Купувам - продавам

Член од
16 јуни 2009
Мислења
19
Поени од реакции
0
Барам кваки предни за Алфа Ромео 146, модел 1995-1997. Кваките да бидат целосни сосе механизмот. Ако некој најде цела кола веќе неупотреблива, уште подобро. Пишите по ПП :)
 
T

Tetro

Гостин
Барам да си купам Голф 1 или 2 со 5 врати, или Џета со 4 врати на старо, понуди по ПП со спецификации на возилото.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Етееееее дечки...купувам 101/128/Југо! Конечно да отпочнам со проектот :salut:

Ќе испадни нешто вакво кога ќе завршам:





Или вака...



Ајде дајте понуди...
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Волкси, право да ти кажам...нешто размислував деновиве, околу некој иден проект, па вака би образложил тука, би ти дал една идеја:
Да си најдеш еден Медитеран.
Да му ставиш мотор од 101 Специал, се оригинал :)
Бандашите од Специал, оние Cromodora, фабричките. Малце спуштено, и напред обавезно везниот лим сосе фарови од округлите, жмигавци во крилата, и хромиран браник, направен во стилот Rally, со 4 магленки, 2 горе, 2 доле.
Боја жолта. Или...црвена со мат црни хауби.
Штопови тонирани црвено.
Инструментите и таблата цела од Специал. Седишта од што сакаш :)
Кола таман „од епохата“.
А? Шо викаш?
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
јас само што продадов еден медитеран ама беше од поновите со коцкасти фарови
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
јас само што продадов еден медитеран ама беше од поновите со коцкасти фарови
касно се кажа колегава.. инаку тоа со фаровите лесно се оправа. Менуваш крила и везен лим и ете ти со тркалезни фарови.
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Купувам Голф 1 со алумински бандажи и клима:)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Боки..кецот како што гледам, си го средил, и си го продал...
Стегнато делува така на сликата...а како што кажа Џиш, лесно ќе се конвертира во 101 со округли фарови...и жмигавци на крилата. :)

П.С. Менувани ти се крилата...зошто, побогу, мајсториве ги варат однадвор?! Не се правилно заварени!
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893



Оваа ја меркам јас...




Само мене ми се чини или крилото предно е ептен ниско?!
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Оваа ја меркам јас...




Само мене ми се чини или крилото предно е ептен ниско?!
Така делува од бандажите и високите гуми... види и задното е баеги ниско.
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Боки..кецот како што гледам, си го средил, и си го продал...
Стегнато делува така на сликата...а како што кажа Џиш, лесно ќе се конвертира во 101 со округли фарови...и жмигавци на крилата. :)

П.С. Менувани ти се крилата...зошто, побогу, мајсториве ги варат однадвор?! Не се правилно заварени!
такви беа крилата кога го купив ама се мислам дека тие му се фабрички или се лажам.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Етееееее дечки...купувам 101/128/Југо! Конечно да отпочнам со проектот :salut:
Ќе испадни нешто вакво кога ќе завршам:

Или вака..

Ајде дајте понуди...
Ти најдов 128-ка, произведена 1989, прва фарба ништо каросериски не гибнато, прилично солидна состојба, малку се изгниени задните венци (само венците не поткрилата или праговите) бојата е зелено-маслинеста малку избледена и ефект на далматинец каде што ја потчукнувале/гребнувале ја фарбале со троа потемна :). Сега ја регистриа човекот, а ја купи пред 1 година од прв газда. За цена, од 1000 евра нема да ја даде подолу.

Ако си заинтересиран јави се, ке те носам да ја видиш кога сакаш.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Освен менување на предниот везни лим (ако е од поновите 101) би било интересно да се смене и задниот за да подзаличи на Фиат 128. Со долгите штопови е баш супер. Ама ова би изгледало грдо на Медитеран, затоа ти треба 128 со 2 врати. Нешто вакво, не мора да е Рели. Финтата е што вакви Застава нема правено.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Не ако е Медитеран нека биде медитеран, нема што да го наличува на 128-ка. 1,6 мотор, два двогрли карбуратори, доработена глава и блок на мотор, издув фи-50 и барем 120КС ќе исфли сигурно.

Инаку обавезно некои хромирани браници и спуштена на некои олд-скул фелни ќе биде перверзија. Кочници самовентилирачки од Уно Турбо или барем оние од Фиат Типо.

Подвозје со рамена од Флорида или Типо, полимидни чаури на преработена баланс штанглата, санки , укрутувач меѓу кошовите (најдобро и позади) и евентуално пунктирана каросерија, со дупли лимови....:vozbud::vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom