Има разлика од декриминализација и легализација. Легализацијата е ултимативната цел, но не е лесно да се промени цел закон. Тоа е долг и макотрпен процес.
Легализацијата значи ставање на крај на сите криминални дејствиа поврзани со марихуаната. Да нема апсења за поседување на Х количина на маријуана, да се продава семе, стебла или клонови во лиценцирани канабис клубови. Марихуаната да се употребува како состојка во исхраната. Да се користи како лек во медицината. И најбитното од се да се плаќа данок контролиран од државата! Која држава не сака дополнителен приход во касата?!?! Со ова би се намалил бројот на осуденици, млади луѓе чии што животи се уништени поради употребата на марихуаната. Јас знам млади, просперитивни колеги кој што пред 4-5 години лежеа 6 месеци затвор за 2 грама марихуана. Цел живот се обележани од општеството како затвореници. За што? За 2 грама безопасно растение. Со легализацијата ке се контролира употебата на марихуаната. Ке се казнуваат јавните службеници ако употребуваат канабис за време на службата, ке се воведат построги нарко тестови за возачи, за наставници, за управувачи на машини.... Контролирано ке се продава во лиценцирани установи.
Додека за декриминализацијата сето ова не важи. Маријуаната ке биде нелегална, само ке се намалат казните предвидени од локалните законски служби. Ке зависи од полицаецот дали ке те казни за употреба или поседување на канабис. И ако те казни, казната ке биде прекршочна и ако се плати во одреден временски период, делото нема да влезе во криминалното досие.
Државата ке има профит од двата случаеви, во првиот од данокот. Не само за продажба на канабис, туку и од потрошувачката на индустриска струја, на вода, дистрибуцијата и фертилизација за одгледувањето на ова растение. Со тој данок, јас ке плаќам за едукација на граѓаните, за подетални медицински и научни испитувања. Ке плаќам за отварање на Канабис Клубови, места каде што ке имаме состаноци со други канабис ентузијасти.
Ке плаќам на државата, наместо да плаќам на уличните дилери (звучи утописки) .
Од друга страна со декриминализацијата, државата профитира со законските казни, ке профитираат адвокатите, судовите. Канабисот пак ке биде нелегален и забранет за одгледување, но со многу помали казни, полицијата треба да биде толерантна и да не си го троши времето за апсење и испиутвање за поседување на мала количина на марихуана.
Е сега што повеќе му одговара на народот, тоа е релативно.