Кучиња (грижа, општи дискусии)

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
^ DANTE

По колку пати на ден му давате да јаде на Малтезерчето ... т.е. днената доза од 40 гр на колку оброци ја распределувате ?

Инаку куче не се воспитува со удирање со весник.
Остај ги тие примитивни размислувања на прости луѓе.
Кучето се воспитува на психолошки начин, а не на насилен начин.
Значи тепање на кученцето со весник - заборави !

Имам еден многу добар пост напишано во врска со тепањето со весник, утре ќе прочепкам по старите страни од темава и ќе ти го постирам.

BTW: Мислењето дека куче се воспитува со тепање со весник е исто толку погрешно колку што е погрешно и мислењето дека „Кучето несмее да се гали / допира додека јаде“ бидејќи ќе те каснело ... If you know what i mean :)
Па му ги распределивме на 3 оброка, ама ветеринарката ни рече дека можеме да му дадеме малце повеќе, чим бара да јаде значи е здрав и можеме да му дадеме да јаде минимално повеќе од тоа.
 
Член од
22 април 2012
Мислења
12
Поени од реакции
1
И јас сакам да прашам нешто, за почеток само од храната да му давам и по колку или... 50 дена е.
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
Кај има да се купи Frontline само во ветеринарни амбуланти или и во пет шоповите, и колку пари е ?
 
L

Lu

Гостин
^ NDarK
Фронтлајн има и во ветеринaрните станици и во пет шоповите.
Кошта 350 / 400 денари до 10 килограми.

И јас сакам да прашам нешто, за почеток само од храната да му давам и по колку или... 50 дена е.
Можеш да му даваш дехидрат, а можеш да му даваш и домашно приготвена храна.
Но додека е мало кученцето, препорачиво е да се храни со дехидрат.
 
>>ЕкО<<

ЕкологисТ
Член од
18 октомври 2011
Мислења
109
Поени од реакции
20
^ >>ЕкО<<

Како дојде до таков заклучок дека тоа што се пишува по форумите е копирано од интернет, а не е напишано од лично искуство ???

Еве, јас и многу други членови на форумов Кајгана сето тоа што го пишуваме е од лично искуство.
Јас на форумов сите совети што ги давам ми се од лично искуство.

Еве како за почеток, прочитај ги моите постови на форумов Животни, ќе научиш многу корисни совети од мене.
Прочитај ги овие теми: (темите ти ги поставив во линкови за да ти олеснам да не ги бараш низ форумов) :)

- Алфа статус
- Женки / Мажјаци
- Храна за кучиња

BTW: Си избрал погрешна раса и погрешен пол како за прво куче.
Хаските (и сите останати поларни раси) се многу инаетливи и тврдоглави, а тоа што полот на кучето е мажјак дополнително ќе ти ја отежни ситуацијата.
Секој човек што првпат чува куче, многу полесно ќе си помине со женка отколку со мажјак.
Женките многу полесно се помируваат со Алфа сатусот, додека пак со мажјаците ќе ти биде многу потешко да се наметнеш како Алфа.
Веројатно сега се чудиш од колкаво значење е Алфа статуот во семејството, но со тек на време ќе сватиш :)
Разгледав некои од темите што ги наведе, и се е ок објаснето. И не реков за сите дека копираат од интернет, само сакав да прашам некој ако има нешто да ми каже нешто од лично искуство, грешки или позитивни работи што ги направиле, кои би ми послужиле како добар совет.
А за Алфа статусот моето кученце е многу мало така да веројатно подоцна ќе ми стане јасно на што мислиш :)
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Пинчурот го сецнаа, вчера го вратија дома, а Лулу уште да полета (се навикна на него и додека беше кај ветеринар, го бараше низ сите соби :) )...
Сакав да ве прашам, после колкав период од кастрацијата кај машки пинч се смируваат хормоните. Зошто вчера, ден после операцијата, пак и „скокаше“ на Луличот мој.:pipi:
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Ја чу да умру!
не навистина,намира не ме остава кучево! како лепич по мене е! ми иде да му акнам една ама ко ги видам тие очиња...абе здрав чорап немам ееј! ама не сакам да го туркам и сакам да го гњавам,домашните не го поднесуваат веќе,лае ненормално лае лудуваа се поддава на големи кучиња се мили големо е тоа! трчи нонстоп а вчера од тераса ќе се фрлеше за малце...цвеќињата дома сите ги уништи,од земјата ископа и направи лом! кога го пуштат усисувачот се побркува буквално ќе те направи на парчиња тогаш!
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Имам хаска (машко) месец и пол, прв пат чувам куче па доколку има некој нешто посебно да ме посоветува или да ми порача нека пише.
Гледам дека има се и сешто пишувано на форумиве, но ме интересира некој да каже од лично искуство а не само копирано од интернет.
Уживај, и мое прво куче е самојед мажјак, па еве 3 години уживам со него, миленик е на цело маало, тешко да се види агресија од нив, инаетливи се премногу па на моменти не можеш ништо да направиш, како сака он така ќе биде :) буквално знаат да направат будала од тебе, и баш затоа ги обожавам :)

Прекрасно куче си обрал, гушни го еднаш од мене, и ако ти треба нешто за расиве пиши ми порака:pipi:
 
Член од
4 декември 2011
Мислења
44
Поени од реакции
19
Баш сакам мало куче како меченце...само многу ќе се прврзам за него...па после :place:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812
Баш сакам мало куче како меченце...само многу ќе се прврзам за него...па после :place:
И после ќе си уживаш со него.
Ако имаш желба не се двоуми, јас земав самојед и одлично ми е со него. Праи глупости ама се трпи :D
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Вчера го однесов кучето во викендица. Таму беше пуштен во двор и јадел и дрва и трева и некои цвеќиња. Немаше никаков проблем и само еднаш поврати.
Денес сабајле се искака тврд измет и после тоа 3-4 пати нешто како пролив. Го проверив изметот и не успеав да најдам глисти.
Дали тоа што 3-4 пати пробуваше пак да кака значи дека има глисти, или па од тоа што јадел вчера сака да го исфрли ?
 
Не се секирај. Така прават, пасат трева, цвеќиња и што ти не за да повратат и да се прочистат.
 
L

Ligeia

Гостин
Вчера го однесов кучето во викендица. Таму беше пуштен во двор и јадел и дрва и трева и некои цвеќиња. Немаше никаков проблем и само еднаш поврати.
Денес сабајле се искака тврд измет и после тоа 3-4 пати нешто како пролив. Го проверив изметот и не успеав да најдам глисти.
Дали тоа што 3-4 пати пробуваше пак да кака значи дека има глисти, или па од тоа што јадел вчера сака да го исфрли ?
Ако е мало кучето нормално е да јаде се и сешто, и сега тоа го вари и исфла :)
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Ако е мало кучето нормално е да јаде се и сешто, и сега тоа го вари и исфла :)
Да да, мало е, има 4 ипол месеци и еве денес цел ден пролив има :(
Дали е дека јадел нешто, или пак глисти да не има ? Јас во изметот не приметив.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Да да, мало е, има 4 ипол месеци и еве денес цел ден пролив има :(
Дали е дека јадел нешто, или пак глисти да не има ? Јас во изметот не приметив.
Ако му го натопуваш дехидратот со вода, тогаш давај му го сув денеска. Најверојатно малку е настинат, ако нема некои други симптоми освен проливот тогаш нема гајле.
Два пати го прочистував со апче за глисти и сеуште паси трева, мислам дека ако си го прочистил сега брзо нема глисти.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom