Јас се плашам од темнина.
Имам останато во сеќавање некои моменти од 2001.
Живеам во мешана област. Всушност, некаков измислен фронт беше мојава населба.
Тој период, ноќно време, секакви фацки се шетаа, фантоми
И од двете страни.
Ама јас тогаш имав 10 години, и бев постојано преплашена. Онака.. ноќ, тишина.... шушкање.
Не спиев ноќе, седев со вклучено светло и наслушнував, цело време.
Од тогаш ми остана во навика да не спијам ноќе, а и кога спијам, да не бидам во темница.
Исто ми остана да се вртам постојано на улица, и не можам да одам ако има некој позади мене. Застанувам и чекам да помине.
Ноќно време излегувам сама, единствено ако е со мене и моето куче. Со него ми е онака, подобро, зошто и најмалиот шум (кој јас не го слушам) тој го слуша и знам дека има нешто.
Ама дури ни со него не се осмелувам да одам низ сосема темни места.
Исто така, бидејќи во целава приказна има и шума, на 50м од мојата куќа, јас се плашам од шума. Не се плашам ако не сум сама, ама пак... не ми е баш пријатно кога сум ,,навлезена,, во шумата. Иако практично до 10 година растев во неа, секојдневно, летно време жмурка, зимно санкање, од тогаш (иако е сега сосема безбедно, има повеќе полиција од шумски животинки) јас доаѓам само до периферијата на шумата, или единствено низ главните патеки низ неа, но никако сама, барем дечко ми да е со мене.