Црвенковски за една работа во право беше денес. Веќе ова не е истата Македонија од вчера. Груевски денес ја постигна најголемата победа во политичката кариера. Поголема и од таа кога ја затвори А1. И опозицијата наместо да тргне кон собраниските врати, проба да стигне до циганите на Амди...
Анализа на место. Јас долго време сум забележувал за политика на ДПМНЕ околу некои прашања (најголем дел етнички/територијални). И ако некој можеби памети, секогаш сум бил за трета опција. Но, таква опција нема, а од друга страна постои коалиција каде секој-со-секого се мрази и сѐ политичари пропаднати се собрани.
Овој начин на опозицијата - комбинирање на сите докажани ѓаволи во еден - ќе ги натера само сличните на мене да гласаат повторно за ДПМНЕ, бидејќи ако одбијам да гласам (т.е. невалидно гласам), исто како да го дадам гласот за тие ѓаволи, а тоа можат да го направат тие што СЕРИОЗНО се определени. (Повторувам: СЕРИОЗНО, затоа што познавам голем број членови на тие партии кои нема да ги гласаат, особено млади (што ѝ ме радува)).
Од друга страна, ова му дава повеќе сила на ДПМНЕ, а дали е тоа добро ? Не сум убеден. Овој начин на делување, како што некој добро забележа, можеа да го спроведат на многу места за да оправдаат ВМРО во името, а не го направија.
А тажно е како младите кадри на опозицијата дозволуваат да бидат уништени од истите неколку ѓаволи со години..
Резимирам:
Ова ќе ги натера сите што беа со прашалници по повод политиката на ДПМНЕ, (специјално: хашки случаи, егзекуцијата, слупчане и навака, апсење (најчесто) Македонци, демонстрирање сила само каде што „можат“, итн.), што беа за трета опција, да гласаат повторно за ДПМНЕ.
ДПМНЕ тоа добро го знае, а не е јасно зошто опозицијата му ПОМАГА на ДПМНЕ постојано? Дали никој не приметува тоа?
Тоа е скоро како договор - едни исти личности губат по 10 пати на избори, а ДПМНЕ сѐ посилно и посилно. Скоро како договорено.