Легализирање на марихуаната?

Да се легализира Марихуаната во РМ ?


  • Вкупно гласачи
    435
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.675
Поени од реакции
2.622
Само глуп човек смета дека Марихуаната е глупа работа. Моето мислење е дека за неколку години ќе биде легализирана зашто дневно запленуваат на овие простори по тон трева, која ја уништуваат место да ја употребат во добротворни и медицински цели.... масовната свест оди во други нивоа и се би било кул доколку би се легализирала за медицински потреби и цели.
Биди сигурен дека тука нема никогаш да биде легализирена, овие што ја запленуваат прават бизнис од неа сигурно дека не ја палат.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Биди сигурен дека тука нема никогаш да биде легализирена, овие што ја запленуваат прават бизнис од неа сигурно дека не ја палат.
Јас сум сигурен дека ќе биде легализирана секаде во светот за неколку години, пошто тоа би бил скоро единствениот спас за човешството во модерниов век во однос на духовно = матријалната војна.[DOUBLEPOST=1399383743][/DOUBLEPOST]
Јас сум сигурен дека ќе биде легализирана секаде во светот за неколку години, пошто тоа би бил скоро единствениот спас за човешството во модерниов век во однос на духовно = матријалната војна.
Mozhe za 5 godini mozhe i za 55, relativno e.
 
Последно уредено:
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Мене ме интересира дали има некое истражување во врска со следното:
- Колкава е финансиската исплатливост од легализирање на марихуаната во однос на финансиската исплатливост при црпење на даночни пари за вработување на огромен број на полицајци коишто би требало да спречат користење на марихуана.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.626
Треба секаква дрога да се легализира , еве зошто , дрогата ја купуваат многу луѓе , зошто? па бидејќи е кул да имаш нешто што многу го немаат и затоа е скапа и ја купвуаат , кога ќе се продава по трафиките ќе биде свеста поголема , ќе се намали цената , и на никој нема да му текне да си купи нешто од трафика што може да умре од него ..
 

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
И за 0,08 грама марихуана во Македонија се оди зад решетки


Кривични пријави за недозволена трговија со дрога „летаа“ изминатиов период од МВР на адреса на лица кај кои полицијата пронашла дури и под еден грам марихуана, предизвикувајќи чудење и смеа меѓу граѓани. Иако за јавноста беше интересна дури и смешна веста дека полицијата кај прилепчанец запленила 0,08 грама марихуана, или кумановец бил фатен со 0,5 грама марихуана, а од негов сограѓанин пак биле запленети 0,26 грама марихуана, сепак во сите овие случаи, полицијата на осомничените на товар им става дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.
Недореченоста на Кривичниот закон, во кој не е регулирано колку може да биде количината за лична употреба, а која е количината за продажба, создава реален проблем во пракса, објаснува адвокат Јанаки Митровски.
- Во Република Македонија постои илегална пракса која ја практикуваат застапниците на обвинението, а е прифатена од кривичните судови, секоја заплена над 5 грама наркотици да се гони по член 215 дури и кога нема ниту доказ ниту индиција за продажба. Овој недостаток во Кривичниот законик (КЗ), Јавното обвинителство го покрива со Упатство за внатрешна употреба, што е недозволиво и преставува неодржлива правна ситуација, односно упатството на ЈО има правна супремација, односно приоритет над КЗ. Иако ставот 3 од член 215 предвидува привилегирана форма на делото, КЗ е недоречен, односно не одредува која количина на наркотици е количина за лична употреба, што преставува реален проблем во пракса, и е злоупотребуван од страна на ЈО - вели адвокатот Митровски.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека постапуваат по сè што е незаконски и нелегално и тие не мерат дали нешто за што напишале пријава е многу или малку.

- Судот цени врз основа на пријавата и на доказите, Министерството за внатрешни работи постапува и поднесува пријави за се што е незаконско - велат од МВР.
Дел од експертите ваквите информации што ги пласираат истражните органи, ги нарекуваат популистички, карактеристични за политиката на оваа власт.
- Во рамките на генералната политика на владата дека се е бројка и колку повеќе бројки, толку повеќе наводни резултати, зборува и односот на Министерството за внатрешни работи. Колку повеќе бројки, толку повеќе вештачка слика за наводна успешност и реализација и селективност, таму кај што сме успешни покажуваме бројка, меѓутоа таму каде што немаме никаква реалзиација и немаме никаков резултат, тие резултати и бројки ги криеме како змија нозе - вели универзитетската професорка Фросина Ременски.
Таа објаснува дека никој не е против евидентирањето на дневните настани и реализација од страна на полицијата, но според неа популизмот на МВР, укажува на недостиг на чуство за позначајните кривични дела, но и во селективен пристап, посебно ако во нешто се вмешани луѓе од, или блиски до власта.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
A што е толку штетна па ја забрануваат.
Освен што ќе се смееш како будала на се и сешто не може ништо друго да ти биде.

Е моја чудесна земја.
Мачка очи дека фаќа таканаречени криминалци со трева,за вистинските да можат да тргувааат на црна берза со прашок
 

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Три месеци по легализацијата на марихуаната, еве како изгледа Колорадо


Државната Дирекција за приходи на Колорадо објави извештај во кој стои дека продавачите на марихуана во март продале марихуана за рекреативни цели во вредност од речиси 19 милиони долари, што е пораст од 14-те милиони долари во февруари. Првите три месеци од легалната продажбата на тревката донеле 7,3 милиони долари од даноци, но тука не се вклучени даноците и лиценците од продажбата на медицинска марихуана, што ја крена оваа бројка до 12,6 милиони долари. По првите неколку месеци, Колорадо може да ги надмине и оние историски први денови од продажба на дневна основа.

Даноците од малопродажба на марихуаната донесе 1,4 милиони долари во јануари, 1,43 во февруари, и 1,898 милиони долари во март – што е јасна тракеторија нагоре. А вкупните даноци од трансфери и дистрибуција на марихуаната скокнале од 2, 927 милиони во јануари на 4,077 милиони долари во март. И она што е можеби најважно, иако е уште рано да се каже, е дека трендовите за од нагоре покажуваат дека првите месеци не се само резултат од возбудата од „новата играчка“, кога сите купуваат тревка и не само затоа што сега го можат тоа. Колораѓаните и претходно ја сакаа марихуаната, а и се уште ја сакаат.

Ненамерни последици: За истиот период, криминалот во Денвер благо опаднал, што ги поби противниците кои велеа дека тоа ќе резултира со повеќе нелегална продажба. Тоа отвори и скромен број на нови работни места, од „продажба на тезги“ и марихуана новинарство, до работа на фарми и нови сопственици. „Мапи на тревки“ (Weedmaps), бесплатната информативна веб страна, достигна околу 25 милиони долари во приходи во 2013 година. А државата создаде дури и банкарски систем кој соодветствува со упатствата од американската Централна банка, со што се расчистија и последните регулаторни прашања. Додека некои делови од приказната, како што е регулативата за канабисот за јадење се се уште под знак прашалник, по се изгледа законот во основа функционира онака како што беше и замислено.

Се проценува дека продажбата на легален канабис во САД ќе достигне до 2,57 милијарди долари годишно, приход кој ќе се оствари помеѓу 21-те држави кои дозволија продажба на некаква форма на марихуана. Тоа е пораст од минатогодишните 1,53 милијарди долари. Како што минува времето, индустријата со марихуана ќе расте во однос на бројот на заинтересираните, а потоа сето ова можеби ќе стане и политичко лоби самото за себе.

Како ќе се трошат приходите: Правниот систенм на Колорадо веќе направи план да потроши 33 милиони долари собрани од даноци од марихуаната на осигурување на училишта и јавно образование за марихуаната. Дури и полицијата на Колорадо очекува да добие парче од колачот од новите приходи и бара 10-15 проценти за процесите на Полицијата за дроги и лекови, и за борбата против диверзии во други држави и против нелиценцираната продажба.

Сепак, најголемиот дел од продажбата продолжува да биде медицинската марихуана, која е легална во Колорадо уште од 2000 година, и која во март достигна рекордна продажба вредна 35 милиони долари. Но, затоа што рекреативната тревка е повисоко оданочена, таа може брзо да ја надмине и медицинската марихуана во вкупниот приход од даноци. Се на се, гувернерот на Колорадо, Џон Хикенлупер, во февруари предвиде дека продажбата на марихуана во Колорадо може да достигне до една милијарда долари.

Се разбира, продажбата може и да забави. Но вестите од Колорадо се доказ дека легализацијата на марихуаната може успешно да биде од корист и за локалната економија и за владата.
 

»gêlê«

Delete!
Член од
17 декември 2010
Мислења
254
Поени од реакции
77
Има 4 вида на марихуана. Индика, Сатива, Рудералис и Медицинска Марихуана.
Основни видови се 3, Индика, Сатива и Рудералис, а Медицинската се добива со вкрстување и генетика.
Индиката има стоун ефекти и се користи како пеинкилер.
Сативата има енергетски ефекти, го крева моралот и се користи за лечење на дересија, анксиозност и слично.
Рудералис, тип на канабис по потекло од Русија. Нема некој особени психоактивни ефекти, но генетиката му е таква да му треба помалку светлина потребна за фотопериодот и се користи за вкрстување со индиката и сативата за добивање на автоматик стебла, на кој не им треба многу светлина за да преминат од вегетативен период во фаза на цветање..
Медицинската марихуана има низкос процент на THC, а висок процент на Cannabidiol (CBD). Канабидиолот се користи за третирање и лечење на скоро сите познати болести, но за жал ретко се употребува на нашите простори.
Скоро на сите онлајн продавници за семе од канабис има секција од каде може да си одмереме семе за Медицинска Марихуана.
Значи Медицинска Марихуана има низок процент на ТХЦ и го нема оној задоволувачки, рекреативен ефект на хај, но има голем дијапазон на позитивни медицински ефекти.
Дали и како може да се разликува Индика од Сатива?
- Физички?
- При конзумирање?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.902
Апослутно ДА за легализирање на марихуаната во Македонија и насекаде во светот. Не сум сигурен дали е во ред легализирање на марихуаната во тотолано слободни цели со оглед на тоа какво ни е општеството, но во медицински цели канабисот апсолутно го поддржувам и се надевам дека некогаш ке биде достапен за сите во облик во кој е најкорисен.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Дали и како може да се разликува Индика од Сатива?
- Физички?
- При конзумирање?
Се разликува по тоа што Индиката има добар боди хај, како што кажа Темјан, се користи како пеинкилер, затоа суштински е боди хајот битен во тој момент, и стонерски, добра вожња.
Сативата удара повеќе на мозок, повеќе ти се напушува мозокот одколку телото и удара повеќе на психа затоа се лечат некои психолошки состојби како анксиозност, нервоза и слично.
Медицинската Марихуана е во принцип како што кажа со наводно помалку присутно ТХЦ а поголемо присуство на чист Канабидиол , што фактички тоа е лекот и тоа е тој Канабидиодилен систем кој што самото наше тело го има, само преку конзумирањето на оваа супстанца ни се распоредува како што треба и не лечи. Иако во многу држави кај што има Медицинска марихуана, имаат многу опасни треви кој што имаат многу ТХЦ, навидум името на произведителот е дадено под синоним за медицинска марихуана а тие креираат многу моќна и вкусна марихуана што и таа е под еднакво лек.
И не мора да конзумираш Марихуана само ако си болен, туку можеш да конзумираш марихуана за да не се разболеш во иднина!

*МИЛИОН < ДА! > за легализирање на Марихуаната само во медицински цели ;
бидејќи ако биде општо легализирано , ситуацијата може да ескалира, затоа што на секој различно му делува и многумина ја толкуваат како дрога оваа појава, така што многу години назад сме жртви на најразлични системски пропагадни во тој смисол.

; Нуклеарките се легални , Тревата не е легална.
Пронајди ја логиката! Поздрав. .)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.788
Поени од реакции
11.355
Редно време е да се легализира, бидејќи бројот на луѓе заболени од рак енормно расте. Хемотерапијата е за оние тврдо убедени и ограничени луѓе па и доктори кои што сеуште слепо веруваат во нејзината ефикасност така да не им се мешам во изборот побрзо да умрат. Ме изненадува фактот што голем дел од докторите со кои разговарам немаат благе везе нити пак се едуцирани на таа тема. Едноставно се одлучуваат за најлесната варијанта "ти нема спас, ќе умреш, јбг". Марихуаната, пченичната трева и ред други органски билки се лекот за подобар живот. Бин дер, дан дет, затоа и зборам и ќе зборам и понатаму дека треба. Пробале еден тон луѓе да ме разубедат, но на крај повторно тропнале на мојата врата барајќи совет, помош. Не им сум замерил, бидејќи се работи за живот. А и моментално имам болна мајка која ја третирам и на која супер и оди сега за сега. Од друга страна уљето можеш да го користиш и да не си болен. Едноставно е иљач за секој ден.
Последно нешто што ми фали е да одам во затвор зошто сакам подолго и нормално да живеам јас или некој од мојата фамилија. На крај краева, ќе се иселам од овде. И и благодарам на државата за сите гомнарии бтњ.
Билка е да му се сневиди.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Боб Марли во животот појќе вдишал марихуана од колку кислород, па умре од рак

Ако е за докази ене и тој шо го измисли и цел живот конзумираше ЛСД умре на 100 годишна возраст
индијанците од јужна америка редовно конзумираат кока па шо им фали
Бароуз кој се родил со шприц во вена живееше 83 години
така да за секоја дрога може да се најде причина да се легализира.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Боб Марли во животот појќе вдишал марихуана од колку кислород, па умре од рак

Ако е за докази ене и тој шо го измисли и цел живот конзумираше ЛСД умре на 100 годишна возраст
индијанците од јужна америка редовно конзумираат кока па шо им фали
Бароуз кој се родил со шприц во вена живееше 83 години
така да за секоја дрога може да се најде причина да се легализира.
Лоши ти се споредбиве.
Марихуаната е посебен случај. Претерано голем број конзумира и пак е нелегелна. Околу хероин не се веќе толку глупи луѓето. А се сложувам дека има одредено штетно дејствие.

Статистиката во Амстердам покажува дека значително помалце се конзумира марихуана. Највеќе туристи пушат, самите Холанѓани не толку. Бидејки е легално и не се осеќаат ништо посебно ако пушат трева за разлика од децава кај нас што мислат дека се нешто посебни ако дуваат. Се филмаат нешто улица, блокови, гето, ау :D
Aко се легализира нема да се дава толкаво значење, ќе си биде онака, како пиво.
 
Последно уредено:

Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
Дали е могуче 90 души да гласале за НЕ ?! :pos: не ми се верува
 
Член од
11 декември 2008
Мислења
396
Поени од реакции
212
момци ме интересира за поседување марихуана пријател мој во домот при претрес му се најдени 5 тегли марихуана знае некој колку може да му изнесува казната дали парично или затвор и со адвокат ке има ли фајде ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom