Ласерско отстранување на диоптрија - митови и прашања

Ласерска корекција на видот?

  • Да, но само во странство

    Гласови: 45 28,7%
  • Да

    Гласови: 66 42,0%
  • Не

    Гласови: 12 7,6%
  • Не ми е сигурно, незнам...

    Гласови: 34 21,7%

  • Вкупно гласачи
    157
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Освен Систина и Европска кој друг прави вакви операции во Македонија
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Освен Систина и Европска кој друг прави вакви операции во Македонија
Др Ристовски во Скопје, а можеби и една ординација што е кај Јахја Кемал ама во моментов не можам да се сетам како се вика.
 
Член од
11 септември 2017
Мислења
2
Поени од реакции
0
Бев во 2013 во Русија, Фјодоров микрохирургија, презадоволен! Девојче со диоптрија -18 беше излечена. . Големи професионалци.
Во скоро време ќе одам во Русија за ласерска корекција со диоптер -9.30.
Бев на повеќе места, но никаде не ме сметаа за потенцијален кандидат, ова е моментално последна шанса. Би сакала (доколу сте во можност) да ми кажете нешто поконкретно. Секоја информација би ми била од корист. Благодарам!
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.432
Поени од реакции
5.458

Ласерска корекција се прави со претходен тест на самото око да се види дали има можност за таквиот процес. Се мери рожницата доколу е доволно дебела за да се изврши потребниот засек, доколку нема простор за интервенција никој не ти се нафаќа.

Последиците од ласерска корекција се воглавно преостеливост на УВ зраци значи излагање надвор строго со очила за сонце.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.264
Поени од реакции
15.374

Moj blizok rodnina se operisa vo Bugarija...na dvete oči ...a imaše 8 dioptrija( neznam dali minus ili plus)
Sega nema nikakvi naocari.
Edno oko operacija beše 500 evra....za dve imaše popust..800 vkupno
 
Член од
11 септември 2017
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ласерска корекција се прави со претходен тест на самото око да се види дали има можност за таквиот процес. Се мери рожницата доколу е доволно дебела за да се изврши потребниот засек, доколку нема простор за интервенција никој не ти се нафаќа.

Последиците од ласерска корекција се воглавно преостеливост на УВ зраци значи излагање надвор строго со очила за сонце.
Имам правено секакви испитувања на очи, сето тоа ми е познато. Исто и последиците и ризиците ги знам. Ме интересира искуство од некој што веќе бил во Фјодоров.
 
G

Gaymer

Гостин
мене искрено ме интересира дали некој има стербизам како дете и операција за корекција на истиот и пробал или се распрашал за ласерско корегирање.
Оптичарката ми рече дека ради стербизмот поголеми биле ризиците да се остане слеп со ласерската корекција колку е точно незнам ама никој ако има некое искуство нека сподели
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.610
Поени од реакции
2.125
Се извинувам што активирам долго неактивна тема, но пишувам за да му се најде на некој што планира да прави ласерска корекција.

Кратка историја за мене, кратковид од 9 години, носев очила а од 2014 меки контактни леќи. Стигнав до - 5.50 диоптер со -1.0 цилиндар во левото око и -0.75 во десното.

И конечно ми здосади од леќи раствори, па вакви, па онакви па солзење и сл. Решив да направам ласерска корекција во Систина.

Пред интервенцијата има детален преглед кој трае скоро два сати и чини 4200 ден. Бев на прегледот и испадна дека имам ептен дебели рожници со 594 микрометри во едното и 607 микрометри во другото око. Ова е супер вест за ласерка корекција оти ако не се доволно дебели рожниците интервенцијата не може да се направи. За да ја симнат диоптријата ја истенчуваат рожницата. Ако имате тенки рожници, нема што да симнат а што да остане во окото.

Ми закажаа корекција за едно три недели по прегледот. Бев, цела интервенција трае не повеќе од 15 минути и има анестезија со капки. Нема никаква болка.

Послем интервенцијата видот е заматен ама пак се гледа доволно јасно за да функционирате (но не и да возите!) барем јас гледав така ама за неколку часа се полека се оправи.

За 24 часа има контрола на која го видов најситниот ред, минус една буква што е супер резултат за толку кратко време послем операција.

Еве три дена послем корекцијата, пишувам на ПЦ без проблем и на наредните контроли се надевам дека видот ќе ми биде додатно избистрен.

Накратко, ако некој планира да прави корекција, немој да се мислите. Една од најдобрите одлуки што ги имам направено евер. Со една забелешка, мора да имате добар вид и пред корекцијата со очила или леќи, ако немате добар вид, ласерот нема да ве среди и џабе потрошени пари ќе ви бидат.

Ако имате некој дополнителни прашања, пп.
 
Последно уредено:

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Се извинувам што активирам долго неактивна тема, но пишувам за да му се најде на некој што планира да прави ласерска корекција.

Накратко, ако некој планира да прави корекција, немој да се мислите. Една од најдобрите одлуки што ги имам направено евер. Со една забелешка, мора да имате добар вид и пред корекцијата со очила или леќи, ако немате добар вид, ласерот нема да ве среди и џабе потрошени пари ќе ви бидат.

Ако имате некој дополнителни прашања, пп.
Не те сватив како да имате добар вид пред порекцијата, да имаме стабилна диоптрија?
Инаку, и јас планирав едно време ама се откажав, што ти препорачаа, може ли диоптријата да се поврати? Дали е дозволено 8+ часовно седење пред компјутер после операцијата? Колку време е потребна стабилна диоптрија и колку најмалку (во минус) за да се направи?
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.610
Поени од реакции
2.125
Мислев да се има добар вид пред корекцијата. Јас на пример гледав добро со очила и супер со леќи. Со леќите ги гледав најситните букви и бројки без проблем, дури некогаш можев да го прочитам и наредниот, уште поситен ред на бројки без поголеми проблеми.

Е сега има луѓе кој што и покрај очилата или леќите не можат да постигнат нормална видна острина (висус 1.0) и во овој случај ласер нема да помогне да гледаат подобро, т.е. ќе гледаат толку колку што гледале со очилата или леќите.

За враќање на диоптријата можно е и јасно кажаа во Систина дека не можат да гарантираат дека за 5 или 10 години нема да имам диоптрија. Ама и да се поврати диоптријата ќе почнам од нула па така макс би добил некој -0.5 или -1.0 диоптрија што не е ништо во споредба со диоптријата што ја имав. Јас за оваа диоптрија не би се замарал ни очила да носам. И онака секое око има некоја мала диоптрија и мал астигматизам до 0.5, никој не е на нула освен можда децата на 5 години.

Седење на компјутер е дозволено ама не веднаш послем корекцијата. Мене ми рекоа да направам пауза од барем 3 дена ама јас не планирам појако да седам пред компјутер барем една недела ако не и повеќе. Работата ми е таква што морам да се дружам со компјутери и лаптопи ама тоа е...сега сум на одмор. ;)

Инаку за стабилна диоптрија потребно е да нема промени поголеми од 0.5 диоптери во последните година две. Кај луѓето диоптерот расте до 25/26 години а понекогаш и до 30. Поради ова правање ласерска корекција на 21 - 22 години за мене нема многу смисла зошто постои голема шанса да се качи диоптерот дур се дојде до 30 години.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.264
Поени од реакции
15.374
Edno prasanje ko laik...dali se pravi vakva operacija na mnogu mal diopter...okolu -0.5 na ednoto i pomalku od -1 na drugoto...no imam 47+ godini

Gledam bez problem bez naocari....duri i na mnogu daleku...no ne e idealno sekako
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.610
Поени од реакции
2.125
Се прави, возраста не е проблем но за толку мал диоптер не се исплати, барем јас не би правел ако имав толку мал диоптер.
 
Член од
13 октомври 2018
Мислења
5
Поени од реакции
1
Дечки за да може една операција да биде успешна треба да се осигураат некој битни работи. Диоптријата да биде стабилна одностно да не се менува најмалку 24 месеци, да бидете постари од 26 години затоа што окото е орган кои расте и доколку операција се направи на 18 години шансите да се врати диоптријата се поголеми нормално диоптерот нема да се врати целосно туку ќе се појави некој мал диоптер, ако имате цилиндар не се надевајте дека потпоно ќе исчезне со сигурност тој ќе се врати оти тоа е функционална деформација. Овие работи треба да ги знаете доколку сакате успешна операција, не верувајте само на докторотите кога ќе ви речат наполните 18 години станеете полнолетни и тогаш може, да може затоа што они ја гледааат правнатаа страна и да земат пари.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.610
Поени од реакции
2.125
Ок мал упдејт. Помина околу месец и пол послем интервенцијата. Бев на контрола на околу месец послем интервенцијата и се помина во најдобар ред. Диоптрија +0,25 на левото, -0,25 на десното што е во границата на нормала бидејќи никое око не е нула и онака.

Е сега, многу луѓе послем ЛАСИК интервенцијата се жалат на суви очи. Ова се решава со капки во вид на вештачки солзи. Јас искрено требаше да капам некаде само околу три недели послем интервенцијата и ако ми реко да капам барем месец ако не и повеќе и тоа неколку пати на ден. Кратко кажано, имав среќа, огромна, поминав без скоро никакви нус појави со оглед на тоа која ми беше диоптријата претходно.

Гледам одлично. Единствено нешто што уште се нема вратено во нормала е тоа halo (одблесок, ореол на мк ваљда) што го гледам околу јаки светла навечер. Ама сепак подносливо и треба да исчезне за околу три месеци.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Во скоро време ќе одам во Русија за ласерска корекција со диоптер -9.30.
Бев на повеќе места, но никаде не ме сметаа за потенцијален кандидат, ова е моментално последна шанса. Би сакала (доколу сте во можност) да ми кажете нешто поконкретно. Секоја информација би ми била од корист. Благодарам!
дали бевте на операција и како поминавте?

доста пофалена е таа клиника во русија па се двоумам и јас некако да стапам во контакт со нив.

дали од прегледите или од некој друг имате разбрано за ласерски третман на „мрзливо око“?

Благодарам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom