Здраво, да прашам ако имал некој искуство со ваков случај да ме посоветува.
Земав сега брзо кутре мало, почнавме и со дресура, 3 месеци е, лесно учи сега за сега, и почнавме и со социјализација нели, но се случи да го касне куче за муцето, и од тогаш само рже и лае кога гледа кучиња, што предтоа не се случуваше туку им се приближуваше да си игра, не пушташе ни глас, исто и со мачките.
Ја опоменувам, со мачкиве успева и се трга (веројатно зошто и дома е со мачка, па навикната е) ама со кучињава е џабе, се тегне накај нив и рже/лае. Сега е мала ќе ја додржам, ама не е тоа решение, сакам да е социјализирана со други кучиња..