- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Многу често во некои држави кога во одреден спорт ќе се осети појава на барем еден вонсериски талент, државата силно вложува да направи национален спорт кој ќе го брани и прикажува достоинството и спортските дострели на една нација. Така пред 30 години кога се појави Никос Галис (па и Јанакис) Грција која претходно беше кошаркарски безначајна имаше долги години силни вложувања што потоа се до ден денес се исплаќа екипно и репрезентативно. Вложуваа и вложуваа со години се додека не дојдоа првите успеси. Потоа работите самите се движат.
Кога се појави Арвидас Сабонис истото го сторија Литванците кои од тогаш наваму се кошаркарска велесила.
За жал кај нас во одговорните кругови таков осет немаше и ги пропуштивме Кире Лазаров како и генерацијата на Антиќ и Гечевски, како и претходната на Петар Наумовски и Врбица Стефанов.
Без поширок состав на квалитетни играчи кои можат да се заменуваат од клупа да не очекуваме ништо повеќе од квалификација на завршните турнири.