Драга, прво да им честитам Велигден на оние што слават денес, нека ви е среќен празникот.
Сега одиме со останатото.
1. Добро бе, дали се удрени со боздоган или стварно немаат кислород во тоа мозоците.
00:00 рокање некоја будала петарда од тие појаките, ме извади од памет на место. Што убаво си најдоа начин да го дочркаат празникот, на полноќ сите со свеќи во раце на тераса и ете некој мора да направи пиздарија. Петарди за Велигден.
Света Темнино, сачувај ме.
2. Честиташ празник и на крајот додаваш ,,...Македонциииии!!!!!". Чекај малку бе другар. Само Македонци слават? Нема православни (или општо христијани) Албанци, Турци, Грци итн. И што ако некој Македонец е будист, таоист, телемит, сатанист, одинист...
3. Некој од спротивна зграда пуштил музика што нема врска со празников, за да го прослави празникот. Некои си т.н. патриотски песни. И ај што немаат врска со празников туку немаат врска со патриотизам, а и тие што ги пејат исто немаат врска со патриотизам.
Комши не ме терај за инат да пуштам сиртаки, ќе скокнеш од тераса не дај Темнино.
Епизодата Боруто,
џабе беше чекањето. Замараа опет со тоа како тимската работа била клучна за нинџите. Нешто со кое стално го тупеа уште у времето на Наруто.