Повеќето ќе гласаат за Чех, затоа шо од Интер гледале само две утакмици, и тоа тие две, против Баерн. Исто, повеќето тука гледаат англиски, а Телма уште на телевизор ја немаат меморирано. Не викам дека Цезар е подобар, туку само кажувам.
Искрено, јас од Челзи ова сезона сум гледал сила 5-6 утакмици и тоа вака на компјутер и ќе се свртам ко ќе имат шанса/гол (освем со Манчестер во ЛШ и пред тоа ко ја свртиа 2-1 во Премиер) и неможам да го оценам Чех од толку како брани ова сезона.
Цезар е најголем "виновник" (заедно со Ето) затоа што Интер е сеуште во трка за скудетото... Или беше. Во еден од најважниот момент за скудетото, против Палермо, фати пенал на 1-2. И самите знаете шо значи тоа за играчите колку мотивација им дава. Гарантирам дека ќе изгубивме таа утакмица ако не го фатеше пеналот. Истата утакмица на 3-2 за Интер, имаше перфектна одбрана во 88-89минута, како само ја фати таа топка, само тој знае. Со Бреша исто фати пенал во 80 и некоја минута на резултат 1-1... Со Милан последнава утамкица, да не беше тој (и да знаеше малце Робињо), абе 6-7 не ни бегаа да изгубиме...
И викате лани бил во подобра форма Цезар отколку ова. Yeah, right. Лани заради него ќе ја изгубевме на крајот титулата поради грешките со Рома и Фиорентина, заради него Рома дојдоа пред Интер и само чудо т.е. чудо наречено Пацини, го спаси од тој "срам" Цезар и се да му се заборави. Ова сезона не памтам да има некој поголем кикс, освем тие со Баерн. Ево нека кажат другите интераши дали има, бидејќи мене искрено не ми текнува.
Цезар никогаш не бил во ранкот со најдобрите голмани од поново време во своите најдобри сезони како Кан, Буфон, Касиљас, Ван Дер Сар и според мене, тешко дека ќе го достигне тоа шо го направиле овие четворица. Додека Чех, слободно можеше да се каже дека беше во ова "елита" се дури од повредата.
Се на се, според мене Цезар > Чех моментално.