Не е границата 51 поен само на приватните факултети.Секаде е различно, посебно на секој факултет.На пр. кај мене, на Правен, за да положиш треба 61бод., а на приватниве 51.
Очигледно го имаш најдено текстов од некаде и постирано, слабо дека знаеш како е во пректика овој систем. Првин не е шестка од 51 поен, туку од 61 па натака, нема поени за присуство, барем кај нас на правен, а што е полошо ако не си присутен на 51% од предавањата немаш право да го полагас испитот. И поениве горе врска си немаат со оценувањето. На двата колоквиуми може да се добијат најмногу 70 поени, на есеј уште 20, и од активност на предавањата ( не од присуство) уште 10 поени. Плус ако ти фали еден поен за 6-ка или повисока оценка, Професорот има дискреционо право да те испраша усно, и да ти додаде еден поен. Системот не е ништо посебно, замислен е студентите во најголем дел да може да поминат на испит, ама затоа потешко се вадат повисоки оценки, и автоматски повисок просек.ЕКТС (Европски кредит трансфер систем) се базира на принципот според кој 60 кредити ја означуваат ангажираноста (workload) на редовниот студент во една академска година. Ангажираноста на еден редовен студент во студиските програми во Европа во повеќето случаи е еднаква на 1500-1800 часови во една академска година и тогаш еден кредит означува 25 до 30 работни часови на студентот.
Кредитите во ЕКТС единствено можат да се добијат по успешно комплетирање на потребната работа и задачи, како и соодветното оценување на постигнатите образовни цели. Образовните цели се комплет на компетенции кои покажуваат што студентот треба да знае, разбере или да биде во можност да направи по комплетирање на процесот на учење.
Студентската ангажираност во ЕКТС се состои од времето потребно за комплетирање на сите планирани образовни активности, како што се: присуство на предавања и вежби, семинари, независно и самостојно учење, спремање на проекти, пишување на домашни работи, есеи, семестрални трудови, испити и слично.
Кредитите се доделуваат на сите образовни компоненти на студиската програма (модули, курсеви, практична работа, работа на дисертација) и го рефлектираат квантитетот на работата која секоја компонента бара за да се постигнат нивните специфични или образовни цели во однос на целосниот квантитет на работа потребна за успешно завршување на целата студиска година.
Студентот во текот на следењето на предметот може да освои вкупно 100 поени. Бројот на освоените поени ја определува конечната оценка. Попрегледно ова може да се претстави на следниот начин:
од 51-60 поени - 6
од 61-70 поени - 7
од 71-80 поени - 8
од 81-90 поени - 9
од 91-100 поени-10
или:
-редовна посетеност: 0-20 поени
-колоквиуми: 0-60 поени
-други активности: 0-20 поени
Би ги замолила поискусните форумџии да споделат искуства со ЕКТС, дали добро функционира кај нас и слично.
Очигледно го имаш најдено текстов од некаде и постирано, слабо дека знаеш како е во пректика овој систем. Првин не е шестка од 51 поен, туку од 61 па натака, нема поени за присуство, барем кај нас на правен, а што е полошо ако не си присутен на 51% од предавањата немаш право да го полагас испитот. И поениве горе врска си немаат со оценувањето. На двата колоквиуми може да се добијат најмногу 70 поени, на есеј уште 20, и од активност на предавањата ( не од присуство) уште 10 поени. Плус ако ти фали еден поен за 6-ка или повисока оценка, Професорот има дискреционо право да те испраша усно, и да ти додаде еден поен. Системот не е ништо посебно, замислен е студентите во најголем дел да може да поминат на испит, ама затоа потешко се вадат повисоки оценки, и автоматски повисок просек.
Значи тоа првото што го кажа комлетно се сложувам. Нема теоретска шанса од Фон да се полага предмет кај професор на Штулов, студент од Штулов да полага кај професор од универзитетот Кирил и Методиј, студент од Кирил и Методиј да полага кај професор од Европски Универзитет ... невозможно!!!Имплементацијата на кредит - трансферот системот во Македонија е чиста катастрофа (хаварија). Значи идејата на КТС во светот е да му се даде можност на студентот, ако смета дека некој професор од ФОН е многу подобар и подобро би му ја објаснил проблематиката од предметот за разлика од професорот на државниот факултетот каде што е запишан студентот, без проблеми, едноставно да може да го слуша тој професор и да полага кај него. Потоа ако сака друг предмет да го полага во Италија, исто така да нема проблем,. .. Кредит - трансфер системот му даде слобода на студентите во Европа за свој избор на професори и универзитети... А како стојат кај нас работите... КТС се имплементирал така што испитите се поделени на колоквиуми, има некое бонус бодови од присуство или од правеше на семинарска, .... Чиста катастрофа замислете кај нас студент на ЕУРМ, да посака да полага во скопскиот државен универзитет. Или студент на штуловиот да сака да полага некој испит на Економски во Прилеп, ... тоа едноставно е невозможно. Идејата на КТ системот, во Македонија не функционира.
А наспроти тоа, наместо да има поголема почит помеѓу студентите од различните универзитети, суетните професори успееа да ја префрлат и таа суета кај студентите, така да професорите успееја да ги убедат студентите дека тие професори се најдобри, дека нивните факултети се најаки, дека тие се генијалци, а другите универзитети имаат безвезе професори и неинтелегенти студенти, ... Значи уште на старт, онаа идеја за обединување и флексибилност која се практикиува во Европа, кај нас не само што не се практикува, туку се оди тотално во спротивна насока.
Порака од мене, кон идните студенти и постдипломци --> Ако сакате да научете одете на цел испит, затоа што тоа е учење на целината на предметот. полагањето преку колоквуиуми е чиста глупост, можеби полесно се поминува, но има поголем стрес со самото поагање 2-3 пати, како и се губи суштината на предметот. Го поминуваш, си се измачил, а ретко што ќе ти остане во глава...
Бидејќи не посетувал настава после 2001, ќе мора да ги слуша останатите предмети. Инаку испитите си се положени, секако.Sakam da prasam nesto vo vrska so kreditniot transfer sistem.
Se slucuva student vo 2001 da pocne da studira, vleguva vo nekolku kolokviumi i si zima ocenki. Zaradi losa finansiska sostojba, gi ostava studiite i zaminuva vo stranstvo.
E sega toj saka pak da studira, ama dali mu se vazat kreditite od 2001?
To est, dali on ima barem nesto od taa 2001?
Ke mozes da polagas sto sakas. Mozno e nekoi sesii da bidat opredeleni da moze da se polagaat predmeti samo od leten li od zimski semestar no voglavno ako go ima predmetot na lista na polaganje cim si go slusal imas pravo da go polagas.Вака сега, имам едно прашање на кое се чини не можам да добијам нормален одговор, едни викаат едно, други друго. Треба допрва да запишувам четврт семестар на факултет на кој што се работи со кредит трансфер систем, е сега прашањево ми е дали доколку не го запишам овој четврт семестар, јас во некои наредни испитни сесии ќе можам да полагам испити од предмети кои што веќе ги имам слушано, значи не да полагам предмети од четврт семестар, туку од трет, втор итн. Фала однапред, прашувам тука пошто не најдов посоодветна тема.
napatenite od praven doj na arhitektonski za potpis da se molis (61 bod) ti trebat so to avtomatski i 6 imas,a bodovite se sobiraat od predavanje 10, od vezbi, kolokviumi, a za povisoka mozes na ispit samo i to najmnogu 2 ocenki moze da nakacisабе среќа имате со тие 51 поен...ние како црнци на Правен, ем ги имаш положено двата колоквиуми, ем те бутка зашто немаш други бодови од активност или присуство...