Ај и јас да ја искористам темава ..
А за проблеми со носот ? бев настинат и имам температура едно 5-6 дена. И се ми помина, ама носот нејке никако да помине. Цело време барем ми се затнува, дај кажете некој лек да средам веќе ме нервира
У едно тенџере напрај чај од камилица и тоа така коа ќе зоврие земи седи по 10-15 мин со пешкир/крпа над глава и диши низ нос.
Инаку многу поефикасно е кога место камилица се стават млади шишарки (плод од бор) пред да расцветаат и тоа да се зоврие. Е сега за ова имаше нешо као рецепт, се ставаше не знам колку шишарки, у неколку литра вода и сол.
Утре ќе ги прашам моиве кој беше рецептот па ќе ти пишам.
Ама со оглед дека сега нема млади шишарки напрај ова со камилицава, па за другово ќе се разбереме
Јас незнам како мачкање со ракија ке намали темература кога ракијата го грее телото?Некоја логика?
Абе ти со логикеве пиј фервекс и цепи ракија со салата.
Сум се лечел со овие "природни" лекови и ми помагале, го споделивме тука на темава ако имаш мука пробај, ако имаш совет сподели и ти. Не туку се прај најпаметен.