Кучиња кои постојано лаат и завиваат, закони за санкционирање и контрола

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.136
Поени од реакции
1.068
Значи човекот е најбитен и неговиот мир така?
Да. Во ова општество во кое ние живееме човечкиот живот е најбитен. Притоа не подразбирам дека треба да се преземат радикални мерки за негово остварување ( на мирот кој го спомна ), но сепак треба да се запази и почитува, особено од страна на другите луѓе бидејќи сите уживаме во сопствениот мир, на еден или друг начин. Значи дека ако правиш нешто што ги вознемирува другите луѓе тогаш треба да престанеш да го правиш. Притоа не сакам да навлегувам во игра на зборови, да останеме на темата, ако твоето куче прави нешто што ги вознемирува луѓето кои живеат во твојата зграда/соседство, тогаш ти си должен да преземеш нешто околу тоа.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457

Значи тие што чуваат кучиња, не се луѓе или нивниот мир и задоволство не се важи?

Све тоа што го кажа во првиот пост, падна во вода после вториот, сам себе го убијал, ајт.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.136
Поени од реакции
1.068
Значи тие што чуваат кучиња, не се луѓе или нивниот мир и задоволство не се важи?

Све тоа што го кажа во првиот пост, падна во вода после вториот, сам себе го убијал, ајт.
Сам себе убијал? Во сите постови зборувам за тоа дека сопствениците се одговорни за своите миленичиња. Дека изговори од типот кучињата од улица се криви или мачките или не знам што едноставно не држат вода. Јас не знам каде воопшто најде контрадикција во моите постови. Едноставно го констатирав тоа што го имаше и ОП напишано. Луѓето се одговорни за своето милениче. Ако е тоа тешко да се разбере тогаш не знам некој друг начин на кој би ти го објаснил...
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.744
Значи човекот е најбитен и неговиот мир така?
Чекај малку сега, кој став всушност го браниш... твоето право да не го дресираш сопственото куче, да не лае кога не треба да лае?

Сакаш да чуваш куче во цивилизирана средина?
Научи го да се однесува цивилизирано. Има начин како, прашај на форумот за животни.

Пази, град = закони за урбано, цивилизирано однесување. Затоа имаш законски регулативи кои велат дека не смееш да правиш еден цел куп работи што се прават и се дозволени по селските атари, но кои им сметаат на соседите во градот и се забранети во град. Чисто како пример, не смееш да чуваш домашни животни како свињи, крави, кози, коњи, магариња, кокошки, гуски... заради буката и смрдеата од тие животни.
Еве сега со новиот закон, во стамбена зграда со повеќе станари и кучиња не смеат да се чуваат без согласност од мнозинството станари. Смета на мирот и тоа е тоа.

Претерано лаење смета на мирот и не треба да се дозволи. Тоа и без закон требаше да биде обврска на власникот, ама пошто има луѓе без осет... ете мора со закон да се реши проблемот.
--- надополнето: 15 септември 2013 во 00:13 ---
Значи тие што чуваат кучиња, не се луѓе или нивниот мир и задоволство не се важи?
По тебе, мир и задоволство за тие што чуваат кучиња, е нивното куче да лае 24/7 и да ги малтретира сите соседи??!?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Јасно ми е мене многу добро дека е непријатно и не - соодветно одредено куче да лае премногу, и со тоа да го нарушува мирот на другите. Поентата е дека тука некој глуми дека не разбира, наводно само една страна била засегната. Со самиот тој став, намерно или ненамерно, пропушта битен детаљ.

Што е со мислењето, ставот, и правото на секој човек да го живее својот живот на свој начин? како може да каже дека човекот е најважен, кога и од другата страна се работи за луѓе кои чуваат животни? или они не се бројат - психијатарски случаи се како што неретко се бележат скоро сите оние кои сакаат животни.

Тотално себично размислување, ако толку високо гледа на човекот како единка, тогаш нека се почитуваат и сопствениците, не ги гледајте кучињата како да се само предмети, ако вие хејтате све што не е човек, има луѓе кои намерно или ненамерно израснале со животни, и ги сметаат за дел од својот живот. Ставот, само една страна од проблемот постои, е незрело размислување во најмала рака.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.744
Тотално себично размислување, ако толку високо гледа на човекот како единка, тогаш нека се почитуваат и сопствениците, не ги гледајте кучињата како да се само предмети, ако вие хејтате све што не е човек, има луѓе кои намерно или ненамерно израснале со животни, и ги сметаат за дел од својот живот. Ставот, само една страна од проблемот постои, е незрело размислување во најмала рака.
Да се очекува мир и раат во сопствениот дом не е себичност, тоа е право на секој човек.

Твојот разговор со Amaterasu на страна, за другово што го пишуваш ама баш ИЧ не си ми јасен што всушност кажуваш?

Изгледа како да жалиш на губењето на индвидуалноста на луѓето што се научени да живеаат со животински миленици како кучињата (тотално бесмислена изјава патем)... Но всушност излегува дека се жалиш на тоа дека сега ќе бидеш приморан да си го дресираш миленикот да не лае како улав.

Пази кучињата и тоа како можат да се издресираат да НЕ ЛААТ ПОСТОЈАНО. Има и други опции како што повеќе пати напишав, огрлици кои ја работат твојата работа: го прекоруваат кучето да не лае (пуштаат мирис, или ултразвук, или мал напон).
Никој не бара да немаш куче, имај си го, чувај го, сакај го. Ама не можеш да дозволиш тоа куче да лае кога не треба да лае, и да им смета на соседите.

Едноставно немаш изговор да не го цивилизираш твоето куче. Сега кога почнуваат да се носат закони за овој проблем, не смееш ни да го игнорираш проблемот.
Освен ако не љубиш да плаќаш казни.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Подобро куче да ми лае и завива отколку некој комшија да "лае" во сред ноќ. :icon_lol:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.744
Подобро куче да ми лае и завива отколку некој комшија :icon_lol:
Ако го пријавиш комшијата, ќе го собере полицијата. Пробај куче да пријавиш во полиција... :)

Е сега ќе има каде да се пријавуваат и кучиња што претерано лаат.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Твојот разговор со Amaterasu на страна, за другово што го пишуваш ама баш ИЧ не си ми јасен што всушност кажуваш?

Изгледа како да жалиш на губењето на индвидуалноста на луѓето што се научени да живеаат со животински миленици како кучињата (тотално бесмислена изјава патем)... Но всушност излегува дека се жалиш на тоа дека сега ќе биде приморан да си го дресираш миленикот да не лае како улав.

Пази кучињата и тоа како можат да се издресираат да НЕ ЛААТ ПОСТОЈАНО. Има и други опции како што повеќе пати напишав, огрлици кои ја работат твојата работа: го прекоруваат кучето да не лае (пуштаат мирис, или ултразвук, или мал напон).
Никој не бара да немаш куче, имај си го, чувај го, сакај го. Ама не можеш да дозволиш тоа куче да лае кога не треба да лае, и да им смета на соседите.

Едноставно немаш изговор да не го цивилизираш твоето куче. Сега кога почнуваат да се носат закони за овој проблем, не смееш ни да го игнорираш проблемот.
Освен ако не љубиш да плаќаш казни.

Кај отиде со муабетов сега? изгледа се правиш дека не разбираш, па сега да прочепкам низ страниве и темиве за животни, на 9 од 10 сте ти и уште 3-4, едните исти константно хејтате.

Јас не ги правдам луѓето кои имаат кучиња кои лаат и прават работи кои не треба, напротив ме нервираат и сметаат исто како тебе/вас. Моите кучиња се добри издресирани кога веќе ме спомна мене, и мојата грижа - совест, за милениците.

Проблемот е што себично се настапува на овие теми секогаш, без разлика за која страна се работи, ако воопшто и може да се користи таква терминологија како "страна" и едните и другите се луѓе со различни стаовови, луѓе кои чуваат животни, и кои не чуваат, тоа е единствената разлика.
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Dobro, kazi mi kako ke odredis deka kucheto preterano lae? Koja e razlikata pomegju preterano laenje i ne preterano laenje? Od druga strana vikash deka trebit da go izdresirash kucheto, kako ke izdresirash kuche koe e na primer 10 godini staro? Ili preselise od stanot/kukjata ili prodaj si go kucheto(ako nema na kogo da go dadesh), sto ako nikoj ne go saka toa kuche da go zemit? Da se uspie e mozebi najracionalno vo takva situacija...
I soglasnosta od komsiite mi e apsurdna, dokolku ti imash dozvola od veterinar deka kucheto e vakcinirano i zdravo koja e potrebata da imash soglasnost za tvojot imot ?(krshenje na edno od osnovnite chovekovi prava koe e zagarantirano so ustavo,pravoto za imot).
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Па дефинитивно треба да им се честита на советниците на Општина Центар за новодонесенава одлука - успеаја да се надминат сами себе и да измислат тркало и топла вода наеднаш! Само за жал никој не ги известил дека тие се измислени одамна - законски одредби за домување, јавен ред и мир, па благосостојба на животните итн... кои требало да ги прочитаат пред да се ‘‘просветлат‘‘ со донесување на вакви ретардирани одлуки. Па градоначалникот на Шутка е со осмо одделение па ваков ‘‘бисер на мудроста‘‘сеуште не извел.
Настрана од тоа што на домашните животни местото не им е во град (иако и тоа е од многу порано регулирано... хммм можеби не е лошо некој на Општина Центар да и подари збирка на закони на РМ) и секако дека претераното лаење е проблем, ‘‘новодонесената‘‘ одлука за согласност од мнозинството станари правно е важечка од моментот на стапување во сила па натаму, односно може да се однесува единствено на новодонесени кучиња во зградата а не на тие што веќе со години живеат во неа. А за забраната за лаење :giggle: како што некој пееше - ‘‘Ово је Балкан, Балкан,Балкан....‘‘ ќе биде ефикасна како и краткотрајниот подеднакво ретардиран Белградски данок за опасни кучиња кој патем, се укина а не постигна ништо освен испуштање на голем број опасни кучиња на улица, што ќе се случи и со нашиве ‘‘забранети‘‘ лајачи, кои нели, се сигурно невоспитани, многу веројатно и агресивни - но моментално зад заклучена врата. А кога нивните сопственици ќе бидат соочени со казни или задолжително одстранување на кучињата, најверојатно едноставно ќе ги исфрлат на улица. Така да сите што кукате дека многу ви лаеле невоспитаните кучиња на комшиите - утре можеби некое ќе ве ‘‘пречека‘‘ на улица и без врата или ограда меѓу вас и него постои веројатност дека ќе бидете исфилетирани. Додајте го ова на и така нерешениот проблем со скитниците кои се веќе на улица и...... повторно честитки за Општина Центар - само што прогласија сезона за отворен лов на луѓе :facepalm:
Иако, дискусијава е без поента - и оваа одлука ќе се почитува и спроведува исто колку и другите постоечки законски регулативи во врска со кучињата - само на хартија.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.744
Проблемот е што себично се настапува на овие теми секогаш, без разлика за која страна се работи, ако воопшто и може да се користи таква терминологија како "страна" и едните и другите се луѓе со различни стаовови, луѓе кои чуваат животни, и кои не чуваат, тоа е единствената разлика.
Чекај сега малку, тука зборуваме за закон кој конечно санкционира СЕБИЧНИ и несовесни власници на кучиња, закон кој спречува малтретирање на соседите од кучиња кои претерано лаат.
И ти сега зборуваш за себичност и „хејтање„ од страна на малтретираните??!?

Плус, за какви „страни„ сега зборуваш, тука има повеќе власници на кучиња кои велат дека и ним ИМ СМЕТА ПРЕТЕРАНО ЛААЊЕ. Па дури и ти се декларираш како таков и кажуваш дека твоите кучиња не лаат. За каква сега „себичност„ зборуваш човече?
--- надополнето: 15 септември 2013 во 01:06 ---
...кога нивните сопственици ќе бидат соочени со казни или задолжително одстранување на кучињата, најверојатно едноставно ќе ги исфрлат на улица...
За овој проблем повеќе пати пишувавме на други теми.
Лесно решлив проблем патем. Воведување на обврзувачко ставање на микрочип за идентификација на сите кучиња во урбана средина. Така сопственикот на кучето ќе може да биде идентифициран и казнет. Изговорот за избегано куче нема да проаѓа затоа што во истиот закон се кој се воведува микрочипирање, ќе се наведат и регулативи каде мора да се пријави и избегано/украдено куче. На таквите власници секако ќе им стане јасно дека единствен начин е кучето што не сакаат повеќе да го чуваат, да го подарат/продадат или да го дадат во стационар на посвојување.

Да, можно е да има наплив од напуштени кучиња пред законот за воведување задолжителен микрочип, но тоа ќе биде еднократна појава која може да се изрегулира со засилени шинтерски служби.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Со две раце потпишувам :cuc:
Како саундтрак у позадина ми е,кога зборувам на телефон почнаа да ме пцујат веќе...секое јавување кучето на комшиите повише се слуша од мене.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Чекај сега малку, тука зборуваме за закон кој конечно санкционира СЕБИЧНИ и несовесни власници на кучиња, закон кој спречува малтретирање на соседите од кучиња кои претерано лаат.
И ти сега зборуваш за себичност и „хејтање„ од страна на малтретираните??!?

Плус, за какви „страни„ сега зборуваш, тука има повеќе власници на кучиња кои велат дека и ним ИМ СМЕТА ПРЕТЕРАНО ЛААЊЕ. Па дури и ти се декларираш како таков и кажуваш дека твоите кучиња не лаат. За каква сега „себичност„ зборуваш човече?

НЕ јас не зборам за оваа тема директно, зборев општо. Оние кои стварно имаат кучиња кои се претерано гласни, дефинитивно се несовесни сопственици кои незнаат соодветно да се грижат за своите миленици. Јас тоа не го оспорувам. Пак ќе ти кажам, со претходните постови на членот, се деградира правото на сопствениците, (КОИ ИСТО ТАКА СЕ ЛУЃЕ) со самото тоа што се наведува ставот дека постои само една страна која е засегната.
 
A

AnFem

Гостин
Мене ми смета затоа што луѓето зборуваат. Ете, ме иритира звукот. И сега, како супериорно биче на планетава, има да барам да се санкционираат сите што ќе проговорат!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom