Латински фрази применливи во секојдневниот живот

Член од
11 ноември 2015
Мислења
304
Поени од реакции
118
Factum fieri infectum non potest - Невозможно е некое дело да се поништи (кога на некој му се лутиш за неговите/нејзините погрешни постапки)

Aut viam inveniam aut faciam - Јас ќе најдам начин или ќе направам таков (убаво би било секој од нас во животот секогаш да се стреми да биде што повеќе упорен, креативно да размислува и никогаш да не се откажува)

Ad meliora - Кон подобри работи (кога нешти не ти оди од рака, а потребна ти е мотивација за продолжување понатаму)
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
"A priori" - однапред, независно од искуството, без претходнo знаењe, знаење по договор.

"Ad hoc" - од тоа, оттаму, настанато веднаш, од конкретната состојба, само за оваа прилика/цел.

"Alibi" - на друго место.

"A.D." од "Anno Domini" - година на владеење, актуелната година, време кое се смета од годината на раѓањето на Исус.

"Bona fide" - со добра верба, нешто што е релано/вистинско.

"Curriculum vitae" или "CV" - текот на животот или куса биографија.

"De facto" - навистина, всушност.

"De iure" - врз основа на законот, согласно правото, од правна гледна точка.


"Extra" - дополнително, како додаток.

"Ergo" - затоа, оттука, следствено на тоа.

"Et cetera" или "etc." - и така натаму.

"E.g." - како на пример, од "exempli gratia".

"I.e." од "id est"- то ест.


"In vitro" - во стакло, експеримент изведен во епрувета.

"Impromptu" - спонтано.

"Locus sigilli" или "L.S." - место на документот/договорот одредено за печат.

''Manu propria" или "M.P." - со сопствена рака, своерачен потпис.

"Per se" - само по себе, интринзично.

"Status quo" - иста/затекната ситуација или непроменет статус.

"Verbatim" - пренесено од збор до збор, буквално.

"Versus" - против, наспроти, контра.

"Vice versa" - и обратно.
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
"Fiat lux" - „Нека биде светлина/И би светлина“, дел од текст од Генезата содржан во Тората, во којшто се говори за креацијата на светот од страна на Бог:

„Во почетокот Бог ги создаде небесата и земјата.
И земјата беше без форма и празна; и темнината беше на лицето на длабочините. И Духот Божји се пренесе по лицето на водите.
И Бог рече: Нека биде светлина; и би светлина.
И Бог ја виде светлината и беше добра; и Бог ја раздвои светлината од темнината.“

Инаку, ова било мото на некои образовни институции.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
"Laconica brevitas" - лаконска фраза (краткост) или лаконизам е концизна или „тапа“ изјава, која го носи името по Лаконија, регион на Грција, вклучувајќи го и градот Спарта, чии антички жители имале репутација на вербално штедење и биле познати по нивните остроумни забелешки искажани со малку зборови.

Истакнат пример за користење на ваквите фрази бил и Филип II Македонски. Откако ја нападнал Јужна Грција и ја востановил својата власт над другите потчинети полиси (градови-држави), тој го свртел вниманието кон Спарта и безмилосно ги запрашал нив дали треба да дојде како пријател или непријател. Одговорот од страна на спартанците бил „Ниту едно од двете“.

Губејќи трпеливост од таквиот одговор, тој ја испратил пораката:

„Ве советувам да ми се покорите без било какво натамошно одложување, затоа што ако јас ја доведам мојата војска во вашата земја, ќе ги уништам вашите фарми, ќе го убијам вашиот народ и ќе го ограбам вашиот град“.

Спартанците повторно одговориле кусо и со еден збор:

„Ако“,

по што, ниту Филип, ниту неговиот син Александар Велики веќе не се обиделе да го заземат градот.

Во тој контекст и зборот „абревијација“ означува скратена форма од нешто (потекнува од латинскиот "brevis" кој означува „кусо“).

Акроним („акро“ - врв и „-ним“ - име) е веќе грчки термин кој означува исто така кратенка од лично име или назив.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.201
Поени од реакции
84.097
Artisum corp est corumila
- кога докторот се смешка, пилињата си одат
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
"In vino veritas"
Не ви го преведувам, нека ви каже вујаклија.
Еее Натке бе, сафи кеф си сеа со оваа тема :angel: Да не беше латинскио јазик немаше да бидеш тоуку елокветна и конзистентна коуку шо си. Дури и Ботко да ти подзавиде ;)
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
"In vino veritas"
Не ви го преведувам, нека ви каже вујаклија.
Еее Натке бе, сафи кеф си сеа со оваа тема :angel: Да не беше латинскио јазик немаше да бидеш тоуку елокветна и конзистентна коуку шо си. Дури и Ботко да ти подзавиде ;)
Мојата таканаречена „елоквенција“ е добра маска за тоа колку сум понекогаш боса во аргументите упатени кон опонентите тука. Латинскиов ми е инаку „шкљ“ класа, една наша професорка порано течно го говореше и него и старогрчкиот, раскажувајќи ни цели анегдоти, приказни и афоризми на латински, а на Интернет постојат и цели чет-групи каде се допишуваат на овој јазик, кој е инаку многу тежок за совладување, бидејќи најпрво треба соодветно да ја обликуваш и срочиш мислата, да ги наредиш зборовите по соодветните за јазикот ред и логика (а кои се сосем различни од нашите), да ги употребиш именките во правилните деклинации и глаголите во точните конјугации, притоа владеејќи ги и сите родови на поединечните именки. Tricky af. :)
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Мојата таканаречена „елоквенција“ е добра маска за тоа колку сум понекогаш боса во аргументите упатени кон опонентите тука. Латинскиов ми е инаку „шкљ“ класа, една наша професорка порано течно го говореше и него и старогрчкиот, раскажувајчи ни цели анегдоти, приказни и афоризми на латински, а на Интернет постојат и цели чет-групи каде се допишуваат на овој јазик, кој е инаку многу тежок за совладување, бидејќи најпрво треба соодветно да ја обликуваш и срочиш мислата, да ги наредиш зборовите по соодветните за јазикот ред и логика (а кои се сосем различни од нашите), да ги употребиш именките во правилните деклинации и глаголите во точните конјугации, притоа владеејќи ги и сите родови на поединечните именки. Tricky af. :)
А шо па југолосвенските, севервнословенските јазици полесни да не се од идиотскио латински мислеш?
Пробај санскрит, кинески, јапонски? Латинскио ни вода не може да и носе! ;)
Туку сакаш да кажеш дека сите тука елокветни буразерчиња се уствари боси? :noze:
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
А шо па југолосвенските, севервнословенските јазици полесни да не се од идиотскио латински мислеш?
Пробај санскрит, кинески, јапонски? Латинскио ни вода не може да и носе! ;)
Туку сакаш да кажеш дека сите тука елокветни буразерчиња се уствари боси? :noze:
Не, тоа само за себеси го применив во конкретниот горенаведен случај. Елоквентноста/елоквенцијата на својот и на туѓи јазици е доказ за високиот степен на едукација, па и причинско-последичното размислување и поврзување на јазиците, како и на ерудицијата (начитаноста) на индивидуата. Македонскиот конкретно, за другите наведени од твоја страна не знам со сигрурност, иако мислам дека и тие во голема мера го темелат својот корпус на „странцизми“, интернационализми и стручен вокабулар на латинскиот, всушност и во нашиот јазик се употребуваат неколку рудиментни падежни форми од латинскиот јазик - номинатив, генитив, датив, акузатив, инструментал и вокатив, кои ретко кој ги почитува и знае, колку што мене ми е познато. За санскритот нема никаков приговор, од него се произлезени повеќето индоевропски јазици, а јапонскиот и кинескиот нам, сепак, ни се многу далечни и несродни јазици. И не ословувај нешто за кое имаш многу скудни познавања како „идиотско“, затоа што звучиш како тотален „игнорамус“, чисто мала забелешка за друг пат. ;)
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
И не ословувај нешто за кое имаш многу скудни познавања како „идиотско“, затоа што звучиш како тотален „игнорамус“, чисто мала забелешка за друг пат. ;)
Па у тоа е разликата измеѓу мене и вечином људи. Шо јас немам надувано его да се трудам и да ме гајле како ке звучам, изгледам. Латинкио го доживувам како идиотски. Као прво звучно ми е одбивен. Као фторо цел модерна едукација, или поприродно кажано образо-вање/није е е затровено со латински и грчки изрази, па затоа кутрио Гдин Вујалкија морал да се маче. И треба ли да ти нацртам дека "високата" образованост нема благе везе со тоа колку е човек паметен, а уште помалце везе со интелегенција? Баш е показател на ментална и духовно-свест-на немоќ особите кои се изразуват со еден куп латински изрази. Туку ај да не го тупам, нема поента. ;)
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Па у тоа е разликата измеѓу мене и вечином људи. Шо јас немам надувано его да се трудам и да ме гајле како ке звучам, изгледам. Латинкио го доживувам како идиотски. Као прво звучно ми е одбивен. Као фторо цел модерна едукација, или поприродно кажано образо-вање/није е е затровено со латински и грчки изрази, па затоа кутрио Гдин Вујалкија морал да се маче. И треба ли да ти нацртам дека "високата" образованост нема благе везе со тоа колку е човек паметен, а уште помалце везе со интелегенција? Баш е показател на ментална и духовно-свест-на немоќ особите кои се изразуват со еден куп латински изрази. Туку ај да не го тупам, нема поента. ;)
Па што тогаш бараш навистина да го „тупиш“ и да се просераваш со мудрост, која реално, не ја поседуваш ни инаку, во тема за јазик кој не е во доменот на твоите интереси?! „ИнтелигенцИја“ се вика и пишува инаку, и секако дека владеењето на овој јазик е репер и показател за тоа колку индивидуата е и паметна, меѓу другото. Те поздрави мојата „високоедуцирана духовна свест на немоќ“, инаку вака, патем речено.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Па што тогаш бараш навистина да го „тупиш“ и да се просераваш со мудрост, која реално, не ја поседуваш ни инаку, во тема за јазик кој не е во доменот на твоите интереси?! „ИнтелигенцИја“ се вика и пишува инаку, и секако дека владеењето на овој јазик е репер и показател за тоа колку индивидуата е и паметна, меѓу другото. Те поздрави мојата „високоедуцирана духовна свест на немоќ“, инаку вака, патем речено.
Натке душо и на тебе не ти е арно. Ајде остани си со здравје и продужи да се докажуваш и да бидеш репер на реперот
за паметноќа.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.232
Поени од реакции
30.460
Шо јас немам надувано его да се трудам и да ме гајле како ке звучам, изгледам
Bi se soglasila so vtoriot del... ama za prviot...


Епа тука е финтата. Факат е дека хронично болните, постари секојдневно умираат од грипозни влијанија. А бројката сега со новио летечи мал зелени вирус (кој управо дознавме дека дошол од друга планета), е иста!
И додека летечио зелени вирус ужива врховна слава еден прилично стар вирус сосема е разочаран пошто никој име не му спомнува, а секојдневно убива над 25000 луѓе. Или на секој 5 секунди по еден.
Диар Лорд Џизас. И додека рисјаните секоја година како навиени лицемерно си ги честитаат празниците со љубов, здравје и среќа само на нивните блиски и на луѓето узпут ждрајки месетини Ти горе на небото веќе сигурно си станал зависен на небесни седативи, пошто одамна ти поминала фазата кога само не си знаел дал да плачеш ил да се смееш на нашата човечко дволичје (у мајмала рака). А веровато и си се шекнал веќе и решил малце да си поиграш со нас па ни прати Цовид деветнаес надевајки се дека седејки у карантин ке ни светне у тиквите дека ние човеколиките мајмуни не сме едини чеда на планетата, туку има нооогу повеќе чеда кои се кој знае со колку цифри помногубројни од нас.
За непуни 100 години успеавме да ја поебеме планетата, се уфилмавме дека се живо и диво околу нас е си создал специјално за нас да го екплоатираме, потрошеме, уништеме, убиеме, изедеме, исереме.
Да ти кажам право превише си благ. Превише предупредувања ни даваш. Со цунамито во кој за неколку дена изгинаа 300000 мајмуни ни кажа дека ако ти прдне можеш со прстите штрак и аш да не снема. Ама глеаш ние сме такви мајмуни, се филамвме дека тоа ХААРПО на американците било. Се ми се чине дека ова ни е последно предупредување пошто једноставно не те контаме, само продужуваме да се филмаме дека цовид 19 дошол од љиљак кој го јаделе кинезите, дека од лабораторија дошол, дека уопште нема вирус итд. Не ни иде ак'ло диар Џизас. Се се плашам дека после 2-3 години ке пуштеш вирус пофункционален и од шпанската грозница да покосе една третина или пола популација. Кој знае дали и тогај ке ни се разбудат лејките. Пошто па би останале 4 миљрди, а до пред 100 години не сме биле ни две. И така лорде Џизас. Ја у магаречи стил си џвакам зеленило, не ждерам јагниња и не вапцам јајца, затоа и нема потреба лицемерно да ти се правдам преку честитки.
За што помалце години празникот (да го снема). Halelujah...
И не гинат веќе од сообрајки, од убиства и од други болести. Откако се појави ковид2019 сите други болести се повлечеа, ставиа се на idle и не ги убиват веќе луѓето.
Ova se site postovi kade se prikazuvas kako posvesen, popameten od site nas, "licemerni" i zaostanati smrtnici, deka nie bez tvojot input nemavme poima deka postoeja i drugi bolesti i tvoeto omileno, glad, od koe umiraat stotici lugi.
Vprocem poradi toa dosaganje i izede ban.

Latinska izreka za ovoj post:
Post Scriptum ili P.S - I want you to know it was me. Burazeru. Uwu.
 
Член од
12 февруари 2020
Мислења
41
Поени од реакции
145
Читам и ништо не разбирам. Премногу странски зборови. Еве на пример јас сакам да слушам радио. Таму сешто зборуваат и секогаш кога ќе слушнам странски зборови, гласно велам - И јас на тебе!!! Би го кажал и следново. Јас ги сакам нашите обичаи и можам да кажам дека понекогаш сум спремен и да загинам за нашите обичаи. Додека сум жив јас ќе се борам за нашите обичаи,ќе се борам за нашиот јазик! Имаме ние наши убави пцовки за секоја ситуација - стварно не разбирам зошто ни се потребни сите тие странски пцовки? Еднаш и се јавив во емисија на радио за да им го кажам истово , кога тие од радиото ми ќутат. Стварно не разбирам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom