Латински фрази применливи во секојдневниот живот

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Јазик од кого потекнала романската група на јазици, но од него голем дел зборовен фонд присвоиле и други јазици, како на пример - англискиот (германска група на јазици), а одредени интернационализми како заемки, се користат и во нашиот јазик. Неправедно запоставен, мислам дека заслужува третман и тука. Оној кој има интерес, нека продолжи.

Една од најпознатите: "Repetitio est mater studiorum" - повторувањето е мајка на знаењето, како за вовед.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Една од моите омилени..

Dulce est habere amicum doloris – Убаво е да имаш пријател во несреќа.
Не ја знаев оваа. :)

"Similis simili gaudet" - сличен на сличниот му се радува.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Не ја знаев оваа. :)

"Similis simili gaudet" - сличен на сличниот му се радува.
Две се „најпознати“ латински поговорки на тема пријателство:

Amicus certus in re incerta cernitur - прав пријател се познава во невоља.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Две се „најпознати“ латински поговорки на тема пријателство:

Amicus certus in re incerta cernitur - прав пријател се познава во невоља.
Ниту таа не ја знаев. (y)

"Ab ovo" - со значење "од јајце" или "од почетоците на нештата", која потекнува од митот за Леда и лебедот, во кој се престорил Зевс и така ја оплодил, по што таа од јајце ги испилила Диоскурите (близнаци - оттаму потекнува и хороскопскиот знак) Кастор и Полидевк (Полукс), инаку соѕвездие и познатата Елена Тројанска. "Аb ovo usque ad mala" - е некаква проширена форма, со значење "од јајце до јаболко", бидејќи Римјаните појадокот го почнувале со првото, а го завршувале со второто.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.426
Поени од реакции
9.761
odlicna tema, malku pozitivnost vo ovie cklj vreminja.

fortes fortuna adiuvat - srekjata gi prati/preferira hrabrite.
ovaa mi e zivotna filozofija i kandidat za vtora tetovaza :cool:
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
"Lupus in fabula" - за волкот во приказната или зброрувавме токму за личноста која одненадеж се појави.

"Vulpes mutant cupilum, non mores" - Лисицата (кај нас волкот) го менува влакното, но не и наравта/навиките.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
De gustibus non est disputandum. - За вкусовите не се дискутира.
Timeo hominem unius libri.
Bonus penis, pax in domus.

* Другите 2 сами преведете си ги.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
De gustibus non est disputandum. - За вкусовите не се дискутира.
Timeo hominem unius libri.
Bonus penis, pax in domus.

* Другите 2 сами преведете си ги.
"Timeo Danaos et dona ferentes" - во слободен превод - не им верувај на Данајците/Грците ни кога носат дарови. (Митот за Тројанскиот коњ).

Третово е л'жга и превара, ама многу е добро. :D
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
"Timeo Danaos et dona ferentes" - во слободен превод - не им верувај на Данајците/Грците ни кога носат дарови. (Митот за Тројанскиот коњ).

Третово е л'жга и превара, ама многу е добро. :D
Тоа не сум го кажал јас, римјаните го кажале :) Дали има вистина или не, тоа е друг муабет.
Второто баш не е тоа, никаква поврзаност немаат тие две изреки.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Тоа не сум го кажал јас, римјаните го кажале :) Дали има вистина или не, тоа е друг муабет.
Второто баш не е тоа, никаква поврзаност немаат тие две изреки.
Не, не, се сетив на таа која ја пишав бидејќи почнува со "Timeo" - што всушност значи "да се плаши" - "timid", ако на тоа мислевте. "Terra est stella" - Земјата е ѕвезда.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom