Летна олимпијада - Париз 2024

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.403
Поени од реакции
58.282
Што браво, најдоброто што го трча е 2:08 тоа е за 2 минути после првото место, а сега истрча 28 минути после првото место.
Најдоброто што го истрчаЛ и најдоброто што го трча е многу различно.
И Кипчоге има 2:00 истрчано па тоа не значи дека нон-стоп треба да го трча тоа.

Башка Дарио со грч финишираше, сигурно некој хаос му се десил, маратон е ова другар, 42 километри не се заебанција, све може да ти се деси. Тоа е што е, медал да не очекувавте случајно или топ 10 пласман?

Точно е дека може подобро од ова сега ама не нешто драстично, 2:08 не се трча секој ден, особено не за некој што тренира на улица.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.301
Поени од реакции
58.303
Наивно е многу да се споредува само време.
Не се 100 метри, него 42 километри. Нијанса поспоро темпо да се наметне на трката ќе се одрази во минути на крај.

Сигурен бев дека ќе го даде максимумот тука, знам колку го сакаше ова, знам колку се спремаше. Штета ако повреда му влијаеше на резултатот...

Во секој случај браво за него!
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.695
Поени од реакции
110.703
За кур да му се фатите на Дарио, апсолутна легенда на македонскиот спорт. Ако добро ги разбрав Милковски и Кираџиева имал и стомачни проблеми и тоа уште толку додава на тежина со оглед на тоа дека успеа да го заврши маратонот.

Не знам дали сте свесни од цел свет и 8 милијарди луѓе што значи да обезбедиш олимписка норма и да си во 81 натпреварувач што ќе настапат во веројатно најтешката дисциплина во атлетиката.

Горд сум на дечково, особено што го знам и лично и знам дека е срце од човек кој сето ова го има постигнато трчајќи по ајватовски рид и низ улиците на Илинден.
 
Последно уредено:
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.472
Поени од реакции
37.943
Браво за Дарио, најверојатно со повреда го заврши маратонот и не се откажа. Во некои други услови сигурен сум на негов подобар пласман.

:oeoeoe:
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.593
Поени од реакции
2.202
Што браво, најдоброто што го трча е 2:08 тоа е за 2 минути после првото место, а сега истрча 28 минути после првото место.
Кипчоге што има истрачно под 2 часа неофицијално не успеа ни да заврши. Потона негде на средината на трката.

Маратон е ова, многу работи треба да се поклопат за добро време. Плус стазава не беше воопшто лесна.

И Дарио со норма влезе на маратон од 80 души. Самиот пласман е неверојатен успех.

Sent from my A001LG using Tapatalk
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.090
Поени од реакции
13.126
Неколку работи ќе кажам, пред било кој да избрза со заклучоци.

1. Немаше друг балкански претставник на дисциплината маратон, самиот обезбеден пласман е луда прича за себе
2. Времето што го има Дарио за личен рекорд 2:08 е најдобро балканско време во историјата на дисциплината маратон
3. Дарио е 3кратен балкански шампион (златен медал)
4. Дарио е непоразен на македонско тло од 2016 навака и тоа со огромна предност пред конкурентите. Дарио има поставено државен рекорд скоро на се што трчал од 1000м до маратон.
5. Слична ваква минлива ситуација со проблеми со стомакот (дијареа) тогаш го мачеше и на скопски маратон лани кога можеше комотно да ги тепа 2та кенијци и на крај заврши 3ти. После тоа му следуваа 2та луди маратони 2:11 и 2:08 во Валенсија и Севиља и јасно покажа кој е и колку може. Резултатов е под неговите можности да, но секогаш после чекор назад, он оди 2 чекора напред, така да ќе руши уште многу рекорди и ќе не радува уште многу долго.
6. Дарио има почнато со трчање случајно на 18 години, во ситуација кога му е повредена клучанта коска, на трка 5км доаѓа само за да го бодри неговиот помал маалски другар и за да му прави друштво до центар дека иначе немало да го пуштат сам. Кога веќе е таму,успеваат да го убедат да ја трча трката, победува со време од 17 минути. Чиста среќа што е откриен, замислете колку вакви Дарио не се откриени и би се откриле на време ако се вложува повеќе во спортот уште од најмала возраст, уште од основно со атлетика да се бават сите дечиња.
7. Штета што гостинката случајно или не, коментаторското време го потроши во промоција на самата себе, од патувања до фамилијарни книги, а воопшто не беше начната приказната на Дарио, целиот пат, подеми и падови, што верувам ќе инспирира некои млади дечки што гледаа да почнат со атлетика.

Кој не земал да трча, секојдневно да се спрема за трки, не ни мора да е маратон, тој нема да знае колкава жртва, болка, голгота, страдање е ова, само за овој напатен народ да има повод да се израдува, да светка македонското знаеме дур гледаат луѓе Олимписки игри. Вие гледате 2 саати дур штракате на телефон, он тренира 10 години за ова со секој ден тренирање по минимум 2 часа и 800км месечно.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2013
Мислења
2.808
Поени од реакции
4.046
Бронза за вториот најдобар тим на олимпијадава , јебига таков е спортот.
 
Доволно е да се гледа Дарио на подкаст кај Жаре и Томче и ќе сфатиш каков скромен човек е и прав професионалец.

Член од
19 март 2013
Мислења
2.808
Поени од реакции
4.046
Јокич мораше да им се приклучи на Лука и Леброн со трипл дабл. :D
 
Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.623
Поени од реакции
7.259
Страшно јак играч е Јокиќ, уживанција е да го гледаш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom