тоа и го мислев, а мозе да е проблемот со стомакот од млеко/?? мајка ми му давала да пие мелеко , онака место вода демек зеден бил , без да ми каже...
Кучињата нетреба да пијат млеко бидејќи млекото содржи ензим кој што кучињата неможат да го преработат, и затоа од млекото имаат проблеми со стомакот и добваат дијареа.
Кажи и на мајкати другпат да не му дава на кучето млеко, ако е жедно нека му даде вода а не млеко.
Може да ми направите некаква споредба меѓу доберман и дого аргентино?
Подолго време се мислам меѓу овие две кучиња, и двете ми изгледаат прекрасно па затоа сакам да слушнам некое ваше мислење.
Јас би избрала Доберман.
Како што кажа Ivana Roth претходно, Дого Аргентино е наменето за лов на диви свињи и во себе си го носи тој ловџиски ген и при прошетки цело време ќе бара некој плен.
Додека пак Доберманот ти е една фантастична раса, премногу е интелигентен (Доберманот е во ТОП 10 најинтелигентни раси) и многу брзо и лесно ги учи командите и не е премногу тврдоглав (заразлика од Дого Аргентино кое што многу тврдоглаво).
Доберманот е чувар и body-guard, и секогаш е на штрек и спремен за „акција“ доколку сопствникот е во опасност
Премногу се емотивни, важат за едни од најемотивните кучиња и премногу се приврзуваат за сопственикот ... и затоа се ПРЕМНОГУ заштитнички настроени кон сопствникот и семјството и затоа треба многу да внимаваш ... доволно е само некој да ти повиши тон и Доберманот веднаш ќе застане до тебе
а недај боже некој да ти крене рака веднаш ќе нападне ... тоа е тој заштитнички и чуварски ген што си го носат во себе, едноставно ти ја следат сенката и не те испуштаат од вид
Тоа што живееш во стан нека не те загрижува, еве и јас живеам во стан, и денес ќе земам Доберманка, а познавам и еден куп други луѓе кои што чуваат големи раси во стан ... станот не е никаков проблем доколку на кучето му обезбедиш 2 - 3 прошетки дневно и доколку го истрчаш за да си ја потроши енергијата.
Инаку Доберманот е премногу темпераментна и хиперактивна раса и бара редовно истрчување.
Вака генерално гледано, Доберманот е поурбана раса и ти препорачувам да си земеш Доберман ... Догото Аргентино не е баш за во стан и има тежок карктер.
Со Доберманот ќе ти биде многу полесно.
btw: Денес ќе го земам Доберманчето слики ќе ставам поручек.