Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
7 октомври 2014
Мислења
73
Поени од реакции
104
Имам 2 прашања.

1.Лара е лабрадорче,5 месеци,не е моја туку на девојка ми.Од мала ја чуваме,ме сака ептен и се тоа...како и секое друго куче,се радува на гости.Е сега,дома нејзините и она,кажуваат дека кој и да дојде друг кај нив,е бесна,игра,трча,лае,носи играчки,ама сето тоа 20-30 минути откако ќе влезе гостинот,после тоа се смирува,и кога се сами дома кажуваат дека била како бебе,многу мирна.Но кога сум јас таму(а идам често) едноставно кучето не се смирува...значи не можеш да се видиш на раат,носи играчки,гризе,лае,малку да не и обрнам внимание одма со шепата ме гребе за да ја дружам,дури и да заспие од што ќе се премори од игра,да отидам до WC станува се гали и одма носи играчки да си игра пак,у 3 саат на пример навечер.Дали е нормално тоа,или треба да се превземат некои мерки..?

2.Имаше ланец оној на пуштање,пластично,ама го искина,и сеуште не е научена да оди покрај нога,тегне како пит да е,се радува на секој човек рипа скока,се гуши од што тегне...тоа смета,ем рака боли,ем лошо изгледа,ем плаши луѓе(оние кои не сакаат кучиња).Кажете tips како да се среди тоа,и каков ланец да купиме,за најдобро да се научи ?
Исто и моево магаре, веќе 9 месеци наполни а уште е будало во буквална смисла. :D Кој и да дојде им рипа им скока, се радува сака да игра, на сите дома секогаш им се радува како да не ги видел со недели :D a особено кај мене осетил некоја попустливост па знае да си се опушти во играта и знам понекогаш да бројам ѕвезди :D. Затоа кога ќе дојдат гости кој сака да игра со него го пуштам од бокс, а кој нема живци да го трпи си седи во бокс. Едноставно таква раса се.
И мојов тегне, едно 20 минути додека не ги измоча сите можни бандери, стубчиња итн. После тоа се смирува.
Пробај давеник научете ја малку прво на кратки прошетки да осети дека тоа ја дави и мора да успори. (Така ја научив Хаската јас, а кај ова сега не се осмелувам да го ставам :pos: )
 
Arioth

Purpletrator
Член од
20 февруари 2007
Мислења
527
Поени од реакции
82
Здраво.

Пишав во една од темите дека земавме 4 месечен бигл пред 4 дена. Кучето си се прилагоди со нас без никакви проблеми иако претходно беше скоро 2 месеци во друго домаќинство. Имам само еден проблем. Не сака да се четка. Ни со по обичните четки за крзно ниту пак со оние фурминатор-стил на четки. Бега, каса, лае, само да ја види четката буквално одма добива напад на паника. Како да го решам ова, да бидам малку поупорен или некое друго решение?
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795

Ова исто како мојата кога се плашеше од машинката за стрижење. Ма да не ја стрижам веќе, за изложба ја подготвувам... Да не го тупам, земи храна и стави го чешелот пред кучето. Постепено приближувај го чешелот, а како што го приближуваш, давај му храна. На крај само потпри го на кучето, а потоа полека почнувај да го чешлаш.
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.459
Поени од реакции
2.017
Сакам да земам Дого Аргентино, некој совет, tips & tricks?...
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.844
Поени од реакции
5.645
Обрати се кај @Lu ќе ти даде и некој совет за расата зашто скоро секој ден се среќава со истата, а и контакт од луѓе што имаат легло старо 1,5-2 месеци. Од одлично потекло.
 
Член од
13 мај 2013
Мислења
201
Поени од реакции
32
Здраво , дали има некој што го користел тоа млеко од royal canin,тоа било замена за мајчинско но дали кучето ќе преживее со хранење на тоа млеко од самото раѓање..? ( зошто мајката генетски нема млеко ). 1328012528-47086200.jpg
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Здраво , дали има некој што го користел тоа млеко од royal canin,тоа било замена за мајчинско но дали кучето ќе преживее со хранење на тоа млеко од самото раѓање..? ( зошто мајката генетски нема млеко ).Прегледај го приврзокот 121881
Млекото е супер, само што за првиот ден ти треба колострално млеко во прав. Колку што знам увозниците на ројал увезуваат и такво млеко. А од каде тоа дека мајката генетски нема млеко, ветеринар ти има кажано?
 
Член од
13 мај 2013
Мислења
201
Поени од реакции
32
Млекото е супер, само што за првиот ден ти треба колострално млеко во прав. Колку што знам увозниците на ројал увезуваат и такво млеко. А од каде тоа дека мајката генетски нема млеко, ветеринар ти има кажано?
Па немаше млеко кога се породи имаше 9 самоеднчиња пробав да ги спасам но ни едно не остана, касно го добив тоа млеко од кога останаа само уште две почнав да ги хранам и за една ноќ умреа и тие . Па јас мислам дека е генетски што може др да биде и ветеринар и стави инекција за контракција али ништо ...
Дали постои нешто што може да преживеат кутрињата кога мајката нема млеко..? инаку втор пат е парена првиот останале само 2 и тогаш немала млеко само две цициња имале по малку .
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Па немаше млеко кога се породи имаше 9 самоеднчиња пробав да ги спасам но ни едно не остана, касно го добив тоа млеко од кога останаа само уште две почнав да ги хранам и за една ноќ умреа и тие . Па јас мислам дека е генетски што може др да биде и ветеринар и стави инекција за контракција али ништо ...
Дали постои нешто што може да преживеат кутрињата кога мајката нема млеко..? инаку втор пат е парена првиот останале само 2 и тогаш немала млеко само две цициња имале по малку .
Можно е да развива мастит, мене ми се случи третиот ден да снема млеко, па тогаш целосно ги префрлив на млеко во прав. Ја терапирав со антибиотик. Нека ја прегледа ветеринар. Мој совет барај го др. Диме, тој може да ти посочи бидејќи знам дека тој има земано такво млеко за кучка со царски рез без млеко. Значи, ова млеко што си го ставил, е за прихранување, не е прво млеко. Првото млеко е колострално и тоа како што кажав е посебно и тоа мора да го прима. Кутрињата ти угинале баш поради тоа што не примиле колострум кој е богат со имуноглобулини, почетни одбрамбени клетки кои ги добиваат кутрињата од мајката, а можат да бидат внесени само првите 2 дена. Потоа слузницата на дигестивниот тракт не ги ресорбира како такви, туку како обичен протеин.
 
Како може да добијам контакт нешто од тој доктор..? Не знам дали постои решение околу тоа дали стварно има некој што изгледал кутриња од самото раѓање со вакво млеко. Барам искуство дали има некој за да знам дали да се пари или не зошто премногу е болно да ѓи гледаш како згаснуват..
Барав и нешто на нет али многу слабо има околу тоа преживување за изгледување на мали... $_57 (1).JPG
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Контакт Ветеринарен Центар. Не се разбираме. На тоа млеко не се подига леглото, тоа млеко го примаат само еден или два дена. Понатаму се прима млекото на ројал. Барај пред парење да се направи микробиологија со вагинален брис а не е лошо и да се земе брис од мажјакот. Најубаво посети го др. Диме во Капиштец, и разговарај со него.

п.с. јас изгледав 5 комада на такво млеко, здрави прави. А не сум ни прва, ни последна. Само што ако твојата нема млеко од прв ден мора колострум, кај мене колострумот си го примија од кучката и потоа ми се јави проблемот.
 
И земаа вагинален брис ми кажаа дека се е ок. Имаш изгледано 5 кутриња само со тоа млеко и никакво цицање од мајката..? ако е така значи возможно е да останат живи ,зошто прашав тука по ср . ветеринари викат ако не цицат од мајката не можам да останат живи какво и да им даваш млеко не се мачи бла бла не знам кој да слушам...
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Другар не ме читаш изгледа. Јас прихранував после трети ден. Не знам со кои зборови да ти напишам. Кај мене колострум примаа од мајката и после трети ден кучката разви мастит и немаше млеко. Е сеа, ако веќе твојата не пушта млеко, ти ќе си набавиш колострум во прав и веднаш по породување првите два дена се дава само тоа млеко, препрочитај убаво ти напишав што е колострум. После тие два дена се дава млеко во прав за кутриња. И со него си тераш. Ројалот и да го дадеш веднаш по породување ништо не си направил, затоа што ројалот не е колострално млеко. ПАк ќе ти кажам јави се и барај го Диме.
 
Член од
24 март 2015
Мислења
11
Поени од реакции
2
Сакам да прашам ... Ако родителите на кучето се агресивни дали тоа ќе влиае на кучето
 
Kajgana Shop

На врв Bottom