Кој филм/серијал е подобар и зошто? A Quiet Place v. Bird Box

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
И јас гласам за 7 психопати. Кул би бил зборот за овој филм.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
InBruges

Лично еден од најомилените филмови ако не и најомилен.Пред се поради како што спомна еден член погоре магијата,атмосферата,необичните ликови и поради одличниот посебен несекојдневен црн хумор кој го има во филмот.Едноставно masterpiece од приказна до глумата на Колин Фарел,Брендан Глисон и Волдеморт.Сум го гледал многупати и сигурен сум дека пак ќе го гледам,посебно во зимскиот период.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Во чест на мојот нов аватар



:pos:


И вот, ај преброј, да ставаме нови филмови.

Честито аватар. Среќа Роквел има зафатена година, ќе го гледаме доста.
Пребројав пред некој ден, Seven Psychopats тепаше. Му се стрвам пак да го гледам некој ден, го имам на лаптоп. :sneaky:

Слободно ставај предлози, јас се мислев некој серијал да ставиме во борба, Star Wars vs. Lord of the Rings рецимо.
Ама секогаш се предомислувам, мислејќи дека е најретардираната идеја евр.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Слободно ставај предлози, јас се мислев некој серијал да ставиме во борба, Star Wars vs. Lord of the Rings рецимо.
Ама секогаш се предомислувам, мислејќи дека е најретардираната идеја евр.
Не, ти кога реши да го браниш OGF беше најретардираната идеја евр. На второ место е Наполеон кога ја нападна Русија, на пример.

На темава сум воздржан ваљда, ко Бене. Во Бриж ми е појако филмче како целина ама на 7 психопати се дупнав од смеење. Добар ремет удрија на клишето во Холивуд и Кристофер Валкен си имаше свои препознатливи моменти.

Туку оф-топик: њот, кога ќе биде таа темата со гласањето како во Музика?
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Предлог за на тапет: Alien vs Aliens. Имам да искажам бајаги фрустрации за Камерон.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
The Ilusionist vs. Prestige
The Pursuit of Happiness Vs. Seven Pounds
Million Dollar Baby vs Cinderella Man
Italian Job vs Oceans 11
I, Robot vs. Surrogates
Goodfellas vs. Godfather :vozbud:
Buried vs. 127 Hours


Победникот е Seven Psychopaths vs. In Bruges, иако не е нешто што би ми одземало сон - сепак закон филмче - али очекував повеќе вкус, барем од еден Плах да имате.

Туку оф-топик: њот, кога ќе биде таа темата со гласањето како во Музика?
Незнам Ио, се откажав од идејата некако, колку и да е добра пример некоја комедија, секогаш во дуел со култна драма ќе губи. И некако се губи фер дуелот.
Ај ќе пробам да склопам темава, па ќе видиме крајниот резултат.. сепак треба многу субјективност, и нефер ограничувања, оти сепак неможе 10 мјузикли да влезат а и само 10 трилери.
Ако одиме прво со жанрови, пред директни дуели.


Предлог за на тапет: Alien vs Aliens. Имам да искажам бајаги фрустрации за Камерон.

Aliens 3 пак мене ми беше најлош. :icon_lol: Еве, ќе споредиме серијал vs. серијал, за промена.

Bourne
The Bourne Identity (2002)​
The Bourne Supremacy (2004)​
The Bourne Ultimatum (2007)​
vs​
Bond 007
Casino Royale (2006)​
Quantum of Solace (2008)​
Skyfall (2012)​
Агенти, гаџети, акција.. во кои филмови повеќе уживавте? Bourne Legacy го скокнав затоа што е, well, без Matt Damon, оти ако требаше цел серијал, тогаш од Бонд требаше да опфатам многу, многу повеќе. Затоа турив малку фокус. Daniel Creg мислам дека беше достоен наследник на титлето Бонд, но сепак целиот серијал се сврте кон сериозност и потемна нијанса, па лично, до Скајфол неможев да го свикнам. Иако одлични филмови, Бонд претставуваше забава и гаџети, и акцентот цело време беше врз тоа. Секако, и апсурдните негативци. Океј, Бардем беше во духот на старите Бонд филмови, но сепак..​
Од друга страна, никогаш не сум го сакал многу Борн, иако меѓу друштво важи како култен акционен филм/серијал. А дури испаѓаа, јас имав „попаметна“ работа одошто да гледам глупи акциони блокбастери. Но сум грешел, кога им седнав сериозно и маратонски, доста ме задоволија. Во споредба со Бонд, имаа појака страна, приказната. А и Борн беше доволно кул, како Бонд, претставен. Што и не беше така лош серијалот. Во Борн имаме повеќе реализам, наспроти Бонд, кој очајно сака да побегне од тоа со сериозноста, сепак акцијата останува во духот на невозможноста понекогаш.​
Да не го тупам, за кој гласате? :) Поквалитетната продукција на Бонд или приказната на Борн. Еве, јас за Борн, за да глумам адвокат на ѓаволот.​
 
G

grande-juve

Гостин
Борн дефинитивно, до даска ми е погодена триологијата... приказна плус акција - добитна комбинација:D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Очекувам Борн да победи,a гласам за 007.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Очекувам Борн да победи,a гласам за 007.
Бонд, Џејмс Бонд.

Пишете и зошто де, не се срамувајте.. да не станеме Играчница.. Ио за Обливион се објасни зошто 8-ка, вие тука.. срам ве бие..
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
На крајот на краиштата се се сведува на лична преференца. Секој си има свој вкус.
Зошто Бонд а не Борн ? Затоа што Бонд филмовите ми се допаѓаат повеќе од филмовите за Борн.

А инаку од филмовите за Борн најмногу ми се допаѓа тој од 70тите или кога и да е, еден ТВ филм во два дела што е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom