Во принцип доберманот си има еден газда, кој му е алфа, без разлика кој од домашните го шета или поминува најмногу време. Кај нас е сопругот, па ќерката па јас, хиерархиски гледано. Со него може комотно без поводник да шета, но со мене јок. И еве некој пишал исто, веројатно е подобро женка. Иако пак ќе кажам нема правило, имам пријател со мажјак, огромен, вон стандарди..Физички изгледа страшно, но е многу мирен и питом, послушен и не се замара воопшто со околината, од типот мажјаци или мачки. А за разлика од него, женката во комшии е тврдоглава, не поднесува мачки и други женки Околината реагира поинаку на пуштен доберман, сеуште важи она дека се агресивни и јадат се што мрда во околина, така да ќе имаш лоши реакции. Веројатноста да поминеш полесно со женка е голема. Со среќа каков и да ти биде изборотМи имаат кажано: ,,Ако земеш мажјак заборави дека можеш off leash да го водиш или негде у јавност поготово ако има други кучиња".
Имам искуство со многу кучиња, ама сега сакам next level. Имам 2 мешанци, од кои едно е микс бордер коли-самоед па е pain in the ass. Другото е микс ретривер. Ама тие дека улични, и не сакаат дома. У двор си влегуваат си имаат чинивчиња и сами си шеткаат а поготово и кога излагам. Ама јас сакам домашно куче. Досега сите кучиња ми биле off leash освен кога преминуваме улица или во ептен прометно место како и ресторан. Ама в парк, или полјанка или шума или на кеј, секогаш ми биле off leash и секогаш слушале кога повикнувам, кога кажувам НЕ и слично. Се грижам во врска со доберманот околу овие неколку ситници, мразење други мажјаци и офф лиш.