Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
19 февруари 2016
Мислења
413
Поени од реакции
82
Која е процедурата, што документи треба за патување со куче Лабрадор старо 1,7 год.во Грција.
Имаме пасош (српски и македонски), чипирана е во Србија, вакцинирана е против беснило
Дали треба некои дополнителни документи, транспортер, маска за на устата?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.130
Поени од реакции
10.476

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА МИЛЕНИК ПРЕКУ ГРАНИЦА!!!

Ако сакате со Вас да си го земете миленикот на пат преку границите на Македонија има неколку работи што сте обврзани да ги направете пред патувањето.

1. Да се извади пасош на миленикот. Од 2014 година РМакедонија има сопствени,верифицирани од сите страни држави,секој со свој посебен и единствен број,исто како и за луѓето.
Службен весник на РМ, бр. 95 од 26.7.2012 година 1 од 23 20120952443 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ЖИВОТНИТЕ
Член 18
Идентификација и регистрација на домашни миленици (1) Одгледувачот на домашен миленик треба да го идентификува животнотно во рок од шест месеци од раѓањето со средства за идентификација согласно со членот 12 став (1) точка 4 од овој закон. Службен весник на РМ, бр. 95 од 26.7.2012 година 8 од 23
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член кучињата за кои не може да се утврди сопственоста и се движат слободно ќе се обележуваат согласно со прописите од областа за благосостојба на животните. (3) Одгледувачите кои набавиле идентификуван домашен миленик треба да ги ажурираат податоците во пасошот на домашни миленици и да ја пријават промената до Агенцијата во рок од 30 дена. (4) На секој домашен миленик по апликацијата на средството за идентификација му се издава пасош со податоците за животното и одгледувачот на животното. (5) Податоците од пасошот од ставот (4) на овој член се внесуваат и во Електронската база на податоци од членот 11 од овој закон. (6) Доколку средството за идентификација се оштети или е неупотребливо, одгледувачот треба во рок од 30 дена да го замени средствтото за идентификација со ново. Податоците од заменетото средство за идентификација треба да се внесат во Електронската база на податоци од членот 11 од овој закон на начин кој овозможува идентификација на претходната ознака на животното по што се издава нов пасош за животното. (7) Директорот на Агенцијата ги пропишува начинот и постапката за идентификација и регистрација на други видови животни.

2. Да се стави чип.Тој се аплицира поткожно на левата страна на вратот.Со тоа Вашиот миленик си добива свој единствен број,како што ние имаме матичен број.

3. Да се вакцинира против беснило.Тоа е со Закон прецизирано и е обврзувачко за секој сопственик да го спроведе.Вакцинацијата се спроведува еднаш годишно.Првата вакцина се аплицира на 4 месеци старост на миленикот.
Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 1 од 9 20121553741 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 49 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11 и 123/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА БЕСНИЛО КАЈ ДОМАШНИ И ДИВИ ЖИВОТНИ И МЕРКИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ЗА СУЗБИВАЊЕ И ИСКОРЕНУВАЊЕ НА БЕСНИЛОТО.
Член 11
(1) Кучињата и мачките задолжително треба да се вакцинираат против беснило согласно упатството за употреба на производителот на вакцината, но не подоцна од навршени пет месеци старост. (2) По исклучок од став (1) од овој член, мачки кои со сигурност не доаѓаат во контакт со животни приемчиви на беснило не треба да се вакцинираат против беснило. (3) Овластениот ветеринар треба да води регистар за извршените вакцинации во тековната година. Овластениот ветеринар треба да ја чува евиденцијата за извршените вакцинации најмалку две години и ја доставува на барање на официјалниот ветеринар. (4) Покрај условите пропишани во Законот за ветеринарно медицински препарати, вакцината против беснило треба да ги исполнува следните услови: 1) да припаѓа на групата на инактивирани вакцини со најмалку една антигена единица на доза (согласно стандардот на Светската здавствена организација) или 2) да припаѓа на групата на рекомбинантни вакцини кои содржат имунизирачки гликопротеин на вирусот на беснило. Вакцините од оваа група може да се користат само за вакцинација на мачки. (5) Вакцинацијата против беснило се смета дека е валидна доколку: 1) вакцинацијата е извршена во согласност со упатството на производителот на вакцината и поминат е доволен период за постигнување на солиден имунитет; 2) не е измината една година од последната вакцинација; 3) животното е обележано согласно Законот за идентификација и регистрација на животните и Службен весник на РМ, бр. 155 од 10.12.2012 година 8 од 9 4) во пасошот за домашни миленици се наведени идентификацискиот број на микрочипот на животното, датумот на вакцинација против беснило и датумот за следна вакцинација

4. Да се изврши дехемлминтизација,т.е да се прочисти од внатрешни паразити, 2 дена пред преминувањето на границата на РМ.

5. Да се заштити од надворешни паразити, преку аплицирање на ампула против надворешни паразити или да се стави каифче. Истото треба да се направи 2 дена пред поминување на границата на РМ.

6. Редовно да се вакцинира против заразни болести.Ова вакцина се аплицира еднаш годишно за возрасни единки, а за малите се даваат 3 вакцини започнувајќи од 8 недела до наврсување на 12 недели старост.

7. Потребно е Вашиот Ветеринар да ви издаде Потврда за здраствената исправност на миленикот.

8. На крај се оди до Ветеринарниот Инспектор да ви издаде Сертификат за поминување преку границата на РМ.
Мр. ДВМ Јасминка ван дер Флиер
 
Член од
19 февруари 2016
Мислења
413
Поени од реакции
82
сето горенапишано го имаме и ке извадиме потврда од ветеринар, само ме интересира каде се наоѓа Ветеринарниот Инспектор и дали треба таму да го носам кутрето
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
сето горенапишано го имаме и ке извадиме потврда од ветеринар, само ме интересира каде се наоѓа Ветеринарниот Инспектор и дали треба таму да го носам кутрето
Ke ti dogovori tvojot veterinar. Toj znse koj e nadlezen ovlasren veterinar vo toj region.
 
Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Некој совет за да не лае навечер?
Кутрето е во двор, не е врзано, си шета, јадење пиење се има, ама кога ќе почне да лае со саати не престанува, неможе да се спие од неа :) :), вакцинирана, чипирана со сите салтанати, друг проблем нема сеа за сеа.
9 месеци е.
IMG_20220625_204228.jpg
IMG_20220607_170816.jpg
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.472
Поени од реакции
4.627
Некој совет за да не лае навечер?
Кутрето е во двор, не е врзано, си шета, јадење пиење се има, ама кога ќе почне да лае со саати не престанува, неможе да се спие од неа :) :), вакцинирана, чипирана со сите салтанати, друг проблем нема сеа за сеа.
9 месеци е.
Прегледај го приврзокот 337038
Прегледај го приврзокот 337039
Kuce e ke lae toa mu e rabota :D
 
Член од
20 април 2019
Мислења
62
Поени од реакции
29
Дали некој има искуство со добермани со самата раса и со дистинкција помеѓу машки и женски доберман?
На план сум да земам во скоро време кутре од некој одгледувач што одгледува за здравје и темперамент а после тоа за шоу и убавина.
Услови имам, голем двор, бокс, а секако кучето ќе живее и внатре. Но се двоумам дали мажјак или женка. Совет?
 
Член од
19 февруари 2016
Мислења
413
Поени од реакции
82
""Која е процедурата, што документи треба за патување со куче Лабрадор старо 1,7 год.во Грција.
Имаме пасош (српски и македонски), чипирана е во Србија, вакцинирана е против беснило
Дали треба некои дополнителни документи, транспортер, маска за на устата? ""

Дали некој знае колку чини сертификатот за оатување на куче во Грција, (т.е во сите земји на Европска унија)

Ви благодарам
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
42
Поени од реакции
15

Имам мажјак, следниов месец ќе полни 5 години :) Бидејќи веќе неколку години се дружиме со женки (со мажјаци сме одамна на низок старт :D ) моето лично искуство е дека нема некоја голема разлика. Поврзаноста со семејството е кај двата пола иста, велкро раса, сметај дека ќе имате фластер за цел живот :) Многу интелигентни (мојот прилично тврдоглав) бараат цврста рака и добра дресура. Без сентиментални и емотивни отстапки. Енергични се подеднакво и двата пола, бараат доста физичка активност. Приметно е кога се заедно мажјак и женка, дека женката е таа што мисли, а мажјакот делува. Некои викаат дека женките се поприврзани кон семејството, лично немам таков впечаток. Во секој случај, што и да одлучиш нема да згрешиш. Прекрасна раса, одлична како домашен миленик или чувар, нема проблем со мали деца, ако е растен со нив секако, лесно и брзо се социјализираат и што е многу интересно најдобро се согласуваат меѓу себе. Нивната игра е само нивна, и сем кога беше мојот помал па играше и со други по паркчињата, после година и пол комплетно се сврте кон "неговите".
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
""Која е процедурата, што документи треба за патување со куче Лабрадор старо 1,7 год.во Грција.
Имаме пасош (српски и македонски), чипирана е во Србија, вакцинирана е против беснило
Дали треба некои дополнителни документи, транспортер, маска за на устата? ""

Дали некој знае колку чини сертификатот за оатување на куче во Грција, (т.е во сите земји на Европска унија)

Ви благодарам
Околу 2200 мислам дека плативме ние. Бевме на одмор со кучето во Хрватска и Словенија пред месец дена некаде.

Одиш кај ветеринар и плаќаш кај нив, они ќе ти средат со инспекторатот за се што треба. Искрено 10 граници поминавме, никој посериозно не ги погледна документите. Само "имате ли документи за кучето?" -Да. И толку. :) А и во Грција го имаме носено на еден ден само, таму не не ни прашаа, ама не ни имавме. :D
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.130
Поени од реакции
10.476
Може ли некој да ми каже како идеше дозирањето за паразити по килограм телесна тежина кај кученца?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.289
Поени од реакции
4.694
Може ли некој да ми каже како идеше дозирањето за паразити по килограм телесна тежина кај кученца?
Дефинирај дозирање на паразити? Ако мислиш апчињата за глисти и слични на нив различни производители имаат различни вредности за нивните апчиња така што прашај кога ќе купуваш мада најефтините порано беа 1таблета за 10кг ако не се лажам
 
Член од
19 февруари 2016
Мислења
413
Поени од реакции
82
Кај кој ветеринар?

Околу 2200 мислам дека плативме ние. Бевме на одмор со кучето во Хрватска и Словенија пред месец дена некаде.

Одиш кај ветеринар и плаќаш кај нив, они ќе ти средат со инспекторатот за се што треба. Искрено 10 граници поминавме, никој посериозно не ги погледна документите. Само "имате ли документи за кучето?" -Да. И толку. :) А и во Грција го имаме носено на еден ден само, таму не не ни прашаа, ама не ни имавме. :D
 
Член од
20 април 2019
Мислења
62
Поени од реакции
29
Имам мажјак, следниов месец ќе полни 5 години :) Бидејќи веќе неколку години се дружиме со женки (со мажјаци сме одамна на низок старт :D ) моето лично искуство е дека нема некоја голема разлика. Поврзаноста со семејството е кај двата пола иста, велкро раса, сметај дека ќе имате фластер за цел живот :) Многу интелигентни (мојот прилично тврдоглав) бараат цврста рака и добра дресура. Без сентиментални и емотивни отстапки. Енергични се подеднакво и двата пола, бараат доста физичка активност. Приметно е кога се заедно мажјак и женка, дека женката е таа што мисли, а мажјакот делува. Некои викаат дека женките се поприврзани кон семејството, лично немам таков впечаток. Во секој случај, што и да одлучиш нема да згрешиш. Прекрасна раса, одлична како домашен миленик или чувар, нема проблем со мали деца, ако е растен со нив секако, лесно и брзо се социјализираат и што е многу интересно најдобро се согласуваат меѓу себе. Нивната игра е само нивна, и сем кога беше мојот помал па играше и со други по паркчињата, после година и пол комплетно се сврте кон "неговите".
Ми имаат кажано: ,,Ако земеш мажјак заборави дека можеш off leash да го водиш или негде у јавност поготово ако има други кучиња".
Имам искуство со многу кучиња, ама сега сакам next level. Имам 2 мешанци, од кои едно е микс бордер коли-самоед па е pain in the ass. Другото е микс ретривер. Ама тие дека улични, и не сакаат дома. У двор си влегуваат си имаат чинивчиња и сами си шеткаат а поготово и кога излагам. Ама јас сакам домашно куче. Досега сите кучиња ми биле off leash освен кога преминуваме улица или во ептен прометно место како и ресторан. Ама в парк, или полјанка или шума или на кеј, секогаш ми биле off leash и секогаш слушале кога повикнувам, кога кажувам НЕ и слично. Се грижам во врска со доберманот околу овие неколку ситници, мразење други мажјаци и офф лиш.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.610
Поени од реакции
11.154
Ми имаат кажано: ,,Ако земеш мажјак заборави дека можеш off leash да го водиш или негде у јавност поготово ако има други кучиња".
Имам искуство со многу кучиња, ама сега сакам next level. Имам 2 мешанци, од кои едно е микс бордер коли-самоед па е pain in the ass. Другото е микс ретривер. Ама тие дека улични, и не сакаат дома. У двор си влегуваат си имаат чинивчиња и сами си шеткаат а поготово и кога излагам. Ама јас сакам домашно куче. Досега сите кучиња ми биле off leash освен кога преминуваме улица или во ептен прометно место како и ресторан. Ама в парк, или полјанка или шума или на кеј, секогаш ми биле off leash и секогаш слушале кога повикнувам, кога кажувам НЕ и слично. Се грижам во врска со доберманот околу овие неколку ситници, мразење други мажјаци и офф лиш.
Женките се поприврзани за газдата. Јас имав мажјак и беше баш тоа ти што не сакаш да биде, pain in the ass.. значи мочање на секое можно дрво/бандера да означи територија, константно душкање по земја, посебно ако у близина се има измочано женка у циклус, а кога беше знаеше да се оддалечи и да не се враќа на команда, посебно кога имаше други кучиња/мачиња на улицата.

Земи си женка најдобро..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom