Што слушнав на крајот на вестите на сител,Ивона рече,Жерновски забранил да се чува куче по дома????
И треба да се забрани по станови....ако е точно,секоја чест....
Не можат да забранат чување куче во стан, можат да забранат одредени ,,практики,, кои сопствениците ги имаат
--- надополнето: 15 септември 2013 во 02:44 ---
Не правиме ништо, едноставно човекот е секогаш поважен од животното. Така да, ако мене твоето куче ми смета а со тоа не мислам на неговото постоење туку со постапки какви што спомнав погоре, тогаш ти едноставно не си кадарен ( способен ) да чуваш милениче. Кога подобро ќе размислам, овој проблем и нема две страни
Во заблуда си
Човекот не може без животните, ниту е поважен.
Природата е поважна од сите нас. Ако ве лажат во школо поинаку.
--- надополнето: 15 септември 2013 во 02:52 ---
Да се очекува мир и раат во сопствениот дом не е себичност, тоа е право на секој човек.
Твојот разговор со
Amaterasu на страна, за другово што го пишуваш ама баш ИЧ не си ми јасен што всушност кажуваш?
Изгледа како да жалиш на губењето на индвидуалноста на луѓето што се научени да живеаат со животински миленици како кучињата (тотално бесмислена изјава патем)... Но всушност излегува дека се жалиш на тоа дека сега ќе бидеш приморан да си го дресираш миленикот да не лае како улав.
Пази кучињата и тоа како можат да се издресираат да НЕ ЛААТ ПОСТОЈАНО. Има и други опции како што повеќе пати напишав, огрлици кои ја работат твојата работа: го прекоруваат кучето да не лае (пуштаат мирис, или ултразвук, или мал напон).
Никој не бара да немаш куче, имај си го, чувај го, сакај го. Ама не можеш да дозволиш тоа куче да лае кога не треба да лае, и да им смета на соседите.
Едноставно немаш изговор да не го цивилизираш твоето куче. Сега кога почнуваат да се носат закони за овој проблем, не смееш ни да го игнорираш проблемот.
Освен ако не љубиш да плаќаш казни.
Ванлоче, мене ми е жал секад Бубу кога ми лае.
Ама секад, без исклучок.
Мрза жива е, и да лае му е тешко.
Еве една ситуација, и кажи ми ти мене кој е прав.
Покрај кучето, чувам и мачка и морско прасе.
Кучето и мачката ми живеат заедно.
На влезот на дворот имам голема табла - ПАЗИ КУЧЕ.
Е сега, имам една комшика која радо би ја затепала, озбилно.
Кучево мое ич не ја сака, затоа што ми влага во двор кога не сме дома, да ја гали мачката внука и.
Пред некој ден, лежам јас на лежалка во двор и читам книга, кутраков спие до мене - дворот како и секогаш затворен - кога е веќе кутракот пуштен.
И слушам едно лаење, мислам од опашка го извади, додека укапирам што се дешава поминаа неколку секунди.
И сфаќам дека моронката ми се прикрала во двор, отворила врата (пред која стои ПАЗИ КУЧЕ) влегла СОСЕ ДЕТЕТО во двор, и кучето само што ја примети и скокна. Не ја нападна, ниту некогаш нападнал било кого, ама беше накострешен и и попречуваше да мрдне од местото кај што беше и лаеше како чакнат.
Ти гарантирам дека сите комшии околу се разбудија, пошто беше поручек, сигурно одмарале, остај кучето што лаеше, почна и детето да плаче.
Сега јас одма го прибрав, му викнав и се тргна, ама кажи ми, што требаше да и направам на лудачата што дошла, се прикрала во двор (а ме гледа дека сум тука) гледа дека има куче и гледа дека има табла за куче, ЗА ДА ЈА ПОБАРА МАЧКАТА.
Како јас бев крива што сите мои комшии сигурно беа вознемирени?
Како може таа моја комшика да си земе за право да ми влага во двор кога сака, или да ми влага без воопшто да прозбори, да видам дека е тука?
Да ја нападнеше кучето јас немаше да бидам крива, сите законски мерки ги имам преземено, а таа башка можеше да добие и тужба за упад на приватен имот - ама дали до таму треба да одиме?
Барањето да ги цивилизираме кучињата е супер, и јас сум за тоа, ама прво треба луѓето да ги цивилизираме.
Повеќе стока имам во комшии, него во просечно бачило.