- Член од
- 22 ноември 2008
- Мислења
- 596
- Поени од реакции
- 99
Некогаш малото рибарско место Кушадаси (Островот на птиците), денес претставува еден од најизградените туристички центри на Егејскиот Брег. Топлата гостопримливост. големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор.Благата медитеранска клима, за време на летните месеци, Ви нуди можност за релаксиран одмор за време на големите летни горештини. Неговите плажи: гратската, женската и долгата плажа, го олеснуваат вашиот избор за место под сонцето. Изобилството на ресторани, кафетерии, дискотеки, продавници како и двата водени паркови во близината на градот од кои едниот е еден од најголемите во светот, ви гарантираат незаборавен летен одмор
Здраво на сите, летово ќе одам на одмор во Кушадаси, па би сакала да слушнам коментари, впечатоци, Ваши искуства од таму. Исто така кои места вреди и треба да се посетат, кои се најдобрите плажи, па и најдобрите хотели, преку кои туристички агенции сте биле, колку трае патувањето со автобус, каков е ноќниот живот, како се движат цените, и секако како сте си поминале, дали сте задоволни од услугата итн. Исто така сите Ваши прашања и коментари во врска со оваа дестинација нека бидат поставени и одговорени тука со цел полесно да се информираме на едно место а не да се бараме во други теми