Колку само е потребна и најмала секунда на невнимание за да се направи беља ...
Еве што ми се деси во саботата (16 мај) на изложбата за кучиња на која што учествував.
Бевме собрани друштво, стара гарда кучкари

и меѓу друштвото беше и мојот другар со неговиот Доберман, со кој што сме секој ден во парк и редовно си играат заедно нашите Добермани.
Многу специфична особина кај Доберманите е тоа што имаат екстремно висок ген за чување, и се премногу заштитнички настроени кон фамилијата и блиските луѓе ... и исто така доколку се поврзат со некое куче, можат да бидат заштитнички настроени и кон кучето.
А мојата Доберманка Астра, е премногу поврзана со Доберманот на мојот другар, бидејќи секој ден се шетаме заедно, си играат, трчаат ... едноставно од малечки кога беа, пораснаа заедно буквално, и иста возраст се.
И си седиме сите лабаво на изложбата, јас завршив со учеството, ги собрав сите титули ... и чекавме да влезам за во групите.
И така си седиме, нешто се зафркаваме, и кога наеднаш една Германска Боксерка се заар'жа и сакаше да се здави со Доберманот на другар ми, и нормално и Доберманот изреагира, и врати у иста мера ... али не се закачија бидејќи беа врзани на поводник, и нормално сопствениците ја исконтролираа ситуацијата.
И сеа се дешава циркузот
Целата таа ситуација се деси буквално на 1 метро од кај што седев јас со Доберманката, а притоа Астра будно ја следеше целата ситуација.
И обично кога реагира Астра, веднаш реагира у самиот момент, а притоа и целата се накострешува ... но овојпат додека траеше таа ситуација, она седеше мирна поред мене и воопшто не се накостреши.
И јас бидејќи не забележав никаква реакција кај Астра, лабаво си седев ... и абе луѓе, не пројдоа ни 10 секунди, Германската Боксерка се сврте со грб, и у истата секунда Астра срипуење со сета сила накај Боксеркава, за да го брани Доберманот на другарми.
Буквално ме преврте од столчето на кое што си седев (долу лево на сликата)

и цела се испружив на земја, и ме влечеше цело метро по тревата ... неможев да ја задржам, буквално збесната беше и влечеше со сета сила, мене ко пердувче ме влечеше ... и едвај ја задржав, на 15 цм. и се доближи до Боксерката, ептем малце фалеше за да се фатат и да се напраат партали.
И тоа така ме влечеше што е женка со 38 - 39 кила, и едвај успеав да ја задржам.
А замислете што ќе се десеше да имав мажјак Доберман од 50 и кусур кила, тек тогаш ќе немав никакви шанси да го запрам.
Затоа поука од мојава случка.
Секогаш бидете внимателни, и никогаш не ја потценувајте силата на големите раси на кучиња.
My gentle beast