Непостои конкретна цена за ниедна раса ... се ти зависи од тоа колку е квалитетен примерокот.
Цените се од 50 евра до 5.000 евра ... ама буквално ... за било која раса.
За да ти се препорача раса, прво треба да кажеш нешто повеќе за себе.
Дали би ти било прво куче, дали си имал претходно искуство со кучиња, колкаво знаење имаш за кучињата, колку имаш слободно време да му посватиш во текот на денот за шетање и физичка активнос, колку си финансиски стабилен за основни трошоци во текот на месецот, колкава сума си спремен да одвоиш за да го купиш кученцето.
Кога ќе одговориш на ваквите прашања, ќе можеме да ти препорачаме соодветна раса.
Уствари овие основни прашања се наменети за секој кој што планира да земе кученце, и најпрво секој сам на себе треба да си ги постави овие прашања пред да земе куче.
А не како што си е стандардно кај нас ... „леле кученцево е ептем слатко, многу ми се допаѓа ќе си го земам“
Кучето не е играчка, пред се е живо суштество, и е голема обврска.
Ако некој не е способен да чува куче како што треба, и да му ги пружи основните потреби, тогаш подобро е воопшто да не го ни зема.