик фантастичен нема што да се коментира, тотално ги уништи словенците. Душебаев ми се чини ја имаше можеби и најдобрата партија откако е во Вардар. Не само голови туку и одлични додавања, па дури и во одбрана имаше неколку добри реакции. Дибиров исто така многу добар. Одамна немал толку добар натпревар. И за крај Прибак, човекот е роден за втор среден бек на една ваква екипа. Нема доволно квалитет за биде прва опција на екипа од светски ранг, ама за да направи малку промена во играта, да ја раздвижи екипата, да внесе креативност и борбеност е експерт. Секоја чест, ми се чини дека тој беше клучот на овој натпревар (покрај Штербик нормално) затоа што во неколку клучни моменти од натпреварот кога Вардар беше комплетно заглавен во напад успеа да ги врати во игра со неколку одлични потези.

За другите резултати во групата се во рамки на очекувањата. Чеховски Медведи дадоа солиден отпор на Веспрем. Опасни ќе бидат дома ја потсредија екипата, макар што јас сеуште мислам дека веројатно како последни ќе завршат. Монпелје декласиран од РНЛ ама и не сум многу изненаден. Овој Монпелје делува како солидна екипа на хартија (пола словенечка репрезентација + Симоне) ама не игра којзнае како веќе подолго време. Во гости Монпелје тешко дека ќе освои бодови, ама дома ќе бидат сигурно многу опасни. Всушност таква е целата група, секој бод во гости ќе биде голем, сепак Веспрем, Вардар, Целје и РНЛ се познати по јакиот домашен терен и одлична публика, а и Монпелје и Чеховски се екипи со долга традиција и успеси зад нив, па и тие имаат солидна фан база (иако навивачите и не им се толку бурни).

Се на се голема победа на Вардар и покрај доста лошата игра целокупно гледано (со исклучок на неколку поединци).
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Ќе брани ли Станиќ денес?
Го стаиле у составот за вечер и гарант ќе стартува.

Е сеа колку им е паметен потег дечково што ко што знам не ни тренира а нема брането добри 5 месеци да го пуштаат од прва минута на ваква утакмица против ПСЖ кај шо ќе им треба мотивиран голман.

Али кој ги ебе, нека го сиснат вечер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom