L
Lu
Гостин
Јас кога би зимала некое кученце или маченце секогаш би одбрала да биде машко затоа што машките не се толку проблематични како женските.
Па јас сакам и машки и женски, ама кога го зимавме моето куче моите сакаа мажјак затоа што е полесно да се чува отколку женско.
Па секогаш гледам, мажјак да земам, затоа што за женките има повеќе обврски отколку за мажјаците, мада женките ми се некако помили ама сепак сум за мажјак.
Бре се експерти на темаваМажјак во секој случај е полесно за чување.
Дајте луѓе немојте да тресете глупости што сте ги чуле од рекла-казала муабети.
Ај сега малку подетално да ви објаснам некои работи ...
Гледам на темава се изјасниле повеќето дека мажјаците биле полесни за чување од женките.
Сите што мислат дека мажјак куче е полесно за чување од женка се во една голема заблуда.
Женките се многу поприврзани за семејството, а циклусот што е 2 пати годишно и што трае по 15_тина дена не е ама баш никаков проблем или изговор за да не чувате женка.
Со мажјаците е многу потешко затоа што ако осетат женка во циклус им се исклучуваат сите жици во главата и веќе не размислуваат трезвено, па ти викај како будала по него да се врати али џабе ти е, едноставно не те ферма.
А покрај тоа што ако помирисаат женка во циклус ќе побегнат по неа, уште полошо што може да ви се случи е тоа ако се погодат на исто место двајца возрасни и зрели мажјаци и женка во циклус.
Е тек тогаш доаѓа до општа тепачка за да се знае чија е женката, а особено што мажјаците си имаат некое свое его па и кога нема женка во нивна близина они сепак сакаат да си се докажат кој е поголем фраер.
И секогаш има можност двајцата мажјаци крвнички да се степаат и да едвај ги одвоите и да има последици од тепачката.
На женките циклусот им трае 15_тина дена и добиваат на 6 месеци, значи женките треба да ги пазите само 30_тина дена во годината, а додека мажјаците треба да ги пазите да не ви избегаат и да не се здават со друг мажјак 365 дена во годината тоест нонстоп.
Затоа мојот избор секогаш ќе биде женка, бидејќи многу полесно и поедноставно е да чуваш женка