Лига на шампиони 2008-2009

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
најмногу ми е кејф што челзи ке изгуби, т.е. ливерпул ке победи, потоа ми е кеф за баер што ке изгуби и накрај мразам што манчестер има 90% загарантирана победа (а толку ги мразам)
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.782
И трета година по ред, Ливерпул и Челзи еден против друг во завршницата од Лигата на шампионите. Нов англиски дерби дуел во 1/4-финалето на 8 април на „Енфилд“, кога Ливерпул ќе го пречека Челзи, во можеби најатрактивниот дуел од оваа фаза во најквалитетното европско клупско натпреварување. Минатата година во полуфиналето од Шампионската лига, Ливерпул и „сините“ двапати играа нерешено 1:1, за по изведување на пенали Челзи да се најде во финалниот дуел. Година претходно исто така во полуфиналето, Челзи загуби на пенали од „црвените“ откако двете средби ги добија двата тима со по 1:0.
Најмногу среќа на денешниот жреб имаше бранителот на титулата, Манчестер Јунајтед, чии желби се исполнија, па во оваа четвртфинална рунда за противник ќе го има Порто.
Виљареал за ривал во оваа рунда го доби Арсенал, додека Барселона, како најголем фаворит за титулата, ќе мора да си ги одмери силите со германскиот шампион Баерн Минхен.
Кој ќе го трасира патот до Рим?
1/4-финале ЛШ:

  • Виљареал - Арсенал
  • Манчестер Ј. - Порто
  • Ливерпул - Челзи
  • Барселона - Баерн Минхен
Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 7 и 8 април, додека возвратните се закажани за една недела подоцна.
Победникот од мечот Манчестер Јунајтед - Порто во полуфиналето ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Виљареал и Арсенал, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат победниците од натпреварите Барселона - Баерн и Ливерпул - Челзи.
Полуфиналните натпревари се закажани за 28/29 април и 5/6 мај, додека финалниот спектакл е резервиран за 27 мај на „Олимпико“ во Рим.
 

drag43_sexy

вауууУ!
Член од
3 октомври 2007
Мислења
1.349
Поени од реакции
2
Ливерпул - Челзи ќе биде интересно а Манчестер - Порто уште поинтересно зошто ќе ги уништиме од давање голови :)
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Според ждрепката очекувам полуфинале:
Манчестер-Арсенал и Ливерпул-Барселона,а финале Манчестер-Барселона :wink:
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Финале Челзи-Манчестер Јунајтед :toe:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Лично и персонално ќе ми биде мило ако ги уништиме оние барселонците кои мислат дека се најјаки, верувам сите нанивачи(освен тие од барселона-ќе им биде мило)!
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.429
Поени од реакции
42.699
Лично и персонално ќе ми биде мило ако ги уништиме оние барселонците кои мислат дека се најјаки, верувам сите нанивачи(освен тие од барселона-ќе им биде мило)!
Најмило ќе им биде на тие навивачи од Челзи/Ливерпул,зависи кој ќе победи од нив..А признавам и на мене нема да ми биде лошо!!Сепак мислам дека Баерн не е оној Баерн кој што беше пред 4-5 години...Тогаш кејф беше да гледаш Реал Мадрид-Баерн Минхен..
 

Sk8eR_BoY

Сведок
Член од
5 мај 2006
Мислења
141
Поени од реакции
6
УЕФА му излезе во пресрет на Ливерпул

20.03.2009

УЕФА му излезе во пресрет на фудбалскиот клуб Ливерпул и му дозволи да го промени терминот на одигрување на реванш дуелот од четвртфиналето од Лигата на шампионите против Челзи.
Ливерпул побара од УЕФА реванш мечот од 1/4-финалето да го одигра на 14-ти, а не на 15-ти април 20 годишнината од трагедијата која се случи на стадионот на Шефилд, „Хилсбороу".
Трагедијата на стадионот на Шефилд се случи на 15-ти април 1989 година, кога 96 навивачи на Ливерпул загинаа во метежот кој настана на преполните трибини, а за време на мечот меѓу Нотингем Форест и Ливерпул во полуфиналето од ФА Купот.
Ливерпул од тогаш никогаш не играл натпревар на 15 април.


A1
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
И по трет пат во центарот на вниманието е натпреварот Ливерпул-Челзи
Во изминатите две години по една победа на едните и на другите.
Третава година ќе достигне кулминација.Судбината ги спојува токму во оваа фаза од натпреварувањето и е еден вид на финале пред финалето.
Навивачки се надевам Челзи дека ќе помине понатака но без разлика кој ќе оди понатака од овој дуел мислам дека тој ќе биде и шампионот за оваа година во ова натпреварување.
Од другите натпревари покрај Ливерпул-Челзи интересен ќе биде дуелот помеѓу Барселона и Баерн Минхен.Исклучително возбудлив натпревар очекувам како и возвратниот натпревар многу шанси и голови.Мислам дека стрелците ќе можат да постигнат повеќе голови во овој натпревар со оглед на исклучително добрите напаѓачи во двете екипи.
Во натпреварите Манчестер-Порто и Виљареал-Арсенал мислам дека ќе се игра цврсто и дека ќе нема многу голови на овие натпревари па затоа централни настани ќе бидат претходните два натпревари Ливерпул-Челзи и Барселона-Баерн Минхен.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
barca ke go pobedi baern..na camp nou 3 razlika
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom