Летна олимпијада - Париз 2024

Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.786
Поени од реакции
1.242
Да неможеме во тркачки ни можеме во фрлачки дисциплини, копје, ѓуле, кладиво, посебно во женска категорија(женскиот спорт е на мизерно ниво, повеќето се откажуваат рано и започнуваат кариери и фамилијарен живот), Сара Колак, Елкашевиќ, Бланка Влашиќ, Вулета се се тоа Балкански атлетичарки, ниту се африкански ниту американски, нема голема разлика од Македонските девојќи и жени.
Епа каде се македонките? Бркаат кариера? Раѓаат деца? Бркаат спонзори? Или немаме ни желба, ни упорност, ни тренери ни систем.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.709
Поени од реакции
27.672
некако се очекува подобрување на тоа на оваа голема сцена
Подобрување очекуваат тие што не размислуваат на поважните деталји. Никој не е линеарен во прогресот.
Тренингот е тој што е. Формата е таа што е. 2:08:нешо е време кое тешко би можело пак да се постигне. И секоја секунда подобрување на тоа, е невиден успех.
Она што е најважно за подобрување на истрчаното време се 2 работи: временските услови (температура, влажност на воздух, ветер) и рутата на трчање (колку елевација има). А во Франција е топличко и има поприлично многу елевација. Додади ги на тоа проблемите што ги имал...
Не тоа си е ОК, не го спорам тоа, спорам незаинтересираност на никој апсолутно да се подобри спортската сцена кај нас, тоа што сме задоволни само со пласирање или пак со некој среден резултат, без некоја желба да се направи стратегија и да се подобри нешто на тој план, веќе повеќе од 30 години сме бетер од аматери на големите натпреварувања.
Зарем мислите дека олимписките шампиони се така родени. Сто пати во кариерата неуспеале ама продолжиле напред и 101-виот пат победиле.
Не сфати на крај колку си контрадикторен со постов?
 
Последно уредено:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.404
Поени од реакции
58.305
Дарио можда не ни требаше да се правда со повредата, македонската јавност секако не е ни којзнае колку запознаена со неговата работа ниту пак се способни да ги сконтаат бројките. Финишираше, тоа ќе беше сосема доволно за просечното македонче да го знае. Он во Севиља постави балкански рекорд во маратон 2:08 за после во Ротердам `да флопне` па никој тогаш не ни знаеше дека трчал таму а камоли дека успеал да истрча поспоро време. :D
Ама пошто сега е актуелна Олимпијадава и цела јавност е претворена во тотален експерт за сите спортови па така ни апсолутно најдобриот атлетичар во историјата на Македонија не остана имун.

Не ги сфаќам коментарите, се правдал со повредата, измислувал и лажел. Што ве боли вас кур за колку време истрчал, кога еве и ова моменталново од 2:28 (или колку и да беа) се македонски рекорд на Олимписки игри во машки маратон. :D Некои луѓе изгледа мислат дека ако поставиш рекорд, дека на секое следно трчање треба да си го буташ истиот и да го подобруваш. Ретки, премногу ретки се тие спортисти што самите си ги рушат рекордите, особено во вакви супер тешки дисциплини.
Едни Виктор Киплангат и Кенениса Бекеле не успеаа да ги истрчаат тие 2:08 на Дарио, чисто информативно, а човекот кој неофицијално има истрчано маратон под 2 часа, Кипчоге, не ни финишираше.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.302
Поени од реакции
35.434
Гледав триста глупости (меѓу кои и чекањето бран :pos: ), ама ова не знам како сум го испуштил: kayak cross, за прв пат ја има оваа дисциплина на ОИ. Ко Mario Cart, само со кајаци. Пре-ја-ко!

 

Kajgana Shop

На врв Bottom