Летни Олимписки Игри - Лондон 2012 [генерална дискусија]

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Абе стрпете се мајку му стара и ќе видите, луѓе со факултети и дипломи го мислеле ова како да биде, сигурно знаат повеќе од нас. Башка што ќе се игра на средина од терен, фудбал нема да се игра на Олимпискиот стадион, на Вембли ќе се игра и останатите стадиони. Сеа дури еве сфаќаме зошто се игра на стадиони на другите земји од ГБ, друга идеја имале за Олимпискиот стадион.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.925
Поени од реакции
16.209
Абе стрпете се мајку му стара и ќе видите, луѓе со факултети и дипломи го мислеле ова како да биде, сигурно знаат повеќе од нас. Башка што ќе се игра на средина од терен, фудбал нема да се игра на Олимпискиот стадион, на Вембли ќе се игра и останатите стадиони. Сеа дури еве сфаќаме зошто се игра на стадиони на другите земји од ГБ, друга идеја имале за Олимпискиот стадион.
Нека се снаоѓаат тие шо ќе фрлаат копје, ѓуле, диск.:D
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Шо си нешо нервозен ?:D
Убаво прашав, сигурно и тебе ти е чудно што на сред терен се наоѓа, јас знам дека нема да пречи оганот, а сеа како ќе го изведат тоа таму кај што е да не пречи неам појма.
Не сум нервозен бе, само не сфаќам што е проблемот.

Круг е, тоа се наоѓа во центарот. Околу него има простор за се, веруј. Порано, на половина од тревникот беа спортовите а другата половина седеше без везе, најчесто таму дремеа доктори, брза помош и слично.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Како може да стои огнот и конструкцијата на средина кога ќе се користи теренот аман... Кај што пееја музичарите на таа бината, веројатно таму ќе биде "пренесен" и на крајот таму ќе го изгаснат.
И таму ќе биде преблиску до луѓе. И плус таму има семафори. :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Нека се снаоѓаат тие шо ќе фрлаат копје, ѓуле, диск.:D
Може ќе го поместат некако полево или подесно па ќе се отвори место, ќе видиме како ќе биде :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
И таму ќе биде преблиску до луѓе. И плус таму има семафори. :)
Таму ќе стои. Ради тоа што на терен нема начин едно фрлање диск или кладиво и отиде цела конструкција :icon_mrgr:
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Може ќе го поместат некако полево или подесно па ќе се отвори место, ќе видиме како ќе биде :)
Не е фер да остане во стадионот и да го гледаат само луѓе кои платиле карта.Едно од правилата е дека пламенот мора да биде виден од сите.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Интересно беше палањето на оганов, интересно им беше организирано, малку ја затупеа со тоа куќичката и твитерот и љубовната приказна, ама многу голема глупост им беше што оганот го палеа дечишта кои уште незнаат асално што е спорт.
Барем тоа требаше да го направат легенди, ама Британци ако не бидат они различни нема кој да биде.....стварно претерано многу се самобендисани.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Од толку славни спортисти кои ги има Британија, немоеш на деца да им дајш да го запалат оганот, без разлика што беше атрактивно палењето.
Кои славни спортисти ги имаат британците? Не ми текнува на ниту еден кој е доволно славен за да му се даде чест сам да го запали огнот.
Одличен избор имаа, најдобар би рекол. Можеби отварањето беше поскромно од она во Кина, ама изгледаше човечки, за разлика од роботиката од претходната Олимпијада. Човечки е да има недостатоци и да се греши... Одлично сценарио, Мр. Бин беше врвот, секоја чест.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.060
Поени од реакции
11.236
Наци поздрав се прави со десна рака, она не беше хајл хитлер.

А за 19-годишно дете што мафтало знаме...Да не требаше пак Буштур со мевот да се смее?

Баш палењето на пламенот предадено на младата генерација од постарата зборува многу...Покажува колку британците не се самобендисани и колку се грижат буквално за сите...

Видовте кој го носеше пламенот низ Британија? Видовте кој ја пееше химната? Ја сфативте пораката за NHS?

Перфектно обработено, со многу хумор, историја, корени, музика...ОДЛИЧНО.

Која кралица ќе прифати онаква шега? Ваква била таква била...ЗАКОН Е! :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.418
Поени од реакции
114.007
Гасол колку нежно изглеаше кога го носеше знамето... у негов стил, прајслес.:D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.572
Премногу галама се крева за Олимпискиве игри, а мене ми се подосадни од уметничко лизгање...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom