Ласерско отстранување на диоптрија - митови и прашања

Ласерска корекција на видот?

  • Да, но само во странство

    Гласови: 45 28,7%
  • Да

    Гласови: 66 42,0%
  • Не

    Гласови: 12 7,6%
  • Не ми е сигурно, незнам...

    Гласови: 34 21,7%

  • Вкупно гласачи
    157
Член од
8 септември 2018
Мислења
153
Поени од реакции
289
Наполнив 24 год сега во август, планирам да станам стјуарт во луфтханза во Германија и ги исполнувам сите услови освен диоптрија што ми е - 5...сакам да направам операција за да можам да почнам со работа таму од една страна а од друга слушам дека под 26 не е убаво, во март месец 2018 бев на преглед и од - 3,5 и - 4,5 отидов ма - 4,5 и - 5 што ќе препорачате
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
И еве, 10 години поминаа откако ја отворив темата и конечно направив ЛАСИК во Систина кај доктор Билјана Костовска. Ќе пишам искуство за да му се најде на некој што има дилеми и прашања на темава.

Имав висока миопија, и на двете очи -7, пред да ја направам операцијата. Со прегледи во Систина почнав во декември 2018 година, но еден период растеше диоптријата и не можеше веднаш да се направи. Првите прегледи траат по час и половина, додека детално не испитаат буквално сѐ за да откријат дали сте кандидат или не за оваа операција. Најглавните 2 услови се стабилна диоптрија барем една година и доволно дебела рожница. Исто така треба да имате здрави очи, задниот дел од окото да биде без аномалии и сл. На неколу прегледи пред самата интервенција ми правеа некакво ласерирање или LFK печати како што стручно се нарекуваат. Тоа е всушност подготовка пред корекцијата и не се прави кај сите, само ако има одредени промени во окото кои мора да се средат. Малку е непријатно бидејќи треба да се воздржите од трепкање и да гледате во јака светлина додека докторката тоа го среди како што треба. Добивате анестетик, но сепак се чувствува како мала игличка која ви работи нешто во очите.

Во Систина ЛАСИК операциите се прават последниот викенд од месецот и однапред ви одредуваат термин, така што апсолутно сте подготвени за целиот процес. Тој ден они сигурно прават 20+ операции и кај сите следат ист протокол. Пред да влезете во сала се потпишувате дека сте согласни и доброволно сте се одлучиле на тоа, ви даваат документ во којшто пишува на кој начин се изведува операцијата, што да очекувате и можни несакани ефекти. Потоа некоја од сестрите детално ви опишува што точно ќе се случува и се обидува да ве ослободи од психичкиот стрес, добивате 2 дијазапами и 1 ибупрофен. Влегувате во сала и легнувате. Операцијата трае 7-10 мин за двете очи и е безболна. И кога велам безболна, мислам апсолутно безболна. Прво го работат десното око, левото ви е затворено. На почетокот целосно го губите видот на некои 5 секунди и тоа е сосема нормално, па чувствувате некаква миризба од ласерот и додека докторката ви прави муабет вие неќе немате диоптрија. Истата постапка се применува веднаш и со левото око. Станувате и на почетокот гледате магливо (но тоа не е истата нејаснотија како кога сте имале диоптрија), како низ вода. Излегувате од сала и одите во друга просторија каде што на друг апарат ја гледаат состојбата на очите (дали флапот е правилно наместен и дали сѐ поминало како што треба) и ви даваат лист со упатства што смеете, а што не смеете да правите. Добивате и различен тип капки и вештачки солзи кои треба да ги ставате на секој час. Овде со вас е присутна придружбата која мора да ја имате со вас цело време, и на прегледи и постоперативно (најчесто затоа што сѐ уште имате широка зеница и не можете да гледате чисто). Првиот ден по операција е најважен. Не смеете никако да ги допирате очите, не смее да ви влезе ни капка вода во око, не смеете да спортувате и заради заштита треба да носите темни очила за сонце. Следниот ден повторно одите на контрола.

Е сега, кај мене следниот ден открија дека десното око јавило имунолошка реакција (организмот се бори против ласерот како со страно тело) и околу недела дена примав инекции во око за да ја смират таа реакција која јави црвенило, бодење, чешање и неможност да го отворам окото. Ми кажаа дека тоа се случува баш ретко, но ете, кај мене се случи и ме преплаши, но за среќа на крајот добро се заврши. На една од контролите видоа и дека ми е изместен флапот, па докторката повторно го врати како што треба со една доста тенка алатка, како чачкалица. Сега додека пишувам зеницата на десното око сѐ уште ми е широка, но првите неколку денови беше премногу и требаше баш долго време додека да почне да се стеснува.

Во глобала постоперативниот период би требало да трае многу кратко, ако сѐ помине без проблеми, брзо се враќате на секојдневните обврски и функционирате нормално. Или како што ми кажа докторката - сега заборави дека воопшто си ја правела оваа операција и однесувај се нормално.

Од тимот на Систина сум презадоволна, љубезни, културни, внимателни и што е најважно сѐ точно навремено и прецизно како што и треба да биде во секоја здравствена установа.

Операцијата чини 500 евра од око (понекогаш имаат и попусти), за Велигден беше 400 евра, а контролите по операција не ги наплаќаат.

Ако некој има прашања или нешто што не опфатив во постов слободно нека ми пише, со задоволство ќе одговорам ако знам. :)
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.599
@Вокерка какви се резултатите? Дали во иднина ќе ти бидат потребни очила или било какви други помагала за да гледаш нормално, или не? Мајка ми има -3 диоптрија така некако, и се мисли што да прави.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
@Вокерка какви се резултатите? Дали во иднина ќе ти бидат потребни очила или било какви други помагала за да гледаш нормално, или не? Мајка ми има -3 диоптрија така некако, и се мисли што да прави.
Кај мене целосно е отстранета диоптријата, сега сум на 0 и не носам очила. Тоа дали во иднина нема пак да се појави никој не може да го гарантира, зависи од стилот на живот и од самиот организам. Но и да се појави тоа ќе биде некоја минимална диоптрија, докај -1, иако кај секој е различно.
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
35
Поени од реакции
32
здраво и јас сум заинтеррдиран околу ласерско но се плашам кај мене е астигматисам миопиа на -2 на двете срани докторката ми напиша наочари и несто не беше лубезна све на берзина не добив никаков совет
 
Член од
23 јуни 2020
Мислења
1
Поени од реакции
1
Здраво, јас првпат се регистрирав на форумот за да го пренесам своето искуство (напоменувам дека немам искуство со ласерско отстранување на диоптрија), но ќе се задржам на - мое искуство со диоптрија. Ве молам од срце прочитајте го писаниево, за да извлечете поука.

Моето искуство со диоптрија
Значи вака, мене ми е откриено диоптрија при крајот на 17та година од животот (тоа беше 2013 год), тогаш имав систематски преглед и не ги погодив бројките, ми дадоа упат за да идам у болница и да си го проверам видот, јас после систематскиот преглед, тој лист го фрлив во ѓубре. И така во септември 2014 год, тогаш имав веќе наполнето 18 год, беа уписите за на факултет, одев да се запишувам во УГД Штип - во дисперзираните студии во Струмица и враќајќи се,сакав да ја преминам улицата, татко ми ме чекаше на другата страна паркиран и јас, претрчав на другата страна, напоменувам немаше пешачки премин и ме удри кола, не се сеќавам на ништо, татко ми вика дека сум летнала во воздухот неколку метри од силниот удар. Е сега не е темата за сообраќајната несреќа, за која јас сум си виновна јас туку акцентот го ставам на моето невнимание, значи јас уште тогаш не можев да ги гледам регистраските табли од 4 метра максимум, лупам значи не сум сигурна. јас бев како дефокусирана, избеумена, тоа е важен показател дека ми се расипува видот, но не сакав да си признаам. На факс не можев да прочитам ништо од таблата во амфитеатарот ниту пак од ЛЦД -то што беа прилично големи буквите, колешката од факс што седеше до мене пишуваше а јас гледав од неа пошто не можев да прочитам, матно ми беше се. Ете уште еден показател дека имам диоптрија, но јас пак продолжив да спијам и да не преземам ништо по повод тој проблем, тоа беше 2015год. Е сега др показател, во 2016год не можев ни во предавалната да читам од ЛЦД-то и така се засрамив пред проф, кога ми рече да прочитам нешто, јас само молчев. И ете така терав до 2018 год, (тогаш наполнив 22 год, бев 4та год студент).
Се додека бев способна да гледам пред мене, буквите на дисплејот на лаптопот молчев и трпев, но кога почнав се повеќе да го приближувам до мене екранот и кога не можев да читам превод на ТВ и кога не можев да ги препознавам фаците на луѓето, им реков на моите со страв дека имам проблем со очите не можам да гледам. Не можев ниту бројките на календарот, ниту пак бројките на дигиталниот саат да ги гледам како што сум можела пред мнооогу год. Морам да спомнам имав чести главоболки и плус болки во забите, цела вилица ме болеше, бев на операција да ми вадат 2та долни умници. И бевме на преглед кај приватен доктор - офтамолог, ми ги раширија зениците и ми открија диоптер -3 на левото и -2,25 на десното и астигматизам. И докторот рече: "што чекаше до сега, не може ништо да се направи освен да носиш наочари, барем една година порано да дојдеше подобро ќе беше". И така он ми даде -2.5 на левото за да не ми дојде нагло одма 3ка. И така почнав да ги носам наочарите, редовно, и во 2019год, бев на преглед во друга оптика каде одредуват диоптер компјутерски - на рефрактометар и беше забележано зголемување на диоптрија на десното -2.5 но без цилиндар а на левото се уште 3, но знаете стаклото ми беше -2.5 пошто првпат ми беа препишани очила и да не ми дојде нагло итн, и јас малку се разочарав. И сега оваа год. 2020 бев на преглед во мај после овие вонредни состојби, полициски часови и разни глупости и диоптерот повторно зголемен Л -3.25 и Д -2.75 со цлилиндар 0.5 изгледа. нз точно... И оптометичарот ми рече не е ништо страшно имаш зголемување за 0,25 на двете очи и цилиндар на десното... И ми рече дека диоптерот си расте тоа е нормално, и не може да се сопре... Јас пак бев разочарана.

Разочарана пред се од пристапот на докторите кон пациентите, значи они гледаат на нас како на пари, еден човек вреди толко колку што ке ја наплати услугата, 400ден офтамолошки преглед, нова рамка 2100 ден, и 3200 диоптерски стакла со заштита пред ПЦ и УВ заштита. Толку ми излезе овој пат. Не се баш љубезни, и тоа не ми се допаѓаше...

Мојата емоционална криза, заради рефракцискиот проблем
Сега ќе ја раскажам мојата емоционална криза, значи не сакав да си признаам дека имам рефракциски проблем, тоа го сметав како голем инвалидитет, почнав да се споредувам со другите, како некој на своите 35-40 па дури и 60год гледа совршено а јас на моите тогашни 20 год не можам да видам во фокус. Ете сега имам 24 год и ми се случува да бидам љубоморна и да се обвинувам себеси зошто стигнав до оваа мака.
Претпоставувам сите вие кои сте вклучени во оваа тема го имате истиот проблем, јас која се жалам на диоптер од -3,25 а вие можеби имат над 4 и уште подобро знаете колку е тешко да се функционира, јас две год носам очила и веќе ми се смачи, ги мразам, поненкогаш ми иде да ги фрлам, за леќи немав размислувано но се дрзнував да ги осудувам оние што носат контактни леќи зашто демек сакаат да изгледаат убави, тоа не е за осуда ниту за исмевање. Сега, напротив сфаќам зошто луѓето попрво одбираат леќи наместо наочари. Вака како што слушам тешки се за одржавање мислам дека не би можела, страв ми е да користам леќи. А тие наочари што ги носам, не ми даваат комплетна изостреност, и шроко видно поле, наочарите се колку да гледаш минимално и за ништо друго не помагаат, и покрај УВ заштитата на стаклата мене ми пречи директната сончева светлина дури и силна Лед ламба, најверојатно тоа е така заради цилиндричната диоптрија, ми се темни кога станувам нагло, и кога влегувам од надвор во соба, затемнето ми е, не гледам баш најдобро. Имам читано дека леќите колку-толку се далеку подобри од наочари и даваат подобра слика, но ете немам пробано

Што сакам?
Јас сакам диоптријата да престане со пораст, ако е можно тоа воопшто, би се задоволила и со сегашната состојба -3.25 и -2,75 само да не ми расте повеќе. Имам 24 ипол год и размислувам дури и за ласерска корекција на вид. Имам слушнато дека диоптерот во - не се намалува но само расте, што не е случај и кај +. И ете посведочив дека е така, мојот диоптер постојано расте.
Но со оглед на мојата состојба јас очигледно не сум кандидат, зашто немам стабилна диоптрија миниум една год. Леќи немам ставано до сега, немам ни купено, скапо е и тешко е за одржавање и плус страв ми е. Наочарите ме нервираат и сакам да се ослободам од нив и да гледам како секој нормален човек со здрави очи. Се плашам од ласерска корекција зашто страв ми е барајќи рогови да не останам и без уши, тоа е ризичен зафат.

Зошто НЕ за Ласерска корекција
Затоа што едни болници велат деца до 18 год не може да се оперираат окото уште расте бла бла бла. Некои велат после 25 год, демек диоптријата се стабилизира, окото не расте. А гледам некои прават и на 17 год операции и луѓе од по 22 год направиле веќе оперцаија. Некаде читам не фаќале постари од 40 год а некаде велат можело до 50. Ајде ви се молам какво е тоа, некаде може, некаде не може. Некаде можело и ако диоптерот не ти пораснал над 0,50 а некаде велат мораш да имаш стабилен диоптер минимум 1 год. Некои велат 95 посто успешност на операција односно симнување на диоптер до 0, некои велат 98 посто успешност
По сето ова можеме да заклучиме дека тоа е ризична операција, штом се потпишуваш тоа е се на твој грб твоја согласност и ако има проблем сам одговараш за тоа. Никој не е крив ако операцијата биде неуспешна . 2-3 недели само за ласерска корекција на вид истражувам и тоа го запамтив, ниеден збор немам додадено или одземено. Гледам се врши и маркетинг по форумите за некои очни болници, што не е во ред, сепак станува збор за орган за вид, па и за што друго да е, секој е должен да го каже своето искуство а не да зборува од името на другите, и ваш близок дури може да ве зезне д арече дека е задоволен од резултатите на операцијата 2-3 год па може да рече и 5-6 и 10 да рече дека гледа перфектно но само он си знае како е навистина.

Зошто е ризично да се врши ласерска корекција после 40, затоа што човечкото око старее, не е исто како на 15, 20 год и 40, но на некои доктори не им е гајле за вашите очи, на нив им се битни само вашите пари
Ризично е и за бремени жени растел диоптерот во тек на бременоста така читам, ризично е и по бременоста.

Зошто по 1000 евра коштат тие операции во Македонија, затоа што многу народ го има тој проблем и затоа така црпаат пари,а зафатот не е тежок, прегледот бил потежок. Секој човек сака да гледа убаво без оптички помагала, па дури би пристапил и на ваков чекор, за да се ослободи од тоа...
Ете јас на пример копнеам да гледам убаво, дури и би се одрекла од многу работи и навики, дури и во постоперативниот период да би ми понудиле 30000 ден или 50000 за работа пред пц јас би одбила, сепак тоа е големо искушение.

Што барам јас?
Јас барам искрени луѓе - доктори што се грижат за здравјето на пациентите, што ја почитуваат заклетвата која ја дале кога станале доктори и сакам да паднам само во искрени раце а не кај крвопијци што ја цицаат крвта и гледат на секој пациент како извор на пари...
Се пријавив на едно онлајн предавање на систина офтамологија за ласерска корекцја на вид, и маил не ми стигна дури ме бараа на тел да прашат дали ми стигнало маил и така ми испратија маил еден саат пред предавањето и го отворив инсталирав зум апликација и почна предавањето и добив 50 посто попуст на преглед. Е сега малку ми е чудно, зошто толку навалија да присуствувам на предавањето и зошто им е битно да се прегледам таму дури ми се јавија, попустот трае 3 месеци, не сум отишла се уште.
Најверојатно сфаќате зошто се сомневам, кога лќе дојде некој да те бара да моли значи он има потреба од тебе, а не ти од него, се плашам дека експериментираат со нечии очи.

Совет од мене за сите оние што се кандидати за ласерска корекција.

Убаво да се информирате за ПРК метода и ЛАСИК, тоа не е ваше да бирате, испитувањата ќе проценат најдобро која метода е идеална за вас, има и други методи, не ги знам, сите да се придржувате кон препораките, да не се правите паметни да измислувате свои правила, што повеќе се придржувате кон препораките толку подобро. Секој може да издржи без меки леќи една недела минимум (иако некој велат 3 дена) пред преглед, секој може да издржи 1 недела минимум да не си ја мие главата после операција, секоја може да издрже 2-3 месеца без шминка и секој може да издржи без смарт телефон, компјутер. Значи се работи за здравјето на вашите очи. Ви се молам размислете околу темава, штом се направите ваква операција/зафат морате да промените некои работи, навики, начин на живот итн. Прво посочувам, да се бега од ТВ екраните и компјтери телефони како ѓавол од крст, диоптерот најчесто е како резултат од овие срања.

Ако јас сум потенцијален кандидат што би?
Верувајте ми, јас ако сум потенцијален кандидат, ќе ги извршам потребните жителски обврски пред оперцијата неколку дена, се што имам на лаптоп правам бекап и на тел, некои неопходни работи завршувам на ПЦ ако ми се стварно од голема важност и веќе штом завршам се збогувам со ПЦ-то во мој случај лаптоп и и смартфон и одам на операција, дома се враќам 1 месец нема чепкање ПЦ нити тел, после тоа само по потреба, исклучително по потреба, Вака ќе си го променам животот и ќе се ослободам од злото наречено интеренет ,соц мрежи, итн. Нема ништо од тоа драги мои, се е ветар и магла, не го зборам тоа зашто сум хејтер на соц медими него дека, не можам повеќе. срцето ми се вознемири од тоа што го гледам. Ако пак не сум кандидат за ласерска корекција Господ најдобро знае што е за мене и нема да тагувам. И онака животот си го уништив во минатото со беспотребно седење на ПЦ од по 6 саати 10 саати некогаш а некогаш од мрак до зори, сама си го упропастив видот затоа сметам дека не сум достојна да гледам подобро, ми се заморуват очите сега со наочарите не седам како шо седев по толку долго.

Не знам колку е во ред да размислувам за ласерска корекција на вид, зашто сепак сум православен христијанин, но потајно мечтаам да гледам чисто, убаво, како многу одамна, заборавив како е чувството да се гледа онака совршено.

Молба до сите вас кои имате рефракциски проблем
Ве молам од се срце не се препуштајте на лажни исцелители, како шо се Иван исцелител, гатачки, бајачки. За Иван имам слушано дека симнувал диоптрија, не верувајте во вакви глупости, не одете кај него, послушајте ме мене грешната, и плус не верувајте во се што ќе прочитате, луѓето знаат да лажат како професионалци и рекламираат некои ординации. Не верувајте на биоенергетичари, тие не можат да помогнат тие само ќе ве исцрпат, едно ќе поправат (привремено) друго ќе расипат. Исто така ве молам најискрено не верувајте во вортекс, визуализација, отпуштање, закон привлачења итн. Тоа е тотално губење време, не помага ништо, не верувајте ни во медитација ни во јога не се впуштајте тоа се, ќе загазите, ни криви ни дужни. Ако не сте кандидати не очајувајте, секој носи берме според својата снага.
Прифатете ја вашата диоптрија како што е. колку можете внимавајте, дисплејот е најголем непријател на човечките очи, помирете се дека имате диоптер, ако има начин да се санира одете напред поправајте но имајте на ум дека после зафатот треба да сте свесни и да си внимавате на вашите очи, зашто после тоа ништо нема да е како претходно (тоа сфатете го како светски човек кој се одвојува од светот и се предава на подвиг). Размислете идни кандидати, и јас размислувам во меѓувреме, за се што напишав го напишав зашто сакав донекаде да го пренесам моето искуство и да ве предупредам. Ако толку беа успешни тие операции би ги направил и Бил Гејтс, и не би носел наочари и би ги ги направил и Новак Џокович и не би носил леќи, он е спортист.
И совет од мене, ако ви рекле на оптометриски преглед да си ги носете наочарите стално и покрај малиот диоптер - носете ги,барем пред ПЦ и тел, јас 5 год не отидов на преглед и ете стигнав до 3ка, а знаете ли како се би дала да го вратам времето уназад во 2013 и фино лепо да си идам сама на преглед, можеби немаше да се случи ништо од тоа што го преживувам денеска.

Ако некогаш направам преглед и ласерска корекција, ќе се вратам и ќе ви објаснам се од А до Ш, должам објаснување, но страв ми е напоменувам повторно, зашто докторите гледаат на пациентите како на пари, би било прекрасно ако најдам некој искрен човек доктор на кому би ги доверила моите очи.
Ако имате препораки пишувајте, само искрено, без лаги. Дотогаш живи и здрави, препуштете се на Божјата волја, внимавајте колку можете.
Поздрав
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Здраво, јас првпат се регистрирав на форумот за да го пренесам своето искуство (напоменувам дека немам искуство со ласерско отстранување на диоптрија), но ќе се задржам на дискусија мое искуство со диоптрија. Ве молам од срце прочитајте го писаниево, за да извлечете поука.

Значи вака, мене ми е откриено диоптрија при крајот на 17та година од животот (тоа беше 2013 год), тогаш имав систематски преглед и не ги погодив бројките, ми дадоа упат за да идам у болница и да си го проверам видот, јас после систематскиот преглед, тој лист го фрлив во ѓубре. И така во септември 2014 год, тогаш имав веќе наполнето 18 год, беа уписите за на факултет, одев да се запишувам во УГД Штип - во дисперзираните студии во Струмица и враќајќи се,сакав да ја преминам улицата, татко ми ме чекаше на другата страна паркиран и јас, претрчав на другата страна, напоменувам немаше пешачки премин и ме удри кола, не се сеќавам на ништо, татко ми вика дека сум летнала во воздухот неколку метри од силниот удар. Е сега не е темата за сообраќајната несреќа, за која јас сум си виновна туку акцентот го ставам на моето невнимание, значи јас уште тогаш не можев да ги гледам регистраските табли од 4 метра максимум, лупам значи не сум сигурна. јас бев како дефокусирана, избеумена, тоа е важен показател дека го губам видот, но не сакав да си признаам. На факс не можев да прочитам ништо од таблата во амфитеатарот ниту пак од ЛЦД -то што беа прилично големи буквите, колешката од факс што седеше до мене пишуваше а јас гледав од неа пошто не можев да прочитам, матно ми беше. Ете уште еден показател дека имам диоптрија, но јас пак продолжив да спијам и не преземам ништо тоа беше 2015год. Е сега др показател, во 2016год не можев ни во предавалната да читам од ЛЦД-то и така се засрамив пред проф, кога ми рече да прочитам нешто, јас само молчев. И ете така терав до 2018 год, (тогаш наполнив 22 год и бев 4та год студент). Се додека бев способна да гледам пред мене, буквите на дисплејот на лаптопот молчев но кога почнав се повеќе да го приближувам до мене екранот и кога не можев да читам превод на ТВ и кога не можев да ги препознавам фаците на луѓето, им реков на моите со страв дека имам проблем со очите не можам да гледам. Не можев ниту бројките на календарот, ниту пак бројките на дигиталниот саат да ги гледам како што сум можела пред мнооогу год. И бевме на преглед кај приватен доктор, ми ги раширија заниците и ми открија диоптер -3 на левото и -2,25 на десното и астигматизам. И докторот рече многу касно доаѓаш, не може ништо да се направи освен да носиш наочари, барем една година порано да дојдеше подобро ќе беше. И така он ми даде -2.5 на левото за да не ми дојде нагло одма 3ка. И така почнав да ги носам наочарите, редовно, и во 2019год, бев на преглед во друга оптика каде одредуват диоптер комјутерски и беше забележано зголемување на диоптрија на десното -2.5 но без цилиндар а на левото се уште 3, но знаете стаклото ми беше -2.5 пошто првпат со очила да не ми дојде нагло итн, и јас малку се разочарав. И сега оваа год. 2020 бев на преглед во мај после овие вонредни состојби, полициски часови и разни глупости и диоптерот повторно зголемен Л -3.25 и Д -2.75 со цлилиндар 0.5 изгледа. нз точно... И оптометичарот ми рече не е ништо страшно имаш зголемување за 0,25 на двете очи и цилиндар на десното... И ми рече дека диоптерот си расте тоа е нормално, и не може да се сопре... Јас пак бев разочарана

Разочарана пред се од пристапот на докторите кон пациентите, значи они гледаат на нас како на пари, еден човек вреди толко колку што ке ја наплати услугата, 400ден офтамолошки преглед, нова рамка 2100 ден, и 3200 диоптерски стакла со заштита пред ПЦ и УВ заштита. Толку ми излезе овој пат. Не се баш љубезни, и тоа не ми се допаѓаше...

Сега ќе ја раскажам мојата емоционална криза, значи не сакав да си признаам дека имам рефракциски проблем, то аго сметав како голем инвалидитет, почнав да с еспоредувам со другите, како некој на своите 35-40 год гледа совршено а јас на моите тогашни 20 год не можам да видам чисто. Ете сега имам 24 год и ми се случува да љубоморам и да се обвинувам себеси зошто стигнав до оваа мака.
Претпоставувам сите вие кои сте вклуени во оваа тема го имате истиот проблем, јас која се жалам на диоптер од 3,25 а вие можеби имат над 4 и уште подобро знаете колку е тешко да се функционира, јас две год носам очила и веќе ми се смачи, ги мразам поченкогаш ми иде да ги фрлам, за леќи немав размислувано но се дрзнував да ги осудувам оние што носат контактни леќи зашто демек сакаат да изгледаат убави, тоа не е за осуда ниту за исмевање. Сега, напротив сфаќам зошто луѓето попрво одбираат леќи наместо наочари. Вака како што слушам тешки се за одржавање мислам дека н еби можела, страв ми е да користам леќи. А тие наочари што ги носам, не ми даваат комплетна изостреност, наочарите се колку да гледаш во фокус и за ништо друго не помагаат, и покрај УВ заштитата на стаклата мене ми пречи директната сончева светлина дури и ламба, најверојатно тоа е така заради цилиндричната диоптрија...

Што сакам?
Јас сакам диоптријата да престане со раст, туку конечно да стагнира, би се задоволила и со сегашната состојба 3.25 и 2,75 само да не ми расте повеќе. Имам 24 ипол год и сум размислувала дури и за ласерска корекција на вид. Имам слушнато дека диоптерот во - не се намалува но само расте, што не е случај и кај +. И ете посведочив дека е така, мојот диоптер постојано расте.
Но со оглед на мојата состојба јас очигледно не сум кандидат, зашто немам стабилна диоптрија миниум една год. Леќи немам ставано до сега, немам ни купено, скапо е и тешко е за одржавање и плус страв ми е. Наочарите ме нервираат и сакам да се ослободам од нив и да гледам како секој нормален човек со здрави очи. Се плашам од ласерска корекција зашто страв ми е барајќи рогови да не останам и без уши, тоа е ризичен зафат.

Зошто не за Ласерска корекција
Затоа што едни болници велат деца до 18 год не може да се оперираат окото уште расте бла бла бла. Некои велат после 25 год, демек диоптријата се стабилизира, окото не расте. А гледам некои прават и на 17 год операции и луѓе од по 22 год направиле веќе оперцаија. Некаде читам не фаќале постари од 40 год а некаде велат можело до 50. Ајде ви се молам какво е тоа, некаде може, некаде не може. Некаде можело и ако диоптерот не ти пораснал над 0,50 а некаде велат мораш да имаш стабилен диоптер минимум 1 год. Некои велат 95 посто успешност на операција односно симнување на диоптер до 0, некои велат 98 посто успешност
По сето ова можеме да заклучиме дека тоа е ризична операција, штом се потпишуваш тоа е се на твој грб твоја согласност и ако има проблем сам одговараш за тоа. Никој не е крив ако операцијата биде неуспешна . 2-3 недели само за ласерска корекција на вид истражувам и тоа го запамтив, ниеден збор немам додадено или одземено. Гледам се врши и маркетинг по форумите за некои очни болници, што не е во ред, сепак станува збор за орган за вид, па и за што друго да е, секој е должен да го каже своето искуство а не да зборува од името на другите, и ваш близок дури може да ве зезне д арече дека е задоволен од резултатите на операцијата 2-3 год па може да рече и 5-6 и 10 да рече дека гледа перфектно но само он си знае како е навистина.

Зошто е ризично да се врши ласерска корекција после 40, атоа што човечкото око старее, не е исто како на 15, 20 год и 40, но на некои доктори не им е гајле за вашите очи, на нив им се битни само вашите пари
Ризично е и за бремени жени растел диоптерот во тек на бременоста така читам, ризично е и по бременоста.

Зошто по 1000 евра коштат тие операции во Македонија, затоа што многу народ го има тој проблем и затоа така црпаат пари,а зафатот не е тежок, прегледот бил потежок. Секој човек сака да гледа убаво без оптички помагала, па дури би пристапил и на ваков чекор, за да се ослободи од тоа...

Што барам јас?
Јас барам искрени луѓе - доктори што се грижат за здравјето на пациентите, што ја почитуваат заклетвата која ја дале кога станале доктори и сакам да паднам само во искрени раце а не кај крвопијци што ја цицаат крвта и гледат на секој пациент како извор на пари...
Се пријавив на едно онлајн предавање на систина офтамологија за ласерска корекцја на вид, и маил не ми стигна дури ме бараа на тел да прашат дали ми стигнало маил и така ми испратија маил еден саат пред предавањето и го отворив инсталирав зум апликација и почна предавањето и добив 50 посто попуст на преглед. Е сега малку ми е чудно, зошто толку навалија да присуствувам на предавањето и зошто им е битно да се прегледам таму дури ми се јавија, попустот трае 3 месеци, не сум отишла се уште.

Е сега совет од мене за сите оние што се кандидати за ласерска корекција.
Убаво да си прочитате за ПРК метода и ЛАСИК, да се придржувате кон препораките, да не се правите паметни да измислувате свои правила, што повеќе се придржувате кон препораките толку подобро, секој може да не носи меки леќи една недела минимум (иако некој велат 3 дена) пред преглед, секој може да издржи 1 недела минимум да не си ја мие главата, секоја може да издрже 2-3 месеца без шминка и секој може да издрже без смарт телефон, компјутер. Значи се работи за здравјето на вашите очи. Ви се молам размислете околу темава, штом се направите ваква операција/зафат морате да промените некои работи навики итн, на пр прво посочувам, да се бега од ТВ екраните и компјтери телефони како ѓавол од крст, диоптерот најчесто е као резултат од овие срања.

Верувајте ми, јас ако сум потенцијален кандидат, ќе ги извршам потребните жителски обврски пред оперцијата неколку дена, се што имам на лаптоп правам бекап и на тел, некои неопходни работи завршувам на ПЦ ако ми се стварно од голема важност и веќе штом завршам се збогувам со ПЦ-то во мој случај лаптоп и и смартфон и одам на операција, дома се враќам 1 месец нема чепкање ПЦ нити тел, после тоа само по потреба, исклучително по потреба, Вака ќе си го променам животот и ќе се ослободам од злото наречено интеренет ,соц мрежи, итн. Нема ништо од тоа драги мои, се е ветар и магла, не го зборам тоа зашто сум хејтер на соц медими него дека, не можам повеќе. срцето ми се вознемири од тоа што го гледам. Ако пак не сум кандидат за ласерска корекција Господ најдобро знае што е за мене најдобро. И онака животот си го уништив по седење на ПЦ од по 6 саати 10 саати некогаш а некогаш од утро до мрак, сама си го упропастив видот затоа сметам дека не сум достојна да гледам подобро, ми се заморуват очите сега со наочарите не седам како шо седев по толку долго.

Не знам колку е во ред да размислувам за ласерска корекција на вид, зашто сепак сум православен христијанин, но потајно мечтаам да гледам чисто, убаво, како многу одамна, заборавив како е чувството да се гледа онака совршено.

Молба до сите вас кои имате рефракциски проблем
Ве молам од се срце не се препуштајте на лажни исцелители, како шо се Иван исцелител, гатачки, бајачки. За Иван имам слушано дека симнувал диоптрија, не верувајте во вакви глупости, не одете кај него, послушајте ме мене грешната, и плус не верувајте во се што ќе прочитате, луѓето знаат да лажат како професионалци и рекламираат некои ординации. Не верувајте на биоенергетичари, тие не можат да помогнат тие само ќе ве исцрпат, едно ќе поправат (привремено) друго ќе расипат. Исто така ве молам најискрено не верувајте во вортекс, визуализација, отпуштање, закон привлачења итн. Тоа е тотално губење време, не помага ништо, не верувајте ни во медитација ни во јога не се впуштајте тоа се, ќе загазите, ни криви ни дужни. Ако не сте кандидати не очајувајте, секој носи берме според својата снага.
Прифатете ја вашата диоптрија како што е. колку можете внимавајте, дисплејот е најголем непријател на човечките очи, помирете се дека имате диоптер, ако има начин да се санира одете напред поправајте но имајте на ум дека после зафатот треба да сте свесни и да си внимавате на вашите очи, зашто после тоа ништо нема да е како претходно (тоа сфатете го како светски човек кој се одвојува од светот и се предава на подвиг - монаштво). Размислете идни кандидати, и јас размислувам во меѓувреме, за се што напишав го напишав зашто сакав донекаде да го пренесам моето искуство и да ве предупредам. Ако толку беа успешни тие операции би ги направил и Бил Гејтс, и не би носел наочари и би ги ги направил и Новак Џокович и не би носил леќи, он е спортист.
И совет од мене, ако ви рекле на оптометриски преглед да си ги носете наочарите стално и покрај малиот диоптер - носете ги,барем пред ПЦ и тел, јас 5 год не отидов на преглед и ете стигнав до 3ка, а знаете ли како се би дала да го вратам времето уназад во 2013 и фино лепо да си идам сама на преглед, можеби немаше да се случи ништо од тоа што го преживувам денеска.

Ако некогаш направам ласерска корекција, ќе се вратам и ќе ви објаснам се од А до Ш, должам објаснување, но страв ми е напоменувам повторно, зашто докторите гледаат на пациентите како на пари, би било прекрасно ако најдам некој искрен човек доктор на кому би ги доверила моите очи.
Ако имате препораки пишувајте, смао искрено, без лаги.
Дефинитивно еден од подолгите постови на кајгана.
Штеди ги очите и мани го форумот, особено ако пишуваш од мобилен.
Според она што го имаше на темата тука (не сум медицинско лице), ласерски операции прават после 26 година заради претходен раст на окото (рожницата поточно) и заради стабилизирање (какво-такво) на диоптрија.
Консултирај се со лекари, тука на форум ќе слушниш секакви мислења. Некои ќе има задоволни (се надевам ќе ти пишат такви што поминале низ ова и успешно се направиле операција со ласер т.е. ласерска корекција), а сигурно ќе има и скептици и такви кои размислуваат што да прават, како тебе.

Во секој случај, своите одлуки базирај ги на медицина т.е. тоа што ќе ти кажат докторите и секако консултирај барем 3-4 доктори за твојот проблем. Што од државно, што од приватните болници.
Не штеди пари, пари и онака во мкд немаме, гледај си го здравјето. Млад човек си за да губиш постепено вид заради негрижа.

Со среќа и ти посакувам секое добро.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.757
Поени од реакции
9.558

Мене ми е многу жал кога гледам мали дечиња како со наведната глава по цел ден гледаат во екраните на мобилните телефони или на своите родители, како плачат, па дури и врескаат ако им ги земеш.Жално, оти тие уште во училиште не се појдени а веќе видот им се оштетува.
Но, тоа е.
Сакам да ти кажам дека познавам многу луѓе кои направиле операција во Систина и во Деница и навистина се препородени, презадоволни...сепак консултирај се повторно, имаме добри очни доктори во државава и попатно да те искарам што толку долго време си се мачела, си ја искомплицирала состојбата...затоа сега многу не се мисли.
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
513
Поени од реакции
744
Носела, не носела исто ќе бил диоптерот. Исто читале децата на мобилен, книги или не исто би било. Единствено нешто што е докажано дека влијае на појава на кратковидост се гените и најново недостаток на дневна светлина. Повеќе студии досега немаат докажано дека работа на блиску предизвикува кратковидост кај луѓето.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
16 август 2020
Мислења
2
Поени од реакции
5
И еве, 10 години поминаа откако ја отворив темата и конечно направив ЛАСИК во Систина кај доктор Билјана Костовска. Ќе пишам искуство за да му се најде на некој што има дилеми и прашања на темава.

Имав висока миопија, и на двете очи -7, пред да ја направам операцијата. Со прегледи во Систина почнав во декември 2018 година, но еден период растеше диоптријата и не можеше веднаш да се направи. Првите прегледи траат по час и половина, додека детално не испитаат буквално сѐ за да откријат дали сте кандидат или не за оваа операција. Најглавните 2 услови се стабилна диоптрија барем една година и доволно дебела рожница. Исто така треба да имате здрави очи, задниот дел од окото да биде без аномалии и сл. На неколу прегледи пред самата интервенција ми правеа некакво ласерирање или LFK печати како што стручно се нарекуваат. Тоа е всушност подготовка пред корекцијата и не се прави кај сите, само ако има одредени промени во окото кои мора да се средат. Малку е непријатно бидејќи треба да се воздржите од трепкање и да гледате во јака светлина додека докторката тоа го среди како што треба. Добивате анестетик, но сепак се чувствува како мала игличка која ви работи нешто во очите.

Во Систина ЛАСИК операциите се прават последниот викенд од месецот и однапред ви одредуваат термин, така што апсолутно сте подготвени за целиот процес. Тој ден они сигурно прават 20+ операции и кај сите следат ист протокол. Пред да влезете во сала се потпишувате дека сте согласни и доброволно сте се одлучиле на тоа, ви даваат документ во којшто пишува на кој начин се изведува операцијата, што да очекувате и можни несакани ефекти. Потоа некоја од сестрите детално ви опишува што точно ќе се случува и се обидува да ве ослободи од психичкиот стрес, добивате 2 дијазапами и 1 ибупрофен. Влегувате во сала и легнувате. Операцијата трае 7-10 мин за двете очи и е безболна. И кога велам безболна, мислам апсолутно безболна. Прво го работат десното око, левото ви е затворено. На почетокот целосно го губите видот на некои 5 секунди и тоа е сосема нормално, па чувствувате некаква миризба од ласерот и додека докторката ви прави муабет вие неќе немате диоптрија. Истата постапка се применува веднаш и со левото око. Станувате и на почетокот гледате магливо (но тоа не е истата нејаснотија како кога сте имале диоптрија), како низ вода. Излегувате од сала и одите во друга просторија каде што на друг апарат ја гледаат состојбата на очите (дали флапот е правилно наместен и дали сѐ поминало како што треба) и ви даваат лист со упатства што смеете, а што не смеете да правите. Добивате и различен тип капки и вештачки солзи кои треба да ги ставате на секој час. Овде со вас е присутна придружбата која мора да ја имате со вас цело време, и на прегледи и постоперативно (најчесто затоа што сѐ уште имате широка зеница и не можете да гледате чисто). Првиот ден по операција е најважен. Не смеете никако да ги допирате очите, не смее да ви влезе ни капка вода во око, не смеете да спортувате и заради заштита треба да носите темни очила за сонце. Следниот ден повторно одите на контрола.

Е сега, кај мене следниот ден открија дека десното око јавило имунолошка реакција (организмот се бори против ласерот како со страно тело) и околу недела дена примав инекции во око за да ја смират таа реакција која јави црвенило, бодење, чешање и неможност да го отворам окото. Ми кажаа дека тоа се случува баш ретко, но ете, кај мене се случи и ме преплаши, но за среќа на крајот добро се заврши. На една од контролите видоа и дека ми е изместен флапот, па докторката повторно го врати како што треба со една доста тенка алатка, како чачкалица. Сега додека пишувам зеницата на десното око сѐ уште ми е широка, но првите неколку денови беше премногу и требаше баш долго време додека да почне да се стеснува.

Во глобала постоперативниот период би требало да трае многу кратко, ако сѐ помине без проблеми, брзо се враќате на секојдневните обврски и функционирате нормално. Или како што ми кажа докторката - сега заборави дека воопшто си ја правела оваа операција и однесувај се нормално.

Од тимот на Систина сум презадоволна, љубезни, културни, внимателни и што е најважно сѐ точно навремено и прецизно како што и треба да биде во секоја здравствена установа.

Операцијата чини 500 евра од око (понекогаш имаат и попусти), за Велигден беше 400 евра, а контролите по операција не ги наплаќаат.

Ако некој има прашања или нешто што не опфатив во постов слободно нека ми пише, со задоволство ќе одговорам ако знам. :)
Здраво Вокерка, благодарам за деталното објаснување низ постапката. Јас за 3 дена треба да правам ласик во Систина. Сакам само да те прашам, сега откако се поминати неколку месеци од операцијата, каква ти е реакцијата на сонце, дали очите се премногу сензитивни или? Има ли некои други тешкотии со кои се соочувааш? Ти благодарам однапред
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Здраво Вокерка, благодарам за деталното објаснување низ постапката. Јас за 3 дена треба да правам ласик во Систина. Сакам само да те прашам, сега откако се поминати неколку месеци од операцијата, каква ти е реакцијата на сонце, дали очите се премногу сензитивни или? Има ли некои други тешкотии со кои се соочувааш? Ти благодарам однапред
Види ПП. :)
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
...а зошто не споделуваш јавно?:(
Затоа што го знам стресот пред операцијата и сакав да поразговараме лично.

Инаку засега немам никакви проблеми по операцијата и се надевам така да остане. :)
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Јас исто имам направено пред 5 години. Best decision ever!

Препорачувам да не читате многу на интернет околу ова. Океј е да си прочитате некои основни работи, ама тук таму ќе се најде некое негативно мислење и после само некои црни мисли те проаѓаат. Факт е дека 95 % од операцииве се успешни.
Околу тоа кој е кандидат кој не е, најдобро да се иде на преглед затоа што секој е различен и зависи од многу фактори.

Јас бев ептен опуштен пред операција, пола саат бев се заедно во клиника. Пред 1 месец проверував вид, сеуште видам перфектно!

П.С да не ви текне случајно, да гледате видео како се прави ласерска операција. Јас го исклучив после 20 секунди :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom