Интересно.
Ги слушав на Телма овие, иако органски не можам да ги поднесам, особено водителите. Беа зачудени, благо кажано.
Е сега, не е точно дека Телма е или допрва ќе стане "шител на претходната власт", пошо има многу мала гледаност, ама дека сега собранието ќе легализира грабеж на државни пари со законов е 200% точно. И не знам што воопшто Левица се бават со Телма.Не го слушав Апасиев во Собрание за Макпетрол, го слушав Крмов, после ќе пишам за него. Саки многу умерено го коментираше Апасиев иако тој у к***ц го отерал, очигледно. Тактички не сака да влегуе у дуел, пошо очигледно е дека ќе станат неизбежни за коалицирање - тоа ќе биде интересно. Значи, ако се има можност да се настапи на Телма, се оди и без крв у уста, јасно се кажува што ти е политичката идеја...малку инфантилно делуе конфликт со медиум.
Е сега, тоа шо не ми се свиѓа е шо Левица упорно игнорираат локални проблеми и нивните локални штабови се пасивни, а по општиниве е буквална калакурница, почнувајќи од скопскиве, каде што ќор може да убоде на секојдневниве глупости. Макар и на фејсбук да верглаат, мора нешто да праат на таа тема.
Борис Крмов, ми станува се' посимпатичен, работел на настапот, има повеќе самодоверба и тоа што е најбитно - кажаното е јасно за разбирање, нема вујаклија зборови, енглески уфрлувања....меѓутоа, не може да збори за национализација на Макпетрол. Тоа е неможно. За национализација на такви фирми, треба со тенкови по улица да се испотепаме. Значи, нереални муабети, што помалку. Инаку, многу поинаку звучи критиката од некој што немал власт или интерес претходно за разлика од некој што имал и сега вергла само со идеја да се дочепка до фотеља.