Не знам, не можам да си објаснам, ама толку се плашам... Имам пишано и на друга тема, дека навечер на пример кога ќе треба да заклучам врата и угасам светло, си палам првин светло кај мене у соба, ја оставам вратата отворена, одам праам што праам, се враќам СО ТРЧАЊЕ, легнувам и гасам светло. Не знам, многу ми е страв, се мислам дека има некој позади, дека ќе ми искочи. Или, на пример во веце (не мора да значи само навечер) кога мијам лице над умивалник (дека иам големо огледало над него и нон стоп се гледам за време на процесот), па кога треба да ги затворам очите за да се измијам убаво брзам највише што можам за да не ми дојде некој од позади. И иам слушнато дека вампири не се гледаат на огледало, па затоа повремено се вртам позади за да видам да не има некој да ме демне. Или на плафон.
Ми се има десено милион пати кога ќе легнам, ќе угасам светло, ќе заспијам онака кратко, може само некоја минутка или помалце, и ќе се штрекнам, не знам од што. Вчера, кога ми се деси тоа, кога се штрекнав, како да ја видов сестра ми облечена во бело како стои пред мене ама како полека се освестував сфатив дека тоа беше само вратата во позадина.
Пред некое време, (иаме прозор во дневна, што стои отворен навечер за да се луфтира, а од прозорот се излегува на тераса, не буквално) и не можев да заспијам, многу ми беше страв, не знам зашто. И после некое време, касно навечер, накај 3-4 слушав некои чекори во дневна, нешто тропаше, шушкаше, како да пишуваше. Се плашев да мрднам за да не ме слушне. Се препотив. Иако, сабајлето кога станав стравот се покажа како неоснован, зашто испадна дека сето тоа го направила комшиската мачка, ама сепак...
Некогаш иам проблеми со спиење од страв. Ми се има десено неколку пати да чекам да се раздени за да заспијам. И тоа на пример ќе легнам во 1, 2 и до сабајле до 7-8 чекам за да заспијам. А цела ноќ ми се спие ми се плаче, а се тресам во кревет.
Не знам што не е во ред со мене.