DANTE
Gym instructor.
- Член од
- 22 март 2006
- Мислења
- 1.318
- Поени од реакции
- 366
Здраво луѓе, сефте пишувам во подфорумот за животни, дома купивме кученце од расата Малтезер, за два дена ќе има 2 месеци и треба да ја прими 2рата вакцина. Кога го донесовме ептен беше кротко, уплашено, еве веќе помина една недела почна да дивее низ дома, но го заприметив како гризе се што ќе стигне, додека го галиш пробува да те гризне, растрга весници, папучи, буквално на што ќе наиде. Дома е во центар на внимание па никој не го кара. Прашањето ми е дали треба да се поставиме малце построго према него или сето ова е нормално додека е волку мало и со текот на времето ќе се смири, сакам да стекне дисциплина пошто како што знам железото се кова додека е жешко ќе се дружиме почесто, ќе прашувам се што ме интересира зашто првпат чувам дома милениче од овој вид Поздрав