Кучиња (грижа, општи дискусии)

Дискусија во форумот 'Кучиња' започната од mkdpro.AceBoy, 11 ноември 2007.

  1. mkdpro.AceBoy

    mkdpro.AceBoy Кајгана 24/7

    Член од:
    14 јуни 2007
    Мислења:
    520
    Допаѓања:
    10
    Здраво.Од сите членови на Кајгана форумот кој сакаат да пишуваат за Кучињата распоредени во FCI Групи,да се согласиме повеќе членови во кој Администраторите ќе бидат замолени да отворат потфорум.

    Пример како ќе изгледа тоа

    FCI - Група 1
    Историја на расата, стандард, фотографии..... Германски Овчар, Белгиски Овчар, Граничарски Коли, Хрватски Овчар, Стар Англиски Овчар (Бобтеил), Куваз, Пули, Австралиски Келпи, Шкотски Овчар, Брадати Коли, Beauceron...

    FCI - Група 2
    Историја на расата, стандард, фотографии..... Доберман, Германски Боксер, Шарпланинец, Бернардинец, Ротвајлер, Германска Дога, Аргентинска Дога, Минијатурен Пинч, Булмастиф, Бордошка Дога, Шнауцер, , Tosa-Inu, Англиски Булдог, Пириниејско Планинско Куче, Бразилска Фила, Landseer ...

    FCI - Група 3
    Историја на расата, стандард, фотографии..... Ердел Териер, Керн Териер, Бул Териер, Јоркширски Териер, Амерички Стафорд Териер, Западношкотски Бел Териер, Fox Terier, Стафордски Бул Териер, Шкотски Териер, Ирски Црвен Териер, Border Terrier...

    FCI - Група 4

    Историја на расата, стандард, фотографии..... Јазовичари

    FCI - Група 5
    Сибирско Хаски, Самојед, Чау Чау , Аљаски Маламут, Akita Inu, Германски Шпиц, Norveski Elkhound ...

    FCI - Група 6
    Далматинец, Бигл, Српски Гонич, Српски Тробоен Гонич, Посавски Гонич, Истарски Кратковлакнест Гонич, Истарски Островлакнест Гонич, Басет, ...

    FCI - Група 7
    Ирски Црвен Сетер, Гордон Сетер, Англиски Сетер, Англиски Поентер, Германски Кратковлакнест Птичар, Weimaraner, Epagneul Breton ...

    FCI - Група 8
    Златен Ретривер, Лабрадор Ретривер, Англиски Кокер Шпаниел, Амерички Кокер Шпаниел, Flat Coated Retriever...

    FCI - Група 9
    Пудла, Малтезер, Мопс, Чивава (Chihuahua), Cavalier King Charles Spaniel, Bichon Frise, Shih Tzu, Француски Булдог, Папилон, Кинеско (Голокожо и Долговлакнесто) Куче, Lhasa Apso...

    FCI - Група 10

    Афганистански Хрт, Greyhound, Борзои, ...

    FCI Условно Признати и Непризнати Раси

    Поздрав.
     
  2. Karlo

    Karlo Алфа-Тик

    Член од:
    3 октомври 2007
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    1
    Се Согласувам,би требало и тако нешто да има :)
     
  3. Скулгрл

    Скулгрл Queen of the superficial::..

    Член од:
    17 јануари 2006
    Мислења:
    5.059
    Допаѓања:
    61
    Нема потреба од цел подфорум, сепак не сме големи стручњаци па да водиме дискусии `на ниво`, но никој не те спречува да пишуваш за горенаведеното токму на оваа тема.:)
     
  4. mkdpro.AceBoy

    mkdpro.AceBoy Кајгана 24/7

    Член од:
    14 јуни 2007
    Мислења:
    520
    Допаѓања:
    10
    Мислам дека нема да дојде добро така :)

    Пример:

    ДОБЕРМАН - Dobermann (FCI: 2.1-143)

    Maticna zemja na dobermanot e Germanija.
    Toa e relativno mlada rasa koja nastanala vo mestoto Apolda, Germanija, vo 1860 godina. Se pretpostavuva deka nastanala so mesanje na rotvajlerot, pincot, germanskiot ovcar i dogata. Postoi moznot vo nejzinoto nastanuvanje da bide vkluceni i beauceronot i angliskiot hrt.
    Za osnovac na ovaa rasa se smeta grofot Karl Fridrih Luis Доберман, po kogo ovaa rasa go nosi i imeto. Inaku, dobermanot e edinstvenata rasa koja go nosi imeto na svojot osnovac.
    Karl Fridrih bil primoran poradi svojata rabota da minuva niz kraevi prepolni so razbojnici, dosol na ideja d sozdade kuce koe ke bide dobar cuvar, prilagodlivo vo sekoja situacija, no i dobro da sovladuva sekakvi tereni.
    Prvobitniot izgled na dobermanot ne e ist kako i na denesniot.
    Dobermanot za prv pat na izlozba e pokazan vo 1876 godina, i privlekol mnogu simpatii.
    Zborot "pinc" vo imeto na rasata e dodaden vo 1949 godina.

    Dobermanot e eleganten, sredno golem, jak i snazen, muskulest pes. Visinata na mazjacite e 68-72 sm do grebenot, a na zenkite 63-68 sm do grebenot. tezinata na mazjakot e okolu 45 kg a na zenkite 30 - 40 kg.

    Glavata e dolga, klinesta, plitka i slaba, a zabalato jako i makazesto. Cerepot e plosnat so edvaj naglasen stop. Ocite se temni i oddavaat inteligencija i zivot. Dokolku se kupirani usite, moraat da bidat noseni ispraveno, a ako ne se, togas moraat da lezat prijatno na glavata i da gi dopiraat obrazite.

    Vlaknoto e gusto, tvrdo i kratko.

    Teloto e kvadraticno, pri sto toj poim vo odnos na elegantnata telesna linija i ne e precizen (kon zadniot del, dolnata linija na stomakot se vovlekuva).

    Dvizenjeto e elasticno, kicmata potpolno mirna i ramna, a nozete moraat da bidat sovrseno ramni.

    Dozvoleni se dve boi, cnra i braon, so jasno definirani palezi vo smego-rgja boja. Plavata boja e otfrlena od 14.02.1994 godina.

    Posebno e omilen poradi nepotkuplivosta i nepokoleblivata vernost kon gospodarot. vazi za kuce na eden covek. Poznat e i po pretpazlivosta, i zatoa ponekogas lugeto se plasat od nego. Ponekogas go prati glas deka toa e kuce koe esko uci, sto ne e tocno, zatoa sto dobermanot e kuce so izrazeno nivo na intelgencija, lesno uci, lesno e da se vospita i skoluva.

    Rabotata na kuce zastitnik ja svaka mnogu seriozno i dobro lae. onie [FONT=Verdana,Arial,Helvetica,sans-serif][FONT=Verdana,Arial,Helvetica,sans-serif]koi[/FONT][/FONT] ednas ke go slusnata lavezot na dobermanot, po pravilo, potoa 100 % mozat povtorno da go prepoznaat bidejki ima specificen glasen i cvrst lavez.

    Telesno e tvrd, dusevno osetliv. Ako mu se sluci nesto neprijatno, nekolku dena potoa e tazen i nesreken. Golem prijatel e na decata.

    Potrebno mu e mnogu dvizenje, Zdrav e, i pokraj negovata golemina, retko se javuva displazija.

    Se koristi kako milenik i kako kuce cuvar, i pomiskik na policijata i vojskata.

    Potrebna mu e cvrsta raka i dosleden vodac.

    Za kraj, poradi rusenje na sterotipite deka goga dobermanot ke navrsi 7 godini, mozokot mu ja pritiska malata glava, pa poradi toa poluduva i sposoben e da go izede ziv sopstvenikot, sledi pogovorkata: "Ne postojat losi dobermani, postojat samo losi luge" Sto vsusnost, vazi i za sekoe kuce....
     
    На 'taccy ॐ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mkdpro.AceBoy

    mkdpro.AceBoy Кајгана 24/7

    Член од:
    14 јуни 2007
    Мислења:
    520
    Допаѓања:
    10
    Подобро би било да има во Животни еден подфорум или да отворат Важна Тема :) со име FCI Group/Групи
     
  6. sljupce

    sljupce

    Член од:
    22 декември 2007
    Мислења:
    12
    Допаѓања:
    1
    idejata e prekrasna. ja sum 100%
     
  7. --**ЕмА**--

    --**ЕмА**-- take me as i am

    Член од:
    14 ноември 2007
    Мислења:
    380
    Допаѓања:
    10
    ќе го напишам само најважното и она што би ве интресирало , не навлагам во детали многу многу
    СИБИРСКИ ХАСКИ :

    идеална висина: мажјак од 54 до 60 цм , женка од 51 до 56 цм.
    идеална тежина: мажјак од 20 до 27 кг, женка 16 до 22 кг

    Сибирските хаски се силни кучиња за работа. Можат да имаат било каква боја. Влакната на лицето и предниот дел им се обично бели.
    Очите им се сини, кафени или разнобојни. Се случува и едното око да им е сина , а другото кафено. Кучињата со сини очи се повеќе ценети. Оваа раса на кучиња имаат густи влакна, Типично за кучиња од студени предели. Опашката им е бујна и кога ке се почуствуваат во опасност ја виткаат. Можат да поднесат температури до -60 степени.
    Овие кучиња се брзи и лесни. Се случувало да спасат и цела екипа луѓе кои биле во животна опасност, тие се премногу интелегенти кучиња и понекогаш ги изненадуваат луѓето со нивниот начин на размислување. Добри се за дресирање, но понекогаш ако сметаат дека нема смисол наредбата одбиваат да ја извршат командата. Нивната обука бара трпеливост, упорност и разбирање на ова куче.
    Хаски е многу чисто куче и многу сака деца. Пријатен е за друштво , послушен и мил. Може да биде одличен партнер за трчање, само доколку надвор не е многу топло. Не е навикнат на живот во град и привикнувањето во стан може да биде прилично тешко и проблематично за него. Сака повеќе да завива него да лае и лесно му станува досадно. Сака да талка, му годи слободата на движење но не ја сака самотијата...


    [​IMG]
     
  8. Billa Bong

    Billa Bong I love Basketball

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    6.590
    Допаѓања:
    10
    Еве нешто што ќе послужи се надевам:)

    Колку што гледам темата е општо за кучињата...ако не е во ред мојот пост нека префрли модераторот:)

    ХРАНЕЊЕ И ОДВИКНУВАЊЕ ОД МАЈЧИНО МЛЕКО

    Ако све помине без тешкотии, леглото со мајчино млеко се храни се до три или пет недели, во еден период на тоа време додека кученцата пијат многу млеко, можете да почнете со давање (прихранување) со кравјо млеко, така кученцата ќе се научат да лижат од танирче. Со тоа ќе го одбегнете застојот на растот на кученцето, кое е последица од смалувањето на храната, а се постигнува и природно смалување на количината на млеко кое го ствара мајката поради се помалото побарување.

    ОДВИКНУВАЊЕ НА КУЧЕНЦАТА ОД МАЈЧИНОТО МЛЕКО

    Првиот чекор во одвикнувањето од мајчиното млеко е спремањето на мешавина од кашичка и топло кравјо млеко, од смесата се става на прст и се става во устата на кученцата. Откако ќе се навикнат на таа храна им се става во танирчињата 2 пати дневно. Првите седум дена ти е ќе одат по танирчето, тоа значи дека ќе се испрљаат и мора обавезно да се избришат и исчистат од храната. Дури и мала количина на млеко или друга храна може да предизвика запалење на кожата и опаѓање на длаката. Мајката за време на хранењето треба да се тргне од местото каде што јадат кученцата бидејки се случува и таа да им го изеде нивниот оброк. Додека кученцата научат убаво да јадат о со тоа да внесат доволно храна, тогаш више може да почнете да ги раните 3-4 пати на ден, и тоа е периодот во кој може да се почне во храната да се става месо.
    Традиционалниот прв тврд оброк од рендано месо не е баш најдобро за младите кученца бидејќи во него нема доволно калциум. Ако сакате да употребите свежо месо треба да додадете калциум во вид на костеново брашно. Ако кученцата имаат повеќе од три недели можете да им давате мелено говедско месо со додаток костеново брашно. Како кај мајката ќе се смалува млекото така вие ќе ја зголемувате количината на храната на кученцата. Малите кученца се хранат повеќе од возрасните кучиња бидејќи нив им треба повеќе храна и витамини за брз раст и развој. Ако мајката има доволно млеко и кученцата се задоволни со исхраната не треба да се брза со одвикнување од мајчиното млеко. Но ако кученцата во 5 недела не се започнати со прехранување, треба да се почне со давање месо. После 5 недела кученцата не треба да цицаат од мајката.

    НАВИКНУВАЊЕ НА КУЧЕНЦАТА НА ЈАДЕЊЕ

    Кога кученцата ќе наполнат 12 недели почнуваат да избегнуваат по еден оброк. Тогаш треба да им извадите еден млечен оброк од нивното дневно јадење. Се продолжува со 3 оброка на ден се до возраст од 6 месеци. Потоа од 6 месеци до 9 се даваат по 2 оброка дневно. После 9 месец колку ќе го храните кученцето еднаш или двапати зависи од околностите или од самото кученце. Кученцата со мал раст се осеќаат подобро ако јадат по еден оброк дневно.

    ПРАВИЛНА ИСХРАНА

    Не им дозволувајте на кученцата да станат неодлучни во јадењето. Кога ќе му давате храна на кученцето викнете го кутрето до јадењето и оставе те го садот тивно на подот. Не очекувајте дека само кученцата ќе ја најдат оставената храна во садот. Оброкот нека трае од 20-30 минути а потоа тргнете го. Остатоците понекогаш може да ѓи покриете или да ги ставите во фрижидер. И тоа да му биде следниот оброк со додадено уште месна супа. Овој оброк не дозволувајте да го јаде повеќе од 30 минути бидејќи ќе стане сув и невкусен.

    ДНЕВЕН РАСПОРЕД НА ИСХРАНА (7-12 НЕДЕЛИ)

    Млеко и кашичка - наутро
    Месо и препечен леб - напладне
    Месо и препечен леб - после пладне
    Млеко и кашичка - навечер

    ДОХРАНУВАЊЕ НА КУЧЕНЦАТА

    Во периодот кога кученцата се одбиваат од мајката тие треба да се дохрануваат. Дохранувањето се врши со неколку оброка дневно, а тоа зависи колку цицаат од мајката. После месец дена старост кученцата мора да добиваат полн оброк без разлика дали привремено цицаат. Храната со која ги храниме кученцата се состои од неколку месни и млечни оброци дневно. Месните оброци се состојат од умерено посолено говедско месо и многу вода, така што да се добие доволно супа во која е потребно да се сварат зобени снегулки (ориз,тестенини,некој зеленчук како морков,спанаќ,магданос и сл). Во добро измешаниот месен оброк 1/3 е добро иситнето месо, а другите 2/3 се нешто од наведената храна. Потребно е да се припази додатокот на месо да биде различен во деновите од неделата.
    Млечниот оброк се состои од ориз,пченичен гриз,зобени снегулќи варени во млеко со додаток малку шекер. На еден од тие оброци потребно е да се додаде по една жолчка. Љушпата од јајцето треба да се исчисти од белата внатрешна мрежичка, потоа да се исуши и добро да се иситни и стави во оброкот на кученцето. Во наведените оброци привремено може да додадете мали ситни парчиња свеж телешки џигер.
    Ваквата исхрана е препорачлива за сите видови на кучиња без разлика на нивната раса и големина. Развитокотна кој се основа развитокот на кучињата внатре во расите е многу различен, како во брзината на растот така и по траењето на поединечните фази на развојот. Тоа доведува до одредени разлики не во врстата на исхраната туку во количината.

    ПРЕХРАНУВАЊЕ НА КУЧЕНЦАТА ОД НАШЕ ИСКУСТВО

    Прехраната ја почнуваме со гранулиранасува храна од ист произведувач наменета за оваа старост на кученцето а тоа е храната Стартер или Јуниор. Големината на гранулите е многу мала, отприлика колку едно зрно ориз. Сувата храна ја потопуваме во топла вода или млеко за да омекне и после тоа ја пасираме со кујнска алатка. Подготвената храна ја ставаме во плиток сад. Првите 3-4 дена им помагаме на кученцата да научат да јадат. Ваквата каша им ја припремаме првите неколку недели, а подоцна нема потреба од потопување на храната во млеко или вода бидејќи ке почнат да ја грицкаат. Привремено во храната им додаваме жолчка,сирење,мелено говедско месо,говедски срца или јазик ама не во големи количини за да не се навикнат кученцата на месо и потоа да ја одбиваат сувата храна.



     
  9. --**ЕмА**--

    --**ЕмА**-- take me as i am

    Член од:
    14 ноември 2007
    Мислења:
    380
    Допаѓања:
    10
    Коли ( ЛЕСИ )

    идеална висина: мажјак 56 до 61 цм. женка од 51 до 56 цм.
    идеална тежина од 18 до 29 кг.

    Коли мора уште на прв поглед да остави впечаток на куче со исклучителна убавина!!!

    Коли е исклучително стара раса на овчар со потекло од Јужна Шкотска. Се смета дека оваа раса настанала во првиот век од нашата ера со вкрсување на домашно куче и овчарско куче кое било донесено од Римјаните. Шкотскиот овчар е куче со пријатен и мирен карактер, исклучително интелегентен, весел , верен, многу мирољубив, сака премногу да се дружи како со останатите кучиња така и со човекот... Не е куче за во стан и големи градови и најдобро се чуствува кога трча покрај велосипед.
    Оваа раса е со исклучително голема меморија и тешко ја поднесува самотијата, добро се чуствува во семејство и многу се приврзува за сопственикот. За давање команди не треба да се користи сила туку трпеливост и љубов, бидејќи во спротивно ќе одбива и наједноставни команди. На Леси му е потребно да стекне доверба кај луѓето..
    Благодарение на густите влакна лесно поднесува студ и дожд, но во летните месеци избегава сонце и постојано треба да му се дава свежа вода ( инаку морав да се надоврзам, на комшиите им умре лесито во лето зошто дехидрира :nesum: НЕВЕРОЈАТНО ) Што се однесува до исхраната , ова куче не е прибирливо , само треба да се обрне внимание на чешлање на влакната...


    [​IMG]


    ДОБЕРМАН

    идеална висина : до 72 цм
    идеална тежина: мажјак од 40 до 45 кг , женка од 32 до 35 кг

    доберманот е тивок и брз. Познат е по тоа што е многу внимателен и затоа и луѓето се плашат од него.
    По правило доберманот важи за типично куче на еден човек. Тој е значително поиздржлив од другите раси.
    Ова куче е со средна големина и се одликува со елегантното движење, брзината и темпераментот. Главата му е клинеста, плитка и многу слаба, ушите му се во облик на конус ( исправени ) телото му е во форма на квадрат и движењето му е многу еластично.. Особено е омилен заради големата верност кон господарот. Тој е многу интелегентен и сака да се работи со него и брзо и лесно учи.
    Одбрамбената работа ја сваќа многу сериозно и добро лае. Телото му е црврсто и силно но психички е многу чуствително куче. Кога ќе се случи нешто непријатно повеќе денови е несреќен. Тој е голем пријател на децата.
    Едноставна нега е потребмо да му се пружа поради кусите влакна кој се најчесто црни но и кафени, здрав е безразлика на неговата големина, не е препорачливо зимата да ја поминува на отворено.
    Оваа раса доживува дури и до 14 години возраст.

    [​IMG]



    ДАЛМАТИНЕЦ

    идеална висина:мажјак од 55 до 61 цм. женка од 50 до 58 цм.
    идеална тежина: од 22 до 25 кг.

    Далматинците се единствени по нивните изразени пеги , па никој неможе да ги замени со друга рас ана кучиња. Тие се живи, весели, чуствителни, верни, издржливи и брзи.
    Оваа раса на кучиња го добила своето име бидејќи била одгледувана во Далмација. Женките далматинци се многу плодни и на овој свет донесуваат потполно бели кучиња кои црните пеги ги добиваат после 12 дена.
    Далматинците се со мирна нарав, весели и не се агресивни. Во својата долга историја се занимавале со многу работи како : биле ловци , придружници на кочиите, чувари, воени кучиња...
    Не лесно да се одгледуваат бидејќи многу се митарат, но нивната интелегенција и весела природа ги надокнадуваат сите нивни мани.

    [​IMG]
     
  10. --**ЕмА**--

    --**ЕмА**-- take me as i am

    Член од:
    14 ноември 2007
    Мислења:
    380
    Допаѓања:
    10
    ГЕРМАНСКИ БОКСЕР

    идеална висина:64 цм
    идеална тежина:од 25 до 30кг.

    Боксерот е потомок на борбени кучиња уште од античко време. Ова куче е со средни димензии, има премногу силна вилица и е висок онолку колку што е широк. ПОгледот треба да оддава енергија и интелегенција што значи верност. Ова куче е брзо и елегантно и не смее да биде премногу слаб бидејќи има тешки коски.Влакната му се кратки и сјајни.
    Според мислењето на љубителите на ова куче, боксерот е агресивно, внимателно куче, неопходно му е нежно одлучно и доследно воспитување. Кон господарот е чуствителен и бестрашно му се спротиставува на противникот, а силен напад не може да го исплаши. Ако погрешно се воспитува тој станува опасен насилник. Се препорачува школување на ова куче а не домашна дресура.
    Иако се вбројува во службени кучиња тој е домашно семејно куче. Палав е , разигран, изворедно внимателен кон децата...
    Неговите кратки влакна лесно се негуваат. Скромен е и задоволен со престојот во стан, каде не лае премногу. Потребни му се постојани прошетки. Карактеристично за него е што ги турка домашните со муцката со што ја покажува својата наклоност..
    Германските боксери се повеќе склони на болести во споредба со другите големи кучиња.


    [​IMG]


    РОТФАЈЛЕР
    идеална висина: од 60 до 68 цм.
    идеална тежина: околу 50 кг.

    Ротфајлерот и припаѓа на најстарата раса кучиња. Потекнува уште од времето на стариот Рим. Било користено за скротување на бикови како и за влечење на колички. Ова куче е јако и стасито, не е незграпно. Тој е многу верен и послушен. Неговото држење е самоуверено, цврсто и бестрашно. На околината и на господарот реагира многу осетливо. Има големи работни способности, но бара посебен начин на насочување.
    Главата му е со средна должина, а челото му е многу нагласено, има изразени образи. Вратот му е силен и мускулест, без подбрадок. Опашката му е кратка а некои кучиња од оваа раса се раѓаат и без неа. Влакната му се кратки. груби, остри и прилепен, тој е црн со кафеави флеки по образите.
    Со правилно воспитување станува многу послушен и добар чувар. Созрева дури и по својата втора година. ;мпгу е борбен и не обрнува внимание на ударите. Премногу ги сака и е приврзан за членовите од семејството па понекогаш сака да стане и водич на групата. Во тој случај треба да се оддалечи од куќата. Не му е потребно многу движење, иако не е куче за во стан. Ротфајлерот не е куче за почетници туку за луѓе кои имаат искуство со кучиња.


    [​IMG]
     
  11. --**ЕмА**--

    --**ЕмА**-- take me as i am

    Член од:
    14 ноември 2007
    Мислења:
    380
    Допаѓања:
    10
    ГЕРМАНСКИ ОВЧАР
    идеална висина: мажјак од 60 до 65цм. женка од 55 до 60цм.
    идеална тежина: околу 32 кг.

    Германскиот овчар одамна се докажал како драгоцен пријател на човек, како куче чувар, трагач и спасител! Тој е многи издржлив и премногу интелегентно куче, по својата интелегница е на трето место. Брзо учи и сваќа со љубов, па владее со неколку десетини команди, и затоа е омилено куче на филмските продуценти.
    Што се однесува до карактерот, тој е мирен, сигурен во себе и претпазлив. Мора да поседува храброост, борбеност, и острина за да може да биде придружник, стражар, чувар и заштитник.
    Веќе фолго време полицијата го користи како дел од нивниот тим, а често има улога и како водач на слепи лица. Поседува едно од најдобрите сетила за мирис во светот на кучињата. Тој е мајстор во уметноста на следење траги, безразлика дали се работи за трагање на криминалци или изгубено дете.
    Тој е јак и мускулест, сјае со моќта, интелегенцијатата и подвижноста на неговите предци.
    Ако ова куче го одберете за свое домашно милениче, обрнете внимание на следното:
    во рамките на едно легло никогаш не треба да изберете кученце кое изгледа претерано активно или уплашено бидејќи порано или подоцна може да стане агресивно...

    [​IMG]
     
  12. --**ЕмА**--

    --**ЕмА**-- take me as i am

    Член од:
    14 ноември 2007
    Мислења:
    380
    Допаѓања:
    10
    ЧАУ-ЧАУ
    идеална висина:мажјак од 48 до 56цм. женка од 46 до 51 цм,
    идеална тежина:мажјак од 20 до 25кг , женка од 18 до 20кг.

    Чау-Чау е куче кое импресионира. Личи на лав и има кралско држење. Малите кученца изгледаат како мечиња, па децата ги обожаваат. Многу личи на едно куче кое живеело пред неколку илјадници години. Не се знае кои се точно неговите предци или пак како го добило неговиот специфичен плаво-виолетов јазик.
    Откако го откриле на Запад, станало луксузно куче за друштво. Со помош на селектирање била намалена неговата агресивост, овакуче е берно, чуствително и независно. Нема напади на лаење или копање, како некои други кучиња, прилично е мирно и не ја уништува куќата кога е само.
    Иако неговото меко крзно е создадено за гушкање сепак не ужува децата и странците да го опсипуваат со внимание. Нема изразена желба да му се додвори на сопственикот, па обуката може да претставува и проблем. Секогаш го прави она што на него најмногу му годи.
    Тој се чува за луѓе на кои ке им ја подари целата љубов, и ретко непотребно ја расфрла. Заради тоа , задоволството е уште поголемо кога ќе успеете да ги освоите неговите симпатии. сето ова говори дека оваа раса не е за секого.

    [​IMG]
     
  13. Desire

    Desire Refuse,Resist

    Член од:
    25 декември 2007
    Мислења:
    1.823
    Допаѓања:
    284
    Сибирски Самојед
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]



    Овие кучиња потекнуваат од древните номадски племиња од центаралниот дел на Сибир,наречени Самоједи.Кучињата никогаш не станале ловци,меѓутоа набрзо се прилагодиле на влечењето санки,станале чувари и верни сопатници.Самоједите не се вообичаени чувари,туку тие весело го најавуваат секој гостин.Самоједите биле многу блиски со членовите на племињата, кои често пати ги земале да спијат со нив во шаторите бидејќи додатно ги грееле.На децата им било дозволено да играат со кученцата,а доколку женките од некоја причина биле неспособни за доење,жените од племето ги одгледувале и подигале малите кученца.Тоа докажува колку ова племе ги ценело и социјализирало Самоједите.

    Самојед е куче од волчји тип,силен,активен,грациозен со неверојатна издржливост.Има средна големина со богато крзно и карактеристчна грива.Прво што се забележува на самоједот се неговите темно-кафени весели очи,црниот нос и ушите кои се исправени,триаглести,заоблени на врвовите и покриени со крзно.Типичниот опаш е богато окрзнен,свиен преку грбот или колковите.Висината е 50-60 цм.,а тежината 23-30 кг.

    Црната боја со селекција е отстранета,а чистата бела боја денеска е скоро универзална.Дозволени се и бела со кремаста боја,која на изложбите и не се преферира.
    Надворешното крзно е грубо и рамно,не смее да биде чупаво,свилено или брановито,и подолго е одколку кај другите арктички раси.Внатрешното крзно е густо и меко.Таквата структура на крзното му дава на кучето максимална заштита од надворешните влијанија,а бара минимална нега.
    Иако бело,неговото крзно секогаш изгледа чисто.Беспрекорното крзно има сребренест сјај.Густото крзно нормално бара редовно чешлање,посебно во пролет и лето.Мртвото крзно од внатрешниот слој,доколку не се отстранува може да предизвика проблеми со кожата.Исчешланото крзно може да се собира и да се испреде во волна.

    За тие кои не одобруваат чување на куче во стан,добро е да се спомне дека самоједите се кучиња чие крзно е скоро без мирис.

    Самоједите не се агресивни,благодарение на истоименото племе каде секој вид на агресивност се казнувал со смрт.Повеќевековниот близок и непрестан контакт меѓу човекот и кучето развил раса која работела чекор до чекор со човекот,се одморала во топлината на неговиот дом,жестоко се борела до него во животние битки и имала само една желба-да му угоди на човекот.Но самоједот никогаш не станал понизен пес,туку има задржано многу особини од своите предци.

    Денеска самоједите се прифатени како прекрасни и изразено мили друштвењаци.Со задоволство ја прифакаат секоја игра со нивната позната насмевка,која е нивен заштитен знак.

    Во врска со здравјето (сега не знам дали само самоједите или сите кучиња го имаат овој проблем) имаат многу осетливо грло,т.е.,доколку има црвено грло може да доведе до парализа на задните екстремитети,и мора итна интервенција кај ветеринар.
     
    На S_a_y_l_e_R и gos им се допаѓа ова.
  14. Desire

    Desire Refuse,Resist

    Член од:
    25 декември 2007
    Мислења:
    1.823
    Допаѓања:
    284
    Ама изгледа треба да се пишува општи карактеристики за одредена раса на кучиња:smir:
     
  15. Famous Last W

    Famous Last W I LoV3 YoU..

    Член од:
    24 август 2007
    Мислења:
    1.515
    Допаѓања:
    5
    Јас имам шарпланинец и можам да кажам дека е добра раса на куче слуша и утре ќе ставам слики од него да видате каков лепотан е. :wink:
     

Сподели преку: