Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Според анкетата се негде помеѓу 90 и 100 илјади гласови, зависно од излезност. Кај десетина пратеници.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Интересно.

Ги слушав на Телма овие, иако органски не можам да ги поднесам, особено водителите. Беа зачудени, благо кажано.
Е сега, не е точно дека Телма е или допрва ќе стане "шител на претходната власт", пошо има многу мала гледаност, ама дека сега собранието ќе легализира грабеж на државни пари со законов е 200% точно. И не знам што воопшто Левица се бават со Телма.Не го слушав Апасиев во Собрание за Макпетрол, го слушав Крмов, после ќе пишам за него. Саки многу умерено го коментираше Апасиев иако тој у к***ц го отерал, очигледно. Тактички не сака да влегуе у дуел, пошо очигледно е дека ќе станат неизбежни за коалицирање - тоа ќе биде интересно. Значи, ако се има можност да се настапи на Телма, се оди и без крв у уста, јасно се кажува што ти е политичката идеја...малку инфантилно делуе конфликт со медиум.

Е сега, тоа шо не ми се свиѓа е шо Левица упорно игнорираат локални проблеми и нивните локални штабови се пасивни, а по општиниве е буквална калакурница, почнувајќи од скопскиве, каде што ќор може да убоде на секојдневниве глупости. Макар и на фејсбук да верглаат, мора нешто да праат на таа тема.

Борис Крмов, ми станува се' посимпатичен, работел на настапот, има повеќе самодоверба и тоа што е најбитно - кажаното е јасно за разбирање, нема вујаклија зборови, енглески уфрлувања....меѓутоа, не може да збори за национализација на Макпетрол. Тоа е неможно. За национализација на такви фирми, треба со тенкови по улица да се испотепаме. Значи, нереални муабети, што помалку. Инаку, многу поинаку звучи критиката од некој што немал власт или интерес претходно за разлика од некој што имал и сега вергла само со идеја да се дочепка до фотеља.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Добро можно е олкав да е скокот? Ова се практично над 100К гласа и двоцифрен број на пратеници.
 
Член од
15 јуни 2014
Мислења
309
Поени од реакции
297
Добро можно е олкав да е скокот? Ова се практично над 100К гласа и двоцифрен број на пратеници.
Реално да, а би требало да е и повеќе. Кој нормален може да излезе со цел да гласа на следните избори и опцијата да му е ВМРО-СДС? Е сега, друго е прашањето колкав е бројот на нормални во Севернава.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.664
Поени од реакции
7.569
Добро можно е олкав да е скокот? Ова се практично над 100К гласа и двоцифрен број на пратеници.
Мислам дека и доста интересна и многу важна би била и распределбата по ИЕ.Ако има голема концентрација во ИЕ1,ИЕ2, и ИЕ3 ( според тоа каде Левица поминаа најдобро), тоа би направило доста пореметувања во пресметките на сите посебно ако во ИЕ1 и ИЕ2 Левица успее да ги помине ДУИ и да завршат како трети и ако успее да добие доволно гласачи за барем еден пратеник во ИЕ6 ( пратеник кој би бил откинат од контото на ДУИ како најака партија).

Да се намали коалициониот потенцијал на ДУИ е клучно.
 
Последно уредено:
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.243
Поени од реакции
4.444
Саки од телма каков излив имаше, де со златна зора го поврза Апасиев, де "некој лидер од триесетите години на минатиот век" му бил идол.

Здравје едно 10 години Коста Костадинов и Тимчо Муцунски стануваат лидери, пристигаат со електричен тротинет и се здружуваат против злото левица :D
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Саки од телма каков излив имаше, де со златна зора го поврза Апасиев, де "некој лидер од триесетите години на минатиот век" му бил идол.
Хах, да...овој момент го заборавив, а ме изнасмеа. Колку треба да е глуп тој што ги гледа за да ја прифати паралелата со "незадоволството од финансиската криза предизвикана од двете најголеми партии ја изразиле во глас за златна зора", а на изборите победуваше Сириза, практично еквивалент на Левица по идеологија, настанување, анонимуси во дотогашниот политички живот, дури и името е Левица во превод, ако не се лажам.
Невидено тресење глупости....и си излегуваш на сопствена телевизија и со оној камелеон Клековски си тресеш глупости у кои ни сам не веруваш...смешно.
Дури и така се одјавија - "еден лидер, кој се издигна на сентиментот на поразот на граѓаните на Германија во Првата светска војна".....ееее Саки, Саки, теле едно...со вакви малоумни паралели само се докажува дека незадоволство постои и дека ваква режирана игра со контролирана опозиција како мицко многу повеќе знаат да ја играат, отколку со некој што низ гаќи ги тресе со аргументи.
Автоматски споено мислење:

Добро можно е олкав да е скокот? Ова се практично над 100К гласа и двоцифрен број на пратеници.
Мислам дека мутат цифри луѓето што се вратени во периодов на коронава. Не можам само да кажам за колкава бројка се работи. Најверојатно е дека се работи за луѓе што немаат интерес во сдс-дпне-учк мафијата, затоа што и не би избегале од државава....ова нагаѓам, ама не гледам друго објаснување. Дури и ова не ми е многу логични, пошо истите не знам колку се мотивирани да гласаат.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
Олигархијата е еден од трите битни понтонски мостови меѓу СДСМ и ДПМНЕ, домашните и странските дипломатско-разузнавачки структури се вториот и третиот, соодветно на дадената ситуација.
Према ова одиме уште посилно од шупливо во празно.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Овие бројки, ако веќе не вадат кандидати за градоначалници им се одлични за земање советнички места и во многу градови од нив да зависи кој ќе има мнозинство во советот.

Слично би било и при правење влада во евентуални парламентарни избори, но ако тие избори се одржат дури во редовниот термин прашање е дали овие бројки би се задржале за Левица, иако трендот би бил, како гласна парламентарна опозиција да им расте бројката, особено при немање харизматичен лидер од најголемата опозициска партија кој би прибирал поени на незадоволството од владата на Заев.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Добро можно е олкав да е скокот? Ова се практично над 100К гласа и двоцифрен број на пратеници.
Зошто да не. Вмро е очајна моментално, Сдсм освен тие што се партиски поврзани со партијата или имаат некаков интерес, на нормален човек би му било срам да каже дека гласа за нив. Со парламентот добија платформа да бидат слушнати и станаа препознатливи кај широка маса на луѓе.

Кога ќе се видат резулатите од анкетата, 25% од Македонците изјавиле дека нема да гласаат додека тој процент кај Албанците е 10%. Тоа значи дека кај македонскиот блок има голем потенцијал за промени.

Според мене Левица сега за сега освен со некои мали забелешки одлично вози овој период. Апасиев сеа за сеа е одличен. Не можам да предвидам како ќе биде во иднина ама ако продолжат со ова темпо на наредни предвремени парламентарни избори разликата со големите партии ќе биде помала од 2:1.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Мислам дека и доста интересна и многу важна би била и распределбата по ИЕ.Ако има голема концентрација во ИЕ1,ИЕ2, и ИЕ3 ( според тоа каде Левица поминаа најдобро), тоа би направило доста пореметувања во пресметките на сите посебно ако во ИЕ1 и ИЕ2 Левица успее да ги помине ДУИ и да завршат како трети и ако успее да добие доволно гласачи за барем еден пратеник во ИЕ6 ( пратеник кој би бил откинат од контото на ДУИ како најака партија).

Да се намали коалициониот потенцијал на ДУИ е клучно.
Во ИЕ 6 тешко според мене. Гледам ДПМНЕ зеле 2 пратеника, додека СДС 4. Левица имала 1000 гласа само таму. Поверојатно е во ИЕ5 да земат пратеник, каде што имале речиси 5000 гласа. Со новово расположение лагано би земале тука пратеник.

Инаку што да се каже за споредбите на Апасиев со Хитлер од страна на оваа гнида платеничка од Телма. Срамота е бе гнаси, све живо и диво аминувавте, за геноцидот над Македонскиот народ климавте со главчињата и го фалевте како супер договор, а сега вие некого обвинувате дека бил Хитлер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom