^ >>ЕкО<<
Како дојде до таков заклучок дека тоа што се пишува по форумите е копирано од интернет, а не е напишано од лично искуство ???
Еве, јас и многу други членови на форумов Кајгана сето тоа што го пишуваме е од лично искуство.
Јас на форумов сите совети што ги давам ми се од лично искуство.
Еве како за почеток, прочитај ги моите постови на форумов Животни, ќе научиш многу корисни совети од мене.
Прочитај ги овие теми: (темите ти ги поставив во линкови за да ти олеснам да не ги бараш низ форумов)
- Алфа статус
- Женки / Мажјаци
- Храна за кучиња
BTW: Си избрал погрешна раса и погрешен пол како за прво куче.
Хаските (и сите останати поларни раси) се многу инаетливи и тврдоглави, а тоа што полот на кучето е мажјак дополнително ќе ти ја отежни ситуацијата.
Секој човек што првпат чува куче, многу полесно ќе си помине со женка отколку со мажјак.
Женките многу полесно се помируваат со Алфа сатусот, додека пак со мажјаците ќе ти биде многу потешко да се наметнеш како Алфа.
Веројатно сега се чудиш од колкаво значење е Алфа статуот во семејството, но со тек на време ќе сватиш