Кредит трансфер систем

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
ЕКТС (Европски кредит трансфер систем) се базира на принципот според кој 60 кредити ја означуваат ангажираноста (workload) на редовниот студент во една академска година. Ангажираноста на еден редовен студент во студиските програми во Европа во повеќето случаи е еднаква на 1500-1800 часови во една академска година и тогаш еден кредит означува 25 до 30 работни часови на студентот.
Кредитите во ЕКТС единствено можат да се добијат по успешно комплетирање на потребната работа и задачи, како и соодветното оценување на постигнатите образовни цели. Образовните цели се комплет на компетенции кои покажуваат што студентот треба да знае, разбере или да биде во можност да направи по комплетирање на процесот на учење.
Студентската ангажираност во ЕКТС се состои од времето потребно за комплетирање на сите планирани образовни активности, како што се: присуство на предавања и вежби, семинари, независно и самостојно учење, спремање на проекти, пишување на домашни работи, есеи, семестрални трудови, испити и слично.
Кредитите се доделуваат на сите образовни компоненти на студиската програма (модули, курсеви, практична работа, работа на дисертација) и го рефлектираат квантитетот на работата која секоја компонента бара за да се постигнат нивните специфични или образовни цели во однос на целосниот квантитет на работа потребна за успешно завршување на целата студиска година.

Студентот во текот на следењето на предметот може да освои вкупно 100 поени. Бројот на освоените поени ја определува конечната оценка. Попрегледно ова може да се претстави на следниот начин:

од 51-60 поени - 6
од 61-70 поени - 7
од 71-80 поени - 8
од 81-90 поени - 9
од 91-100 поени-10

или:

-редовна посетеност: 0-20 поени
-колоквиуми: 0-60 поени
-други активности: 0-20 поени

Би ги замолила поискусните форумџии да споделат искуства со ЕКТС, дали добро функционира кај нас и слично.
 
SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71

Искрено скул, ради овој кредит трансфер систем, на државниов факултет правен изгубив 2 години, колку сум јас крив, толку и одговорниве за ова те ду*ат у здрав мозок, си ги ставаат и мењаваат, прописиве за кредитиве како нив им одговара- професорите и астистентите и слично, не знам мене не ми се допаѓа лично. наликува на средно,
Мораш да си редовен, да имаш активност, есеј семинарска- као домашна работа, колоквиум- писмена работа,
едонставно, немаш место за калкулации, но ете тоа е
овој е кредит трансфер систем е донесен со закон по болњнската декларација за мегународно и европско право , затоа сеа ке си тераме по овој систем на студирање:wink:
 
Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Би било океј ако целосно се имплементира, и важи подеднакво за сите предмети. Еве прва недела сум на факултет, и секој професор си има составено свој начин на делење поени, и дали еден двајца знаеа да ни објаснат што точно нуди ЕКТС.

И еден дел не ми е јасен...како може во група од 57 студенти (на другите предавања сме и над 100) да бидат бодувани по активност? И да сакаш да си активен, едвај до збор ќе доаѓаш и у старт се губат тие 10 поени.
 
N

NeMiRnA

Гостин
Па на факултет како економски каде што сум е невозможно да се спроведе иако стои дека го применуваат,од причина што во група сме по 400 души,а немаме електронски картички како на некои факултети со кои би го покажале нашето присуство на предавањата,апсурдно би било да почнат да не прозиваат сите еден по еден дали сме тука или пак да пуштат список зашто се свесни дека ќе има некои допишани,а кои не се присутни,така да од старт ни разјаснија дека тие 10 бода од присуство ги немам.А остатокот од поените те 90,не се од други активности туку по 30 од колоквиум,а имаме 3...така да...нема што да се коментира...како и да е треба да се учи.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Кај нас на правен факултет еве сега сум 3 година иначе прва генерација по новиот кредит трансфер систем кај нас 6 се добива со освоени 61 поен а не со 51 како што пишува горе и која е логиката ние сме 120 студенти во една група и сите да сме биле активни тоа нема шанси и се губат многу поени така.Поздрав
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Би било океј ако целосно се имплементира, и важи подеднакво за сите предмети. Еве прва недела сум на факултет, и секој професор си има составено свој начин на делење поени, и дали еден двајца знаеа да ни објаснат што точно нуди ЕКТС.

И еден дел не ми е јасен...како може во група од 57 студенти (на другите предавања сме и над 100) да бидат бодувани по активност? И да сакаш да си активен, едвај до збор ќе доаѓаш и у старт се губат тие 10 поени.
Обично активноста ја додаваат тук така, како ќе им текне, зависно од факултетот пошто ни професорите не се запознаени со новиот систем. Активноста исто така ја ставаат во изработените есие, семинарски, стручен труд за кои ако сакаш поголема оценка ќе мора уште во првите недели на октомври да отидеш кај професорот и да си земеш тема. Исто така активноста ја гледаат и по презентирањето на предавањата, значи идеш кај професорот земаш лекција и ја раскажуваш пред сите, тоа обично носи повеќе поени и гледај да те запише дека си презентирала:wink: Уште не се запознаени, им треба време на нив ама пак на крај бодуваат по некое си нивно правило.

Па на факултет како економски каде што сум е невозможно да се спроведе иако стои дека го применуваат,од причина што во група сме по 400 души,а немаме електронски картички како на некои факултети со кои би го покажале нашето присуство на предавањата,апсурдно би било да почнат да не прозиваат сите еден по еден дали сме тука или пак да пуштат список зашто се свесни дека ќе има некои допишани,а кои не се присутни,така да од старт ни разјаснија дека тие 10 бода од присуство ги немам.А остатокот од поените те 90,не се од други активности туку по 30 од колоквиум,а имаме 3...така да...нема што да се коментира...како и да е треба да се учи.
Хмм мислиш дека нема да пуштат список? Тоа заборавив и на Скул да и кажам. Пуштаат список на економски и само заради тие списоци одевме и понекогаш кога е мала групата или кога професорот е фрик ги чита или брои,пошто можеш да запишеш и некоја другарка која не е присутна нормално. ЕКТС е направен за помали групи а овие на економски врска немаат како да го спроведат, од мое искуство ти велам. Која година си? Гледај да презентираш тоа многу ценат, пошто они си седат, зборат на мобилен а ти место нив предаваш.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
ЕКТС единствено е применет на Правен факултет (државниот). На приватните кај што студирам јас (Европски универзитет) применет е на сите факултет и одлично функционира. Добра страна е ако направиш кикс на колоквиум можеш да покриеш со други активности, има школски систем на учење, нонстоп си активен со предавањата, нема кампањско учење...но лоша страна е што мора да имаш 60% поени од секој колоквиум за да го поминеш, има 3 колоквиуми, ако паднеш на трети или втори идеш дирекно на испит, што не е случај на многу универзитети (каде се доволни и 40%, имаат по 2 колоквиуми и слично).
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Кај нас, на штул добро функционира овој систем. Целта на овој систем е да има се поголмо учество, поголема активност од страна на студентите. Се бара од студентите редовност на час и тоа носи 10поени, семинарска (зависи кај кој профосор) може да носи од 5 до 20 поени (семинарските треба да се бранат инаку нема поени), есеј-10 поени (но зависи од професорот) и 60поени се од двата колоквиуми. Ние ваму го полагаме предметот на два колоквиуми, ако паднеш т.с. ако немаш доволно поени од двата колоквиуми и од активностите тогаш ке го полагаш во септември. А и поените кај нас за 6ка почнуваат од 60 па нагоре, не од 50.
А за редовноста, ние сме помала група, околу 50студенти а на вежби по 25 во група и за да бележат редовност професорите читаат кој е тука или пак пуштаат список.
 
vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
ЕКТС единствено е применет на Правен факултет (државниот).
Грешка си,применет е и на машинскиот факултет ама не би рекол дека добро функционира,а тоа кој колку е задоволен тоа е друго!
Мора да си редовен на предавања и вежби,лабораториски вежби,по 2 колоквиуми од предмет(плус еден поправен колоквиум кој служи ако кикснеш еден да го преполагаш пак),секој професор си има различна математика на бодување која понекогаш ме буни,а убаво беше нагласено дека 51+ ти е шеска па надаље
Е сега незнам како е на другите факултети,но кај мене нема квадрат на година и бркање на услов туку имаш квадрат на предмет,значи ако предметот не го положиш во дадена сесија или преку колоквиуми наредната година го презапишуваш и пак од почеток на предавања вежби и сл т.е борба за потпис а за тој луксуз се плаќа 20 евра.
Доколку и после тоа не го положиш го презапишуваш пак а за овој луксуз плаќаш 50 евра,е после ова незнам како иде прв пат годинава платив 50 евра за предмет(математика 3),недај боже да дознаам што е понатаму!
А секој предмет од претходната година си влече друг предмет од наредната година,на пример ако немаш положено Математика 1 неможеш наредна година или семестар да запишеш Математика 2 и сл. што значи хендикеп и таложење на испити а и некоја година плус од студирањето а и донекаде е плус си запознаваш нови и нови другарчиња од новите студенти :pos: јас ги имам за извоз :pos:
 
STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
И јас сум на машински и сметам дека е добро имплементиран кредит трансфер системот.

Предности
- нема квадрирање година
- имаме по 50- тина прашања кои ни ги дава проферосот за колоквиум а не по цели книги да учиме
- кај нас на машински пологаме по еден колоквиум во една недела
- присутноста и домашните носат по 1 или две оцени плус

Мани
- Помалку испитни рокови
- Колку предмети не си положил толку ги плакаш и презаписуваш наредната година на сметка на предвидените за новата година и така заостануваш
- Услови за запишување предмети( потпис и оцени од предмети од претходните години)
 
бато ова болдираново се дешава само у прва кога сите предмети ти се наредени под конец е веќе од трет семестар почнуваат маките и верувај се полагаат и по три колоквиуми во недела,е сега незнам до кај си стигнат ти и дали си ги осетил овие „убавини“ :pos:но секако има и такви на кои се им иде како подмачкано па не им се случуваат сите овие „убавини“ :pos:
 
La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Leeej se razocarav od ovoj EKTS sistem... Fakticki osven neli onie standard 35 za test drugive krediti profesorive kako sakaat gi davaat be... Edniot so prezentiranje, drugiov so odgovaranje na cas, edniot samo so esej, drugiot i so esej i so prasanja... NIKAKO... Neznam zosto ama mislam deka namesto da se uprosti, olesni, ova samo gi napravilop rabotive poteski i polosi :S
Da ucis, da bubas, da tupis glava na sekoe predavanje, pa uste i da pravis seminarski i na kraj koga ce vidis ti zaminala mladosta :pos2:
Mnogu sum pesimisticki nekako nastroena kon ovoj sistem (inace na praven sum)
 
vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
еспањола песимист уште од сам старт па немој вака кај ти се наредни години поминати на факултет што би била тогаш :pos:
 
La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
еспањола песимист уште од сам старт па немој вака кај ти се наредни години поминати на факултет што би била тогаш :pos:
e i jas si vikam toa... ama ednostavno nemozam podrugo... ne sum duri pocnata celosno a vekje vakvo mislenje iz a ova a i opsto za fakultetot :(
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Малце и јас сум збунета и не го разбирам нешто многу многу системот и иако изгледа едноставно, па и не е баш така.
Ама добро, сепак,веројатно ми треба време да се навикнам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom