Amaterasu
123123113
- Член од
- 17 април 2012
- Мислења
- 1.268
- Поени од реакции
- 1.346
Значи човекот е најбитен и неговиот мир така?
Да. Во ова општество во кое ние живееме човечкиот живот е најбитен. Притоа не подразбирам дека треба да се преземат радикални мерки за негово остварување ( на мирот кој го спомна ), но сепак треба да се запази и почитува, особено од страна на другите луѓе бидејќи сите уживаме во сопствениот мир, на еден или друг начин. Значи дека ако правиш нешто што ги вознемирува другите луѓе тогаш треба да престанеш да го правиш. Притоа не сакам да навлегувам во игра на зборови, да останеме на темата, ако твоето куче прави нешто што ги вознемирува луѓето кои живеат во твојата зграда/соседство, тогаш ти си должен да преземеш нешто околу тоа.