Од погоре наведените, најмонгу ја сакам Law and Order: Criminal intent. Најмалку Special Victim Unit.
Во Криминална намера, главниот детектив е интересен лик со интересни методи на разрешување на случаите. Главно оружје му е психологијата во испрашувањето. И во оваа серија има сцени во суд кои им се добро сработени. А не е лесно да направиш добра сцена со во судска сала.
Од трите ЦСИ, Мајами, заради Хорацио. А инаку најдобри случаи, имаше во ЦСИ Вегас, и тоа првата сезона. Не гледам редовно ама сеуште се сеќавам на некои случаи што ги гледав кога почнаа да ја даваат на А1. Тогаш имаше динамика.
А сега што гледам на А1, незнам која сезона е, ептен се тапа. Премногу на кај драма тргнаа. Абе ова е крими серија, а не драма. Сега, мистерија 0, акција 0.
Ама затоа тука е Мајами. Ако мислат да направат вака и во Мајами, ќе треба да го изфрлат ликот на Хорацио.
А, ме интересира што другите мислите за сегашнава сезона на ЦСИ Вегас.
Инаку, за најдобра крими серија, сега а и понатаму, ја сметам Sherlock Holmes (1984-1994). (не е наведена погоре) тука иди и Twin Peaks, која жанровски делумно е криминалистичка и е воопшто, една од најдобрите што се направиле.
ПС. 24 не ја спомнав оти не е класична криминалистичка. Таа повеќе влегува во акција со малку политика.