- Член од
- 7 октомври 2014
- Мислења
- 73
- Поени од реакции
- 104
- Возраст
- 32
Имам 2 прашања.
1.Лара е лабрадорче,5 месеци,не е моја туку на девојка ми.Од мала ја чуваме,ме сака ептен и се тоа...како и секое друго куче,се радува на гости.Е сега,дома нејзините и она,кажуваат дека кој и да дојде друг кај нив,е бесна,игра,трча,лае,носи играчки,ама сето тоа 20-30 минути откако ќе влезе гостинот,после тоа се смирува,и кога се сами дома кажуваат дека била како бебе,многу мирна.Но кога сум јас таму(а идам често) едноставно кучето не се смирува...значи не можеш да се видиш на раат,носи играчки,гризе,лае,малку да не и обрнам внимание одма со шепата ме гребе за да ја дружам,дури и да заспие од што ќе се премори од игра,да отидам до WC станува се гали и одма носи играчки да си игра пак,у 3 саат на пример навечер.Дали е нормално тоа,или треба да се превземат некои мерки..?
2.Имаше ланец оној на пуштање,пластично,ама го искина,и сеуште не е научена да оди покрај нога,тегне како пит да е,се радува на секој човек рипа скока,се гуши од што тегне...тоа смета,ем рака боли,ем лошо изгледа,ем плаши луѓе(оние кои не сакаат кучиња).Кажете tips како да се среди тоа,и каков ланец да купиме,за најдобро да се научи ?
Исто и моево магаре, веќе 9 месеци наполни а уште е будало во буквална смисла.
Кој и да дојде им рипа им скока, се радува сака да игра, на сите дома секогаш им се радува како да не ги видел со недели
a особено кај мене осетил некоја попустливост па знае да си се опушти во играта и знам понекогаш да бројам ѕвезди
. Затоа кога ќе дојдат гости кој сака да игра со него го пуштам од бокс, а кој нема живци да го трпи си седи во бокс. Едноставно таква раса се.И мојов тегне, едно 20 минути додека не ги измоча сите можни бандери, стубчиња итн. После тоа се смирува.
Пробај давеник научете ја малку прво на кратки прошетки да осети дека тоа ја дави и мора да успори. (Така ја научив Хаската јас, а кај ова сега не се осмелувам да го ставам
)

