Мурињо:Се жалат на судењето – зарем веќе го заборавија Овербо!?
Милано
Тренерот на Интер Жозе Мурињо го критикуваше однесувањето на фудбалерите на Барселона, кои оправдувањето за поразот од 3:1 го бараа во португалскиот судија Олегариј Бенкуеренк.
„Не сме толку близу до финалето како што може да се заклучи по овој меч, бидејќи Барселона е многу силна и помоќна на свој терен. Ќе ни биде многу тешко на стадионот Камп Ноу“, изјави Мурињо за Раи Спорт.
Тој додава дека неговата екипа не требала да прими гол во 19. минута, кога Педро ги доведе Каталонците во водство од 1:0.
На Мурињо не му се допаднало што неколку фудбалери на Барселона во тунелот по двобојот му приговарале на судијата за водењето на натпреварот.
„Не сум задоволен од примениот гол, кој произлезе од наша грешка. Но сакам нешто да им порачам на фудбалерите на Барселона. Треба да бидат шампиони и кога губат. Наместо спортски да признаат дека Интер во овој меч беше подобар и посилен, тие го напаѓаа судијата во тунелот по двобојот. Изгледа дека веќе заборавиле на норвешкиот судија Том Хенинг Овербо, кој минатата година во мечот против Челзи ги одведе во финалето. Се чини дека немаат најдобро сеќавање“, рече Мурињо.
На крајот го прокоментира и непримерното гестикулирање на својот напаѓач Марио Балотели, кого навивачите на Интер го исвиркуваа, а тој револтирано го соблече дресот и го фрли на земја.
„Балотели? Во Интер сум од 2009. година, и колку пати бев критикуван само затоа што се обидував да го научам како треба да игра и да се однесува. А тој во најважниот натпревар на целата сезона направи толку грда и лоша работа“, вели Мурињо.
Казна за Балотели најави и извршниот директор на Интер Ернесто
:tv: