Кучиња кои постојано лаат и завиваат, закони за санкционирање и контрола

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Хаха, да знаеш помислувам за еден воздушен пиштол... ама сепак не, подобро ќе инвестирам во ултразвук.
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Јавно си признаваш дека си еден од трујачите? :confused:
Не, иако имам оправдана причина (во мој конкретен случај) и можам во било кое време да го сторам тоа и око да не ми трепне, сепак не го правам тоа затоа што сметам дека кучето не е тоа што треба да ја сноси санкцијата, ами самиот сопственик!!!

Поентата е дека штом домашното милениче ги надмине дозволените децибели (на гласност при лаење/квичење), оштетениот комшија има право (или барем треба да има право) да те пријави тебе, затоа што како што си кажа претходно: кучето секогаш лае со причина. Во таквите случаи јас не го окривувам миленичето, ами сопственикот!

Причината по мене за прекумерното лаење е неспособноста/мрзеливоста/незаинтересираноста на сопственикот да го воспита/одгледа/чува миленичето!!! И токму затоа миленичето не треба да биде казнето (читај отруено) ами треба да му биде одземено од несовесниот сопственик и дадено на некој кој навистина со љубов ќе го гледа, храни, шета, чува, негува...

Во животот има чувано повеќе видови домашни миленичиња и имам сфатено дека и најмалото милениче бара целосна посветеност како да ти е сопствено родено дете. Секој сопственик кој нема намера да се замара да го чува миленичето, подобро е за него и за околината воопшто да не го купува миленичето!!!!!!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Џабе се мачиш да му објасниш Cannabinoid. Ако до сега не си увидел, сунѓерчево е припадник на најмладата генерација интернет тролчиња. Тукушто испилено ама тролче non the less.

Ќе му поминат очичките преку првиот пасос од твојот пост, најмногу затоа што е блиску до цитатот на неговата убава една реченеица, насмевка ќе го обвие и задоволно ќе пристапи кон пишување на нов едноречиничен пост чија единствена намера е да те натера да одговориш со што подолг пост.
Нешто во стилот: Мој пост, мој форум, мое право! :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
29 јануари 2013
Мислења
12
Поени од реакции
2
Кучињата лаат од повеќе причини (предупредување, страв, возбуда, барање внимание, па дури и здодевност..). Тие НЕ лаат за да ги раздрзнат соседите, ниту пак лаат од инает или за одмазда. Кучињата не лаат само затоа што можат, некои раси лаат помалку, некои повеќе.

А што е со лугето кои прекумерно "лаат"?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
А што е со лугето кои прекумерно "лаат"?
Ги посетува полиција, посебно касно навечер во дворот ако урлаат и врескаат како блесави.

Ај сеа биди пак така паметен/пеметна и направи паралелна паралела.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Џабе се мачиш да му објасниш Cannabinoid. Ако до сега не си увидел, сунѓерчево е припадник на најмладата генерација интернет тролчиња. Тукушто испилено ама тролче non the less.

Ќе му поминат очичките преку првиот пасос од твојот пост, најмногу затоа што е блиску до цитатот на неговата убава една реченеица, насмевка ќе го обвие и задоволно ќе пристапи кон пишување на нов едноречиничен пост чија единствена намера е да те натера да одговориш со што подолг пост.
Нешто во стилот: Мој пост, мој форум, мое право! :)
Ако не ме знаеш лично како можеш да кажеш дека сум најмладата генерација... никогаш не се знае дали некој ти кажал лага за мене или јас кажувам лаги за да добијам некој одговор кој ми треба за нешто..... хахахахаххахахахахахаа затоа немој толку лесно да паѓаш на лаги ;)

Иначе за навреди на форумов (трол) може и да се кликне на копчето пријави ;)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Нее бе греота е кутре да отруеш, имам една флегма во комшии само јаде и квичи..И кога ке ми прекурчи од мојата тераса до неговиот замок воздушна линија 15 метри има, земам муниција поголема помала, и гаѓам. Штама е после третиот истрел.

Пред неколку години, кога мојов пес имаше зовриени хормони, воздушна пушка беше мајката, само никогаш и ни под разно не би дозволила некој да го повреди - затоа на блиско дрво имавме конзерва, еднаш пукни во конзервата, овој мојов забораваше на сексуални односи :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Си била во Велес на пола (или два-три) саат(и), си имала среќа да не ти обрнат внимание. Има еден тон улични кучиња без маски да, нив нема кој да им стави маска, има и некои ‘‘фраери‘‘ кои си легнуваат на брашното после првата казна, има и такви кои добиле и повеќе од една казна, На мои пријатели им се има случувано да ги поминат и 3-4 патроли додека шетаат за да проверат дали кучињата носат маски. Бидејки не живееш во Велес, те молам да не донесуваш заклучоци за тоа како се спроведува законот таму на база на една кратка посета. На крај краева не мораш мене да ми веруваш на збор, сигурно имаш пријатели или роднини таму што чуваат кучиња, прашај ги нив.
Не станува збор да те дискредитирам на било каков начин. Едноставно, цело време сум во контакт со здружение за заштита во Велес, кои ми зборуваат за ситуација различна од твојот опис. Се додека јас гледам кучиња скитници на улици и законот се спроведува селективно, состојбата е далеку од тоа како што ти ја опишуваш- совршена. Не велам дека градот не мрднал од мртва точка, али во секој град се пишува по некое казниче колку да се замачкаат очи- еве си ја работиме работата- bullshit! НЕ си ја работат работата ни малку, а уште помалку и знаат како да си ја работат.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Зина во ред е тоа, ама кучиња скитници и кучиња со сопственици не се исто. Во која смисла велиш дека законот се спроведува селективно? Во смисла дека мора да носат маски само кучињата со сопственици а не и уличните или...?
Јас сум секој ден во контакт и со едните и со другите и тврдам дека се казнува за неносење маска, а поретко и за носење без поводник или за оставање измет од кучето (кога полицијата била присутна во парк, се случило и тоа) Сега можеби е малку попуштено но во најмала рака можеш да добиеш опомена или да те запишат, а ако те забележат повеќепати, не ти гине казна. Не велам дека е совршено, но во голема мера се подига свеста да се носат маски, затоа што не секој шета социјализирано куче. Јас сериозно ти велам дека си имала среќа, особено за ротвајлер (по дифолт големо и опасно куче нели де)
Јас маски ставам уште години пред да стане законот задолжителен, првенствено поради опасност од отров, па ми се случувало порано и самите полицајци да ме прашаат зошто им ставам маска. Мачкање очи или не, полицијата има право да казнува за поводник и маска а ако им се даде тоа право и за оставање смет, газење на тревата итн... е некаде се спроведува тоа повеќе а некаде не. А законот е јасно формулиран дека се однесува за сопствениците на кучиња и не се однесува на уличните кучиња. Мене лично најглуп можен изговор ми е ‘‘ јас не ставам маска додека не ги решат скитниците‘‘ или ‘‘ не му ставам маска оти ако го нападнат скитници не ќе може да се одбрани‘‘ А знаеш колку пати имам видено такви ‘‘ што не можат да се одбранат‘‘ како во парк неможат да им извадат од уста некое друго куче? Епа јас како сопственик на куче одговарам за моите кучиња а не за туѓи или пак улични. И мое лично мислење е дека поголема опасност да ми нападне куче има од нечие домашно невоспитано куче отколку од улично - сепак мое мислење, не велам дека нема и агресивни улични, само мислам дека многу поретки се од ‘‘домашни-исфрустрирани-непрошетани-тепачи‘‘
Еве Зина има ротвајлер кој е моќно куче но е социјализирана, дресирана и стабилна - но должна ли е таа или било кој со куче со такви карактеристики, да и биде кучето искасано и да плаќа ветеринарни трошоци затоа што некој има не толку културно куче а го пуштил ‘‘да си поигра‘‘ па направило инцидент? Затоа што ако некој е одговорен и аргументира дека нема потреба неговото куче да носи маска бидејки не напаѓа, тогаш и тој што не е одговорен а има потенцијално опасно куче ќе аргументира - па ако ти не ставаш маска на кучето, не ставам ни јас. Затоа велам дека почитувањето на законот поаѓа прво од сопственикот.
А од друга страна еве ви едно друго прашање - како да очекуваме некој да ги штити правата на нашите миленици а не сакаме да ги почитуваме законските обврски за општа безбедост. Затоа што некој е изнервиран оти имало многу кучиња, некој оти многу лаеле, некој оти кога шетал го нападнале.... итн, итн а тие нервози не ги решаваат по законски пат, туку фрлајки отрови, тепајки, пукајки ( некои со воздушна пушка не пукаат по конзерви за жал) и притоа страдаат подеднакво сите кучиња, и мирни и лоши и домашни и улични.
 

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Паметно. Комшиите од спроти имаат мало недресирано куче што не го ебаваат 2 посто, цел ден скитаат негде а сиротото куче на тераса само дреме и лае пошто не знае што со себе нормално. Не е криво кучето, криви се сопствениците и би требало да се казнат. Скопската мода на купување и чување кучиња од страна на секој втор мисир од човек... не е у ред. Си бара внимание и грижа, ако не ве бива - не го мачете кучето и соседите.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Нека си лаат де,тоа им е работа,кучиња се ако не ви се свиѓа ајт пресели се во планина,село кај што нема кучиња
 

Kajgana Shop

На врв Bottom