Лажеш курво! [И сите епизоди од хумористичната серија „Буџет за 2013“]

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
1. Како ги прескокна Груевски амандманите? Има ли некакво право да ги суспендира амандманите?

2. Зошто не ги суспендираше амандманите на Ахмети или Тачи (не паметам кој беше) кога ја блокираше работата на собранието?

3. Зошто по слична постапка не го донесе законот за БРАНИТЕЛИ ?

4. Која е цената што ќе ја плати за тоа што се случи денес?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не сум јас цитиран сепак би сакал да те прашам некои работи..

Ајде да предпоставиме дека сегашнава влада паѓа и повторно доаѓа Бранко и компанија на власт, истиот човек кој ја опустоши Македонија само сега со појачување од деклариран бугарофил заедно со луѓе кои отворено си кажуваат дека ако дојдат на власт ќе го сменат името а ништо чудно и идентитетот + Тито Петковски кој ги подржува терористите да бидат израмнети со бранителите. Што се однесува до она што се бунат највеќе од опозицијата моментално демек се задолжување, епа ај да бидеме реални и да видиме дали они не се задолжуваа кога беа на власт ? Се задолжуваа и не помалку од она што го прави сега дпмне ама кога они беа на власт немаше ни покачување на пензии (напротив намалување), немаше субвенции, немаше скоро никакви добри проекти, инвестиции во образование/здравство сведени на минимум, ваучери и бесплатни превози нема шанси, ниту еден студентски дом не се потрудија да средат или изградат итн ме мрзи да набројувам уште еден куп вакви работи. Не кријам дека сум про-вмровски ориентиран но не по секоја цена, и не викам дека они се перфектни али се бар 10x подобри од сдс и единствена опција бар во моментов.. не сум од оние што не гласам за никој а плукам по сите притоа ништо не правам да се промени нешто во државата освен пишувањето по форум. И пак ќе кажам не се овие перфектни има партиски вработувања (имаше и кај сдс) што искрено е негативна работа, можеби претераа малце со неколку споменици плус али битно градат нешто.. битно инвестираат во најразлични работи барем се трудат - само во последниве 2-3 години колку фирми дојдоа сме немале предходно во останатите 18-19 години од независноста па до сега, малку се и мора повеќе ама небива се наеднаш да биде како што треба. Значи накратко скоро исто се задолжувале ама кај едните немало субвенции кај овие има, кај сегашната власт има пари за реновирање на училишта и набавки на апарати/комбиња во здравството кај другите немало, кај овие има за жичара/споменици/автобуси/музеи/плоштади и нови згради за државните институции за кои предходно плаќале ќирија на луѓе блиску до (предпоставувате веќе) а тогаш немало..

Од авион се гледа дека подобро сегашнава влада манаџира со парите за разлика од времето на сдс, не е перфектно ниту ќе биде во скора иднина ама јас сум отпимист дека ќе се подобруваме како ни „старее“ државава.
Се надевам ти иде математика па ќе можеш да ме разбереш.
Секој број помножен со нула дава резултат нула или математички прикажано: X*0=0
А сега ти како сакаш сфати ме :)
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.162
Поени од реакции
9.956
Со други зборови колку и да се пењавите ова е класична диктатура, како милувате така викајте ја.
Грешка си........не е ова диктатура. Иако баш класична диктатура нас би можела колку толку да не извади од гомната. Или Бранко или Грујо диктатор па или ќе се упрајме или бетер од Сомалија ќе бидиме. Мада од Бранко веќе го видовме ќарот
 
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
Црвенковски за една работа во право беше денес. Веќе ова не е истата Македонија од вчера. Груевски денес ја постигна најголемата победа во политичката кариера. Поголема и од таа кога ја затвори А1. И опозицијата наместо да тргне кон собраниските врати, проба да стигне до циганите на Амди...
Анализа на место. Јас долго време сум забележувал за политика на ДПМНЕ околу некои прашања (најголем дел етнички/територијални). И ако некој можеби памети, секогаш сум бил за трета опција. Но, таква опција нема, а од друга страна постои коалиција каде секој-со-секого се мрази и сѐ политичари пропаднати се собрани.
Овој начин на опозицијата - комбинирање на сите докажани ѓаволи во еден - ќе ги натера само сличните на мене да гласаат повторно за ДПМНЕ, бидејќи ако одбијам да гласам (т.е. невалидно гласам), исто како да го дадам гласот за тие ѓаволи, а тоа можат да го направат тие што СЕРИОЗНО се определени. (Повторувам: СЕРИОЗНО, затоа што познавам голем број членови на тие партии кои нема да ги гласаат, особено млади (што ѝ ме радува)).
Од друга страна, ова му дава повеќе сила на ДПМНЕ, а дали е тоа добро ? Не сум убеден. Овој начин на делување, како што некој добро забележа, можеа да го спроведат на многу места за да оправдаат ВМРО во името, а не го направија.
А тажно е како младите кадри на опозицијата дозволуваат да бидат уништени од истите неколку ѓаволи со години..

Резимирам:
Ова ќе ги натера сите што беа со прашалници по повод политиката на ДПМНЕ, (специјално: хашки случаи, егзекуцијата, слупчане и навака, апсење (најчесто) Македонци, демонстрирање сила само каде што „можат“, итн.), што беа за трета опција, да гласаат повторно за ДПМНЕ.
ДПМНЕ тоа добро го знае, а не е јасно зошто опозицијата му ПОМАГА на ДПМНЕ постојано? Дали никој не приметува тоа?
Тоа е скоро како договор - едни исти личности губат по 10 пати на избори, а ДПМНЕ сѐ посилно и посилно. Скоро како договорено.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.346
Поени од реакции
57.988
Денес Груевски ги суспендира сите законски процедури во државава. Кога се случува такво нешто, работа на опозицијата е да го спречи. И со боксови и со кршење ако треба. Сега не е време за покажување на интелектуално ниво. Бруките се најмалку битни. СДСМ не го направи тоа. Нека ни е со среќа Грујо но наредниве 20-тина години.
Брат, имаш малце искривен поглед на демократијата. Работа на опозицијата не е да дели боксови и да крши. Опозицијата треба да победи на избори, ако сака власт. Не може тоа така, им пукнал филмот па ќе ја прават големата.

Објективно е да согледаш дека денес имавме тотален распад на системот и преовладување на примитивизмот врз здравиот памет. Од една страна, спикерот на собранието ни порача дека „тоа што го направиле, го направиле за народот“. Што звучи крајно дистописки. Значи си земале право да го кршат законот, во име на народот.

Од друга страна, опозицискиот лидер рушеше барикади, повикуваше на сила, граѓанска непослушност и на востание. Исто во име на народот.

Ова што се случи е доволна брука, сега мора да пукаме сеир за да го истрпиме срамот. Конечно ја прикажаа државата во вистинско светло: држава на примитивци и партиски полтрони кои реагираат само на партиска задача. Денес за прв пат после балканските војни Македонците дигнаа рака едни на други од политички причини. Вардар не не пере.

За кавга се потребни двајца. И мене ич ништо не ми решава дали Курто ќе влезе на сила и ќе го замени Мурто. Исти пенис ми се и едните и другите. Името на играта е „власт“. Како во Game of Thrones. Не се мамете дека некој прави нешто за народот. Народот е само инструмент.

Ајде, отидовме многу сериозно. Сепак е ЧДА.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Грешка си........не е ова диктатура. Иако баш класична диктатура нас би можела колку толку да не извади од гомната. Или Бранко или Грујо диктатор па или ќе се упрајме или бетер од Сомалија ќе бидиме. Мада од Бранко веќе го видовме ќарот
Oд пастирот допрва ќе го гледаме.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
1. Како ги прескокна Груевски амандманите? Има ли некакво право да ги суспендира амандманите?

2. Зошто не ги суспендираше амандманите на Ахмети или Тачи (не паметам кој беше) кога ја блокираше работата на собранието?

3. Зошто по слична постапка не го донесе законот за БРАНИТЕЛИ ?

4. Која е цената што ќе ја плати за тоа што се случи денес?
Грешка си........не е ова диктатура.
Ти си грешка, не јас. Одговори си ги прашањата во себе, ете го одговорот.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.183
Поени од реакции
34.407
Забегавте, го заобиколивте сеирот и почнавте исклучиво со политика. Поради таа причина, темава оди под клуч.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom